Јазик Сото

Сото (сесото или јужен сото) — банту-јазик што се говори претежно во ЈАР (еден од 11-те службени јазици) и Лесото, каде е национален јазик.

Ова е аглутинативен јазик што се служи со разни афикси, изведувања и флексија во постапката на зборообразба.

Сото
Sesotho
Изговор[sɪ̀sʊ́tʰʊ̀]
Застапен воЛесото, ЈАР
НародБасото
Говорницибарем 5 милиони  
Јазично семејство
Статус
Службен воЈазик Сото Лесото
Јазик Сото ЈАР
Регулативен органПанјужноафрикански јазичен одбор
Јазични кодови
ISO 639-1st
ISO 639-2sot
ISO 639-3sot
Linguasphere99-AUT-ee вклуч. варијанти 99-AUT-eea до 99-AUT-eee
Гатриев кодS.33
Јазикот сото
 лице  Мосото
 народ  Басото
 јазик  Сесото
 држава  Лесото

Класификација

Јазикот сото е јужен банту-јазик, од семејството на нигерконгоански јазици во рамките на сотоцванската гранка на Зона S (S.30). Најсродни јазици на сото се другите покрупни јазици од сотоцванската група: цвана (сецвана), северен сото (сесото са лебоа), кгалагади (шекгалагари) и лози (силози).

Сотоцванските јазици пак, се во блиско сродство со други јужни банту-јазици, како што се венда, цонга, тонга, и нгунските јазици (а можеби и со макуа во Танзанија и Мозамбик).

Географска распределба

Јазик Сото 
Географска распределба на сото во ЈАР: дел од населението што говорат сото во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%

Според пописот од 2001 г, сото во ЈАР го говорат барем 4 милиони луѓе како мајчин јазик (8% од населението). Ова е главен јазик во Лесото, каде има 1.493.000 говорници или 85% од населението (1993). Постојат уште барем 5 милиони јужноафриканци што го познаваат јазикот како втор или трет јазик (на пр. во сите населени места во и околу Јоханесбург, Совето и Чване).

Фонологија

Гласовниот систем на сото е необичен по многу нешта. Јазикот има исфрлени согласки, чкрапави согласки ресична трепетна согласка, релативно голем број на слеани согласки, нема предназализирани гласови, и има редок облик на хармонија според самогласната висина. Јазикот има вкупно 39 согласни и 9 самогласни фонеми.

Јазикот се одликува и со голем број на сложени гласовни преобразби, при што честопати се менуваат фоновите кај зборовите поради влијанијата од други (напати невидливи) гласови.

Граматика

Најзабележителни особености на сотската граматика се оние што ги дели со другите банту-јазици: родот кај именките и системите на слагање. Граматиката не прави разлика во полот на лицата, т.е. не врши измени во зависност од родот. Оваа особеност ја дели со другите јазици од групата.

Друга позната одлика на јазикот е неговата аглутинативна морфологија. Покрај ова, јазикот нема никакви падежи, што значи дека улогата на именката се укажува исклучиво со збороредот.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски


Tags:

Јазик Сото КласификацијаЈазик Сото Географска распределбаЈазик Сото ФонологијаЈазик Сото ГраматикаЈазик Сото ПоврзаноЈазик Сото НаводиЈазик Сото Надворешни врскиЈазик СотоЈАРАглутинативен јазикАфиксиБанту-јазициЛесотоНационален јазикСлужбени јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на грло на маткаВтора влада на Зоран ЗаевЗаушкиСвети ГеоргиГостиварМаргарет ТачерАна ФранкКандид27 априлШвајцаријаВМРО-ДПМНЕВлада на Димитар КовачевскиМакедонски КонцептШтитна жлездаКарлес ПуџдемонБескрајна приказнаМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаРисБисера Костадиновска-СтојчевскаДесет Божји заповедиНикола ПопоскиУкраинаБиљал КасамиЧир на желудникотВоен конфликт во Македонија (2001)КавадарциИнфективна мононуклеозаОпштина БитолаЦрвени крвни зрнцаХронична опструктивна белодробна болестАдријана АлачкиГоце ДелчевВтора влада на Никола ГруевскиНадреден знакФиброаденомКсенофобијаЏезАмди БајрамМојот звукЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеStaphylococcus aureusГрипОпштина Ѓорче ПетровЃорѓија СајкоскиМакедонски БродАлжирХипотироидизамРепублика КосовоКоле НеделковскиУставен суд на МакедонијаАлександар КирацовскиИлче СтојановскиРоднински односиЛокални избори во Македонија (2009)Ајфелова кулаИзбори во МакедонијаОпштини во МакедонијаХајди (роман)Општина КарпошВодолија (хороскопски знак)НепроштеноКрешник БектешиСписок на политички партии во МакедонијаЗијадин СелаИзборна единица 3ЕгипетРеферендум во Македонија (2004)Области во КазахстанКафеава мечкаГраѓанска опција за МакедонијаШизофренијаВанчо МихајловОпштина БутелСкорпија (хороскопски знак)Вила ВодноМавровоБраќа МиладиновциХоландија🡆 More