Пречкеста Спирална Галаксија

Пречкеста спирална галаксија — спирална галаксија со средишна структура во облик на пречка составена од ѕвезди.

Пречките се среќаваат кај околу две третини од спиралните галаксии и влијаат на движењето на ѕвездите и меѓуѕвездениот гас во галаксијата, а може да ги засегаат и спиралните краци.

Пречкеста Спирална Галаксија
Класификација на галаксиите според Хабл
Пречкеста Спирална Галаксија
Галаксијата NGC 1300
Пречкеста Спирална Галаксија
Галаксијата Вајар

Истакнатиот американски астроном Едвин Хабл ги класификувал спиралните галаксии од овој вид како SB (spiral, barred = спирални, пречести) во неговата Хаблова низа и ги сместил во три поткатегории зависно од отвореноста на спиралните краци. Оние означени со SBa имаат густо врзани краци, SBb се средни, а SBc имаат најлабави краци. Подоцна е воведена четвртата поткатегорија SBm за означување на пречкестите спирални галаксии со извесен степен на неправилност, како што се оние во Магелановите Облаци. Некои други видови галаксии според Хабловата класификација се: спиралната, елиптичната и неправилната галаксија.

Набљудувањата со радиотелескопи веќе подолг период укажуваат на тоа дека Млечниот Пат е пречкеста галаксија, а инфрацрвените набљудувања со вселенскиот телескоп „Спицер“ во 2005 г. ги поддржале овие претходно насодбрани доказни податоци.

Пречки

Пречкестите спирални галаксии се најзастапени, со дури две третини од сите спирални галаксии. Тековната хипотеза вели дека пречката делува како своевидно ѕвездено мрестилиште, напојувајќи го настанокот на ѕвездите во нивните средишта. Се смета дека пречката е механизам кој го спроведува гасот од спиралните краци навнатре по пат на орбитална резонанција, и со тоа создавајќи нови ѕвезди. Овој процес воедно го објаснува фактот што многу пречкести спирални галаксии имаат активни галактички јадра, како оние што се забележуваат во галаксијата Јужна Вртимушка.

Се смета дека пречката настанува со делувањето на густински бран кој зрачи од средиштето на галаксијата и ги преобликува орбитите на внатрешните ѕвезди. Овој ефект потоа преоѓа и на понадворешните ѕвезди, создавајќи самоодржлива пречкеста структура.

Научниците сметаат дека пречката е привремена појава во развојот на галаксијата, и дека пречката постепено се губви, преобразувајќи ја галаксијата од пречкеста спирална во обична спирална галаксија. Кога ќе надмине извесна насобрана маса, пречката веќе не може да ја додржи и почнува да се распаѓа. Галаксиите со голема маса во средиштето имаат кратки и дебели пречки. Се смета дека развојниот циклус на една спирална галаксија од непречкеста во пречкеста трае околу милијарда години.

Неодамнешните истражувања потврдуваат дека присуството на пречка во галаксијата укажува на нејзината зрелост, односно крај на нејзиниот развој или образување. Научниот центар „Спицер“ при Калифорнискиот технолошки институт утврдил дека само 20% од спиралните галаксии во далечното минато имале пречки, во споредба со речиси 70% кај денешните.

Варијанти


Пример Вид Слика Информации Белешки
(Де Вокул.)
SB0- SB0- е вид на леќеста галаксија
SB0 SB0 е вид на леќеста галаксија
SB0+ SB0+ е вид на леќеста галаксија
SB0/a SB0/a може да се смета и за вид на пречкеста леќеста галаксија
NGC 4314 SBa Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(rs)a
NGC 4921 SBab Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(rs)ab
Месје 95 SBb Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(r)b
NGC 3953 SBbc Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(r)bc
NGC 1073 SBc впрочем SB(rs)c
Месје 108 SBcd Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(s)cd
NGC 2903 SBd Пречкеста Спирална Галаксија  впрочем SB(s)d
NGC 5398 SBdm Пречкеста Спирална Галаксија  SBdm може да се смета и за вид на Магеланова спирална галаксија впрочем SB(rs)dm
NGC 55 SBm Пречкеста Спирална Галаксија  SBm е вид на Магеланова спирална галаксија (Sm) впрочем SB(s)m

Примери

Име Слика Вид Соѕвездие
M58 Пречкеста Спирална Галаксија  SBc Девица
M91 Пречкеста Спирална Галаксија  SBb Береникина Коса
M95 Пречкеста Спирална Галаксија  SBb Лав
M109 Пречкеста Спирална Галаксија  SBb Голема Мечка
NGC 1300 Пречкеста Спирална Галаксија  SBbc Еридан
NGC 1365 Пречкеста Спирална Галаксија  SBc Печка
NGC 2217 Пречкеста Спирална Галаксија  SBa Големо Куче
Магеланови Облаци Пречкеста Спирална Галаксија  SBm Златна Рипка, Тукан

Поврзано

Пречкеста Спирална Галаксија 
Галаксијата NGC 2146 со свиен правлив спирален крак

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Пречкеста Спирална Галаксија ПречкиПречкеста Спирална Галаксија ВаријантиПречкеста Спирална Галаксија ПримериПречкеста Спирална Галаксија ПоврзаноПречкеста Спирална Галаксија НаводиПречкеста Спирална Галаксија Надворешни врскиПречкеста Спирална ГалаксијаЅвездаСпирален кракСпирална галаксија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

IP-адресаВтора влада на Бранко ЦрвенковскиАндреј ПетровМакедонски претседателски избори, 2014Избирачко местоРак на дојкаБолести и аномалии на очитеЧорбаџи ТеодосМакедонија (регион)Сојузни држави на САДКронова болестЈоаким КрчовскиГлаголНаселениеНикола ГруевскиЛокални избори во Македонија (1996)ПочваЛокални избори во Македонија (2005)ВикипедијаМејозаКиро ГлигоровСписок на главни градови во светотБорислав КрмовНационален парк ГаличицаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаАвантурите на ПинокиоВилма ТрајковскаДемократска унија за интеграцијаЗборник на МиладиновциПопис на населението во Македонија (2021)МозокОпштина ОхридДвижење БесаОпштина Крива ПаланкаТурцијаРибиМаја ИвановаРусијаСвети Климент ОхридскиРепублика МакедонијаРак на желудникПридавки во македонскиот јазикГригор ПрличевГрад Скопјеgr7cmВикипедија на македонски јазикКандидАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЕволуција на човекотТамбура (македонска)Воен конфликт во Македонија (2001)Хепатит ЦВенко ФилипчеКристина АгилераМакедонијаМакедонски претседателски избори, 2019Религија во МакедонијаФилип ПетровскиВМРО-ДПМНЕОпштина Ѓорче ПетровЖелезоАлжирАнтичка МакедонијаБојан ЈовановскиДојранско ЕзероДонтов методЧовекМакедонски претседателски избори (2019)ЖолчкаМали сипанициМакедонски парламентарни избори (2006)Македонија во Втората светска војнаВанчо НиколескиМенингитисФјодор Михајлович ДостоевскиГ’зим ОстрениМонокотиледони🡆 More