Целулит

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво.

Видлив е со голо око или со стискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок на масти, ослабено сврзно ткиво, пореметување во циркулацијата и размената на материите, пред сè од задржување на вода во ткивата.

Целулит
Целулит
Дупчестиот изглед на целулитот
СпецијалностЕндокринологија Уреди на Википодатоците

Појава

Појавата на целулит може да биде генетски условена, но на настанувањето на целулит влијаат и многу фактори :

  • Специфични физиолошки процеси поврзани со пубертетот,
  • Бременост и климактериум,
  • Хормонски пореметувања,
  • Згоеност,
  • Неправилна исхрана,
  • Пореметена функција на органите за варење на храната,
  • Недостаток на физички активности,
  • Пушење, алкохол и др.

Во почетната фаза целулитот не се приметува на прв поглед, туку само ако кожата се притисне меѓу прстите. Во следната фаза масните клетки формираат јасно видливи перничиња, а кожата станува помлитава. Во третата фаза кожата е потенка и понееластична и добива изглед на кората од портокал. Во поткожното ткиво има сè повеќе јазли, кои во завршната фаза стануваат потврди и болни на допир. Кожата потполно ги губи еластичноста и здравата боја.

Зошто настанува целулитот кај жените

За појава на целулит одговорно е поткожното масно ткиво кое жените го имаат 30% повеќе од мажите. На местата типични за појава на целулитот (стомакот, бутовите, долниот дел на грбот и др. ) се наоѓаат посебни видови на масни клетки, кои имаат улога да ги таложат мастите кои со никаква диета не се отстрануваат. Сврзното ткиво кај жените е послабо отколку кај мажите и жените го имаат 20-30% помалку отколку мажите. Откриено е дека жените кај кои се јавува целулит имаат послабо развиено сврзно ткиво отколку жените кај кои не се јавува. Кај мажите не се јавува целулит, што се препишува на заштитната улога на машкиот полов хормон тестостерон. Естрогенот (женскиот полов хормон) е одговорен за насобирањето на масно ткиво на типичните места за целулит и за задржувањето на течноста. Зголеменото и почесто внесување на естрогени при контрацепција или преку храна е причина што целулитот се јавува во помлада возраст.

Лекување

Лекувањето на целулитот подразбира отстранување на факторите кои се причина за негово настанување и разни видови на козметички третмани.

Антицелулитни третмани во козметичкиот салон

Во борбата против целулитот, посебно оној во критичен стадиум, голем придонес имаат козметичките третмани со помош на современите апарати. Во понудата на козметичките салони постојат низа на третмани како специфични масажи, лимфни дренажи (помагаат организмот да се ослободи од штетните материи), терапии со морски алги, ароматерапии, терапии со инфрацрвени зраци, електротерапии и терапии со ласер. Овие третмани го поттикнуваат метаболизмот, ја подобруваат циркулацијата, го помагаат излачувањето на штетните материи, ги разградуваат мастите, помагаат во регенерација на оштетеното ткиво и сл.

Наводи

Tags:

Целулит ПојаваЦелулит Зошто настанува целулитот кај женитеЦелулит ЛекувањеЦелулит НаводиЦелулит

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски АлбанциЉубиша ГеоргиевскиРевматоиден артритис‘Рбетен столбВелесПиринска МакедонијаБугарски возДржавни празници во БугаријаПрва балканска војнаГевгелијаСојуз на Ромите од МакедонијаМакедонски претседателски избори (2019)Рак на усна празнинаГрад СкопјеTrackBackГоран МинчевЉубомир ФрчкоскиСписок на македонски филмовиМаргарет ТачерХипертензијаСоцијалдемократијаСобрание на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 1999РимСветлинаАзот (област)Трета влада на Никола ГруевскиСтале ПоповЖелезнецГрипРак на белите дробовиМакедонски претседателски избори, 2004Македонски парламентарни избори (2014)Демократи (политичка партија)АмерикаОпштина Кисела ВодаОпштина ПласницаМакедонски претседателски избори (2009)Балкански рисБорис ТрајковскиРисто КрлеКавадарциОпштина БутелСузан АкбелгеМакедонски претседателски избори (1999)Морфологија на македонскиот јазикВлада на Оливер СпасовскиМакедонски парламентарни избори (2002)Божествена комедијаПенис (човек)КанцониеротПредмет (граматика)МочуриштеДеменцијаБлаже КонескиЈоаким КрчовскиО писменехМакедонски претседателски избори, 1994Список на држави и територии во ЕвропаСредоземно МореВанчо ШехтанскиЖелкиПетар Поп АрсовФиброаденомЅвезда од КутлешОксидационо-редукциона реакцијаКрпен животРадмила ШекеринскаОче нашБрадикардијаСпектрална бојаАкутен панкреатитПтициШахВодолија (хороскопски знак)ЈаболковинаСкорпија (хороскопски знак)🡆 More