Геокодирање

Геокодирање — постапка на пронаоѓање на придружни географски координати (често изразени во географска ширина и географска должина) од други географски податоци, како улична адреса или поштенски броеви.

Користејќи се со географски координати, објектите можат да се исцртаат на карта и да се внесат во географски информациски системи или пак координатите можат да се вметнат во снимки и слики како дигитални фотографии по пат на геоозначување.

Геокодирање
Центарот на Скопје на македонската верзија на OpenStreetMap

Наспроти ова постои обратно геокодирање: пронаоѓање на здружено место во текст како улична адреса, од географски координати.

Геокодер е програм или интернет-служба што служи за геокодирање.

Интерполација на адресите

Еден прост метод на геокодирање е интерполација на адресите. Тука се користат податоците за улиците од постоечки географски информациски систем, каде улиците се веќе исцртани во географскиот координатен простор. Секој дел од улицата се поврзува со низа адреси (на пр. броевите на домовите од еден дел до друг). Системот за геокодирање зема една адреса, ја споредува со улица и нејзин дел (како на пр. градски блок). Потоа системот ја интерполира местоположбата на адресата во рамките на низата долж тој дел.

Други техники

Други начини на геокодирање: наоѓање на средишна точка на една парцела (плац), ако базата на ГИС има податоци за парцелата. Во руралните подрачја и други места без квалитетни податоци и адресирање на улиците, местата се заведуваат со GPS-уред. Сообраќајните несреќи се гекодираат со пронаоѓање на раскрсницата или средишна точка долж линијата на улицата. Автопатиштата во развиените земји имаат милјокази како помош за итни ситуации, одржување и снаоѓање. Може и да се искористи комбинација од овие техники, зависно од саканата примена.

Примена

Геокодираните места се полезни во извршувањето на разни задачи во картографијата и анализите со ГИС. Геокодирањето е доста присутно на интернет, и наоѓа примена кај службите за насоки во возењето, или пронаоѓање на најблиските продавници и услужни места. Ова е еден од неколку методи на добивање на географски координати за геоозначување на слики и снимки, како на пр. фотографии или записи за RSS.

Некои системи за геокодирање

Служби на интернет:

  • MapQuest - бесплатно за до 5.000 барања дневно, со лиценцни ограничувања; се нудат разни комерцијални лиценци.
  • Google Maps - бесплатно за до 2.500 барања дневно, но со голем број на ограничувања (на пр. клиентот е обврзан да истакнува слики од Google Maps).
  • Bing Maps (Microsoft) - бесплатно за мрежни места наменети за општата јавност, незаштитени со лозинки; разни можности за комерцијални лиценци.
  • OpenStreetMap - сосем бесплатно и слободно; ограничено покритие (јули 2010).

Поврзано

Надворешни врски

Македонски

Англиски

Tags:

Геокодирање Интерполација на адреситеГеокодирање Други техникиГеокодирање ПрименаГеокодирање Некои системи за геокодирањеГеокодирање ПоврзаноГеокодирање Надворешни врскиГеокодирањеАдресаГеографска должинаГеографска ширинаГеографски информациски системГеографски координатиГеоозначувањеПоштенски број

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Одржлив развојМозочен ударВтора светска војнаИсус ХристосДимитар КовачевскиМесечинаЗа наша МакедонијаНародна Република КинаОпштина СтругаИталијаПанде ПетровскиБојан ЈовановскиСреден клеточен волуменПајак (пејач)Македонски парламентарни избори (2011)Пеколот (Божествена комедија)Бедија БеговскаГордана Силјановска-ДавковаИнфрацрвена спектроскопијаМасакр кај КарпалакМладост (езеро)Владо БучковскиДекамеронМеѓународен аеродром СкопјеТуризам во РусијаРадмила ШекеринскаСтобиСтале ПоповКожлеЃурѓовденАнета МицевскаИзбори во МакедонијаНародна Република МакедонијаМојот звукСписок на држави во светотМаркетингКире КостадиновскиБугарски возБубрежен каменАнгинаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоМакедонски парламентарни избори, 2014Министерство за животна средина и просторно планирањеДемократски сојузХамлетЗајакСписок на тегоби и болки на стапалатаАвтоимуна болестПлунковни жлездиВМРО-ДПМНЕСилвио Пиколомини26 априлЛокални избори во Македонија (2009)ПневмонијаРесенОпштина Ѓорче ПетровЛазарова саботаАлшарЕден на еденВлада на Димитар КовачевскиГрегоријански календарХороскопски знациЦеребрална парализаКалеш АнѓаТалат ЏафериМакедонски парламентарни избори, 1998МачкаЦрвени крвни зрнцаЉупчо ГеоргиевскиОпштина ЖелиноЛокални избори во Македонија (2021)Српска странка во МакедонијаГорјан ПетревскиНикола ГруевскиГрипГолеми и мали (роман)ВевчаниГраѓанска опција за Македонија🡆 More