Сврзно Ткиво

Сврзното ткиво е животинско ткиво чијашто основна улога е потпора и заштита на органите.

Тоа исто така ги поврзува останатите клетки и ткива во организмот.

Сврзното ткиво е составено од три компоненти:

  1. Основна супстанција (матрица)
  2. Сврзни влакна и
  3. Сврзни клетки.

Основната супстанција функционира како молекуларно сито кое ја олеснува дифузијата на метаболитите помеѓу крвта и самото сврзно ткиво, а истовремено претставува и физичка бариера за продор на големи честички, како бактерии или други микроорганизми.

Сврзните влакна имаат потпорна улога, односно обезбедуваат потпора на сврзното ткиво. Тие формираат густи потпорни мрежи во кожата, стромата на паренхимските органи, ги прикрепуваат поединечните клетки во ткивото, мускулните клетки итн. Се разликуваат три типови на сврзни влакна:

  1. Колагени - изградени се од колаген, белковински полимер на тропоколагенот, чијашто структурна организација дава извонредна јачина и отпорност кон истегнување. Колагените влакна се присутни во сите типови на сврзно ткиво (освен во крвното). Се јавуваат во вид на дебели снопови и му даваат цврстина на ткивото
  2. Ретикуларни - тенки колагени нишки собрани во деликатни мрежи
  3. Еластични - лесно се растегнуваат и не се толку јаки како колагените влакна. Присутни се во повеќето фиброзни ткива и особено во ткивата кои бараат флексибилност. Составени се од белковината еластин.

Сврзните клетки можат да бидат постојано присутни во сврзното ткиво (перманентни), или, пак, слободни, привремено сместени во сврзното ткиво. Имаат релативна бројна застапеност и нивното присуство е варијабилно, во зависност од густината на фибриларната компонента на сврзното ткиво, локацијата, како и нивната функционална состојба. Тука спаѓаат: фибробласти, мезенхимални клетки, фиксирани макрофаги или хистоцити. Од привремените клетки се среќаваат: неутрофили, еозинофили, моноцити и лимфоцити кои доаѓаат од крвта и формираат т.н. емигрантска популација. Овие клетки учествуваат во имуниот одговор и воспалителните реакции. Фибробластите ги произведуваат колагените влакна, а мастоцитите се специјализирани за синтеза и складирање на липиди.

Типови на сврзно ткиво

Сврзно Ткиво 
Сврзни ткива - од лево на десно:
крв (еритроцити и др.), коска (ламели) и хијалина ‘рскавица.

Класификацијата на различни типови на сврзни ткива не е така јасна и остро разграничена. Се разликуваат неколку типови сврзни ткива, кои понатамошно можат исто така што се поделат:

  • Влакнесто сврзно ткиво (сврзно ткиво во потесна смисла):
    • Растресито сврзно ткиво
    • Густо (фиброзно) сврзно ткиво
      • Формирано
      • Неформирано
  • Сврзно ткиво со посебни својства:
  • Потпорно сврзно ткиво:

Tags:

ЖивотниКлеткаОрганОрганизамТкиво

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Крал МаркоСкржавецот (Плавт)Вилма ТрајковскаДенес над МакедонијаПелистерЦер (село)Горан МинчевГоце ДелчевДекамеронИсус ХристосСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаВасил ТупурковскиКаролина Ристова - АстерудСписок на градови во ГерманијаКоле НеделковскиАнемијаБекир ХалимиКамен мост (Скопје)Локални избори во Македонија (2009)Солунски атентатиВладо МисајловскиЖолчкаБРИКСБугаријаКостадин КостадиновЕдинствена МакедонијаПечалбариЌемане (македонско)ВодаЦрква „Св. Софија“ — ОхридТромбоцитопенијаМали сипанициРодина МакедонијаКрпен животДостоинство (политичка партија)Свети ГеоргиРомео и ЈулијаМакедонски претседателски избори, 1999Слуз-цедење во грлотоМакедонски ВласиАнтарктикМеѓународни празнициПолитика на МакедонијаБорис ТрајковскиДебарМуса ЏафериГлаголицаКоле ЧашулеДанте АлигиериФранцијаДневникот на Ана ФранкРимска култураГарванот (поема)Рак на грлоОпштина СтругаРеферендум во Македонија (2018)ПридавкаШтипПросветителствоОвулацијаОпштина СопиштеОхридБроеви во македонскиот јазикВлада на Талат ЏафериКрушевоДПАМакедонски месециНаполеон БонапартЛокални избори во Македонија (2021)Ѕвезда од КутлешЉубомир ФрчкоскиЈапонијаОпштина Демир ХисарДржавна изборна комисијаНина Атанасова-ШкрињариќЕгипетМакедонски јазик🡆 More