Ризичен капитал (англиски: venture capital) претставува формални или неформални облици на финансирање на мали, брзорастечки, но ризични фирми од кои се очекува дека во иднина повеќекратно ќе ја зголемат вредноста на вложениот капитал.
Семејството на ризичен капитал го сочинуваат бизнис-ангелите, како неформален ризичен капитал, и официјалните ризични фондови, како формален ризичен капитал.
Бизнис-ангелите се дефинираат како „богати поединци кои инвестираат сопствени пари, заедно со време и експертиза, директно во компании кои не котираат на берза и со кои не се во семејни односи, а со надеж дека ќе остварат финансиска добивка“.
Најважни одлики на бизнис-ангелите како форма на финансирање на малите бизниси се следниве:
Економското значење на бизнис-ангелите во развиените земји (посебно во САД и Велика Британија, а во поново време и во земјите на ЕУ), е во нагорен тренд, главно поради неколку причини:
Официјалниот ризичен фонд, набљудувано од организациски аспект, го сочинуваат институционалните инвеститори, т.е. пензиските фондови, осигурителните фондови, богатите семејства, одделите за ризичен капитал при комерцијалните банки и сл. Тие делуваат како сопственици на средствата и лимитиран партнер, како и фирма на ризичен капитал која ги менаџира средствата што институционалните инвеститори привремено му ги отстапиле на официјалниот ризичен фонд, како генерален партнер.
Иако меѓу двете форми ризичен капитал постојат значајни разлики, може слободно да се каже дека генералните принципи на работење се слични:
Разликите меѓу формалниот и официјалниот ризичен капитал се следниве:
Во обичниот фонд за ризичен капитал главните партнери добиваат годишни исплати во износ од 3-7 % од капиталот вложен во фондот и 20% од чистата добивка од сите продадени активи при излегување од фондот, што е споредливо со исплатите во повеќето хеџ фондови. Поради тоа што во фондовите капиталот може да се потроши уште пред крајот на неговото постоење големите капиталисти кои работат со ризичен капитал ги вложуваат парите во неколку фондови истовремено, што на поголема фирма ѝ овозможува да ги задржи специјалистите на сите степени на развојот на фирмите и скоро постојано да функционира.
Малите фирми обично остваруваат процвет и трпат крах заедно со нивните првични индустриски соработници. Се појавува сосема нова генерација на технологии и луѓе кои генералните партнери можат да не ги познаваат во доволна мера, и затоа сопствениците на фондовите претпочитаат да го затворат стариот фонд и да отворат нов со компетентни специјалисти.
Добивањето на ризичнио капитал суштински се разликува од привлекувањето на долг или кредит. Кредиторите имаат законско право на камата за кредитот и за исплата на капиталот независно од успехот или неуспехот на бизнисот. Ризичниот капитал се вложува во замена за удел во бизнисот. Доходовноста на капиталистот кој работи со ризичен капитал како акционер зависи од растот и доходовноста на бизнисот.
Најчесто капиталистите кои работат со ризичен капитал ги поддржуваат компаниите во кои инвестираат за да ја зголемат веројатноста од излегувањето на компанијата на стадиум IPO. Притоа околу 43% од привлечените ризични инвестиции одат на реклама на друштвените мрежи или во системите за пребарување.
Капиталистите кои работат со ризичен капитал обично помагаат во сите етапи на развојот на компанијата.
Ако компанијата навистина поседува квалитети какви што бараат капиталистите кои работат со ризичен капитал, вклучувајќи сигурен бизнис план, добар управувачки тим, инвестиции и ентузијазам од страна на основачите, добар потенцијал за излегување од инвестициите пред завршувањето на нивниот циклус на финансирање и целна максимална добивка која надминува 40% годишно, ним ќе им биде полесно да привлечат ризичен капитал.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Ризичен капитал, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.