Tor

Tor (кратенка за The Onion Router) е систем кој има за цел да овозможи анонимност на интернет.

Клиентскиот софтвер Tor го насочува интернет-сообраќајот преку светска доброволна мрежа од опслужувачи за да се скрие локацијата на корисникот или употребата од некој што врши надзор над мрежата или анализа на сообраќајот. Користењето на Tor уште повеќе го отежнува следењето на активности преку интернет, вклучувајќи ги и „посетите на мрежни места, постови на интернет, инстант-пораки и други форми на комуникација“ до корисникот и има за цел да ги заштити личната слобода и приватноста на корисниците, како и способноста да водат доверлива дејност чувајќи ги од надзор нивните активности на интернет.

Tor
ПрограмериThe Tor Project
Првично издание20 септември 2002 (2002-09-20)
Прог. јазикC
Опер. системCross-platform
ВидOnion routing, Anonymity
ЛиценцаBSD license
Мреж. местоtorproject.org

„Onion Routing“ (насочување во слоеви) се однесува на слоевитата природа на сервисот за шифрирање: првобитните податоци се шифрираат и ре-шифрираат неколкупати, а потоа се испраќаат преку сукцесивни Tor релеи, од кои секој дешифрира по еден „слој“ на енкрипција пред податоците да се пренесат до следниот релеј и, во крајна линија, до неговото одредиште. Ова ја намалува можноста оригиналните податоци да се дешифрираат или разберат при нивното пренесување.

Клиентот Tor е слободен софтвер и користењето на мрежата на Tor е бесплатно.

Од 2021 година, мрежно место го обвинува ТОР дека не е веќе безбеден, тврдејќи дека владите можат да го скршат.

Историја

Во март 2011 година, Фондацијата Слободен Софтвер на проектот Tor му ја додели Наградата за 2010 за проекти од општествен интерес врз основа на следново: „Користејќи слободен софтвер, Tor им овозможи на околу 36 милиони луѓе од целиот свет да ја искусат слободата на пристап и изразување на интернет, имајќи контрола врз својата приватност и анонимност. Неговата мрежа се покажа како клучна за дисидентските движења во Иран и неодамна во Египет“.

Начин на функционирање

Tor има за цел да ги сокрие идентитетите на неговите корисници и нивната активност на интернет од надзор и анализа на сообраќајот со одвојување на идентификацијата и насочувањето. Тоа подразбира насочување во слоеви, со кое комуникациите се шифрираат и пренасочуваат по случаен избор преку мрежата на релеи со која управуваат волонтери од целиот свет. Овие „кромидски“ насочувачи користат шифрирање со повеќе слоеви (оттука и метафората со кромидот) за да се обезбеди совршена тајност при проследувањето помеѓу релеите, на тој начин обезбедувајќи им на корисниците анонимност на нивната мрежна локација. Таа анонимност го опфаќа и вдомувањето содржината отпорна на цензура преку функцијата за анонимна скриена услуга. Покрај тоа, со одржување на тајноста на некои од влезните релеи („bridge“ релеи), корисниците можат да ја избегнат цензурата на интернет која се потпира врз блокирање на јавните Tor релеи.

Бидејќи интернет-адресите на испраќачот и на примачот не се во cleartext во кој било дел од патот, некој што прислушува во која било точка по должината на комуникацискиот канал, истите не може директно да ги идентификува. Исто така, на примачот му се чини дека последниот Tor јазол (излезниот јазол) е всушност оној од кој потекнува комуникацијата, наместо од испраќачот.

Локализација на македонски јазик

Преводот на македонски јазик беше направен во склоп на проектот: Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност - УДБА-МК од страна на водачите на проектот Лилјана Ацковска и Жарко Ѓуров.

На 22 октомври 2019 година излезе финалното стабилно издание на верзија 9 на прелистувачот Tor и инсталационите податотеки на македонски јазик оттогаш се достапни за преземање.

Македонија е прва држава од Балканот која го има преведено Tor, а 31. во светот.

Правни аспекти

Според CNET, функцијата на Tor за анонимност e „поддржана од фондацијата Electronic Frontier Foundation и други групи за граѓански слободи, како метод за информаторите и работниците за човекови права да комуницираат со новинарите“. Системите за анонимизирање како Tor, понекогаш се користат за работи кои се, или можат да бидат, нелегални во некои земји, на пример, Тор може да се користи за да се добие пристап до цензурирани информации, да се организираат политички активности, или да се заобиколат законите против критикување на шефови на држави. Tor, исто така, може да се користи за анонимно клеветење, неовластено протекување на чувствителни информации, како и за кршење на авторските права, за дистрибуција на нелегална сексуална содржина, за продажба на контролирани супстанции, перење пари , измами со кредитни картички и кражба на идентитет; црниот пазар кој ја експлоатира инфраструктурата на Tor работи, барем делумно, во спрега со Bitcoin, а самиот Tor се користеше од страна на криминални групи, групи за хактивизам (како што е Anonymous) и полициски агенции за разни цели, понекогаш и истовремено.

Наводи

Литература

Дополнителна литература

Надворешни врски

Tags:

Tor ИсторијаTor Начин на функционирањеTor Локализација на македонски јазикTor Правни аспектиTor НаводиTor ЛитератураTor Дополнителна литератураTor Надворешни врскиTor

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СнегСоцијалдемократијаАнална фисураДаниел ДефоЗагрозен видМагарешки трнБорјан ЈовановскиИзраелПавел ШатевВиолета ТомовскаВиртуелна приватна мрежаДрачевоВласиГаличникПроцентВикиХијатална килаСловенска митологијаВооружена престрелка во Куманово (2015)Акутен бронхитисДимитар МиладиновЦер (село)ЕгипетЈеховини сведоциПартија за движење на Турците во МакедонијаБлаговештениеДебело цревоАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВитамин Б12Лазарова саботаАлијанса за АлбанцитеМуса ЏафериМарина ТуцаковиќСписок на македонски народни и староградски песниКатерина ТаневаГрузијаМакедонски парламентарни избори (2006)Список на македонски писателиОперетаМакедонска азбукаЦрн дробНервен системХороскопски знациДевојка од милион долариК-15ПретприемништвоДемократска партија на Турците на МакедонијаЦиститПоезијаИсус ХристосГерасим ТодоровАнархизамАлергиски дерматозиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаБразилГрад СкопјеНачини на давање на лековитеБорис СарафовБугарски возЕстрогенЧенто (населба)Општина ЦентарТурска кујнаМарија КириНовак ЃоковиќМакедонски ораМеѓународен ден на трудотПајак (пејач)Список на дипломатски претставништва во МакедонијаСузана СпасовскаПопис на населението во Македонија (2021)Специјално јавно обвинителствоОпштина ОхридСрбијаОпштина ЧаирГолеми и мали (роман)🡆 More