3 Век П.н.е.: Век

3 век пред нашата ера (п.н.е.) — век кој започнал на 1 јануари 300 г.

< 4 век п.н.е. 3 век п.н.е. 2 век п.н.е. >
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 100

п.н.е. и завршил на 31 декември 201 г. п.н.е. Овој историски период и припаѓа на класичната антика.

Во Средоземното Море, првите неколку децении од овој век се одликуваат со баланс на силите меѓу хеленистичките кралства на исток и големата трговска сила на Картагина на запад. Балансот бил нарушен со појавата на конфликт меѓу Картагина и Римската република. Во следните децении, Картагина била прво понижена, а потоа уништена од Римјаните во Првата и Втората пунска војна. По Втората пунска војна, Рим станал најмоќната сила во западното Средоземје.

Во Индија, Ашока управувал со Мауријската империја. Во Тамилакам (јужна Индија), династиите Пандиа, Чола и Чера од класичниот период го доживеале својот подем.

Во Кина, завршувал Периодот на завојуваните држави, откако Џин Ши Хуанг ги освоил другите држави и ја воспоставил краткотрајната Џин династија, која била првата кинеска империја по која во истиот век следела долготрајната Хан династија. На Корејскиот полуостров, започнал протоисторискиот период. Во Монголија, Хунну биле на врвот од својата моќ.

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија
Источната полутопка при крајот на 3 век п.н.е.

Настани

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Западното Средоземје во текот на Втората пунска војна. Сино - Картагина, светлосино - сојузници на Картагина, италијански градови кои застанале на страна на Ханибал. Северноиталијански племиња кои застанале на страна на Ханибал се со син фонт. Црвено - Рим, розово - римски сојузници.

290-ти п.н.е.

  • 299 п.н.е.: Самнитите искористиле шанса додека Рим бил ангажиран на Ломбардската низина и ја започнале Третата самнитска војна со платеници од Галија и помошта на нивните сабињански и етрурски сојузници.
  • 298 п.н.е.: Самнитите ги победиле Римјаните под водство на Луциј Корнелиј Скипион Барбат во Битката кај Камерина, која била првата битка од Третата самнитска војна.
  • 293 п.н.е.: Кинеската држава Цин со победата во Битката кај Јик ја намалила заканата од државите Веи и Хан.
  • Римските војски навлегле длабоко во самнитска територија и ги освоиле самнитските градови Тауразија, Бовијан Ветус и Ауфиден.
  • Агатокле, кралот на Сиракуза, Сицилија, им помогнал на италијанските Грци против италското племе Брутијци.
  • Птоломеј I Сотер конечно го довел бунтовниот регион Кирена под своја контрола. Власта ја препуштил на својот посинок Магас.
  • Биндусара го наследил својот татко Чандрагупта Маурија како император на Мауријанската империја.
  • Бил изграден театарот во Епидаур (со подоцнежни додатоци).
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Мапа на Мауријската империја, каде се прикажани поголемите градови, рани будистички места, указите на Ашока итн.

280-ти п.н.е.

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Мапа на Кина во Периодот на завојуваните држави (260 г. п.н.е.)

270-ти п.н.е.

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Кинеската војска од теракота пронајдена во гробницата на Чин Ше Хуанг, првиот цар на обединета Кина.

260-ти п.н.е.

250-ти п.н.е.

  • 258 п.н.е.: Ан Донг Вонг ја урнал династијата Хонг Банг во Виетнам.
  • 257 п.н.е.: Династијата Тајц го освоила Виетнам.

240-ти п.н.е.

230-ти п.н.е.

  • 230 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Хан.
  • 230 п.н.е.: Симука прогласил независност од власта на Мауријанците и ја основал Сатавахана империјата.

220-ти п.н.е.

  • 229 п.н.е.: Првата илирска војна завршува со победа на Римјаните.
  • 229 п.н.е.: Последните тирани на Пелопонез абдицирале, Аргос се приклучил на Ахајскиот сојуз, а Атина била ослободена од македонскиот гарнизон.
  • 227 п.н.е.: Обидот за атентат на Јин Ченг, кралот на државата Цин, од страна на Џинг Ке од Јан бил неуспешен.
  • 225 п.н.е.: Римјаните во Битката кај Теламон ја победиле голема галска армија.
  • 225 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Веи.
  • 223 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Чу.
  • 222 п.н.е.: Кинеската држава Цин го освоила Јан и Жао.
  • 222 п.н.е.: Со поразот на Спарта во Битката кај Селасија завршила Клеоменовата војна.
  • 221 п.н.е.: Со освојувањето на државата Чи, Чин Ше Хуанг ја обединил цела Кина во една империја во која бил вклучен и северен Виетнам, формирајќи ја династијата Цин.

210-ти п.н.е.

200-ти п.н.е.

  • 208 п.н.е.: Чеу Ву Де го победил виетнамскиот крал Ан Донг Вонг.
  • 207 п.н.е.: Чеу Ву Де ја основал Чеу династија во Виетнам.
  • 206 п.н.е. - 202 п.н.е.: Граѓанска војна меѓу бунтовниците Чу и Хан во Кина по падот на династијата Цин.
  • 202 п.н.е.: Римјани ја поразиле Картагина, со што завршила Втората пунска војна. Картагина ги изгубила сите свои територии освен главниот град, а Римјаните и наметнале тешки репарации.
  • Индиски трговци редовно ја посетувале Арабија.
  • Скитите го окупирале Согдијана, во денешен Узбекистан.
  • Била основана кинеската Хан династија (202 п.н.е. - 220 н.е.).

Личности

Политика и влада

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Селевк I Победникот
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Птоломеј I Сотер
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Златна пара со ликот на птоломејската кралица Арсиноја II
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Ханибал Барка
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Чин Ши Хуанг, првиот цар на обединета Кина
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Грчкиот филозоф Зенон
3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Ератостен
  • Апиј Клавдиј Цек, римски државник
  • Арат од Сикион, грчки државник
  • Арсиноја II, птоломејска кралица и совладетел на Египет
  • Ашока, мауријски владетел на Индија
  • Бај Ци, кинески генерал
  • Биндусара, владетел на Мауријската империја
  • Ванг Џианг, кинески генерал
  • Гау Цеу, кинески цар и основач на Хан династијата
  • Гај Латуциј Катул, римски генерал
  • Диодот I, прв владетел на Грчко-бактријско кралство
  • Занг Лиан, кинески стратег и државник
  • Илемчетчениј, владетел на јужна Индија
  • Квинт Фабиј Максим Верукос, римски генерал и политичар
  • Ксантип од Картагина, грчки генерал
  • Ксијан Јуи, кинески бунтовнички генерал против династијата Цин
  • Лиан По, кинески генерал
  • Ли Бинг, кинески администратор и инженер
  • Ли Му, кинески генерал
  • Ли Си, кинески канцелар на Цин династијата
  • Лу Бувеи, кинески трговец и канцелар на династијата Цин
  • Лин Ксијангру, кинески политичар
  • Магон Барка, картагински генерал
  • Маниј Куриј Дентат, римски генерал
  • Марко Атилиј Регул, римски генерал
  • Марко Клавдиј Марцел, римски генерал
  • Марко Порциј Катон Постариот, римски државник и писател
  • Масиниса, крал на Нумидија
  • Мен Тиан, кинески генерал
  • Маудун, поглавар на Хунну
  • Птоломеј I, фараон на Египет
  • Птоломеј II, фараон на Египет
  • Пир Епирски, крал на Епир
  • Публиј Корнелиј Скипион Африканец, римски генерал и политичар
  • Сјао Хе, кинески државник и канцелар на династијата Хан
  • Филип V Македонски, крал на Македонија
  • Хамилкар Барка, картагински генерал и политичар
  • Хан Ксин, кинески генерал
  • Ханибал Барка, картагински генерал и политичар
  • Ханон II Велики, картагински политичар
  • Хаздрубал Барка, картагински генерал
  • Чеу Ву Де, кинески воен командант кој го покорил виетнамското кралство Ау Лак
  • Џаосјан-ван, кинески крал на државата Цин

Литература

  • Аполониј од Родос, грчки поет
  • Арат од Солиј, грчки поет
  • Гнеј Невиј, римски поет
  • Калимах, грчки поет и критичар
  • Менандар, грчки комедиограф
  • Менип, грчки сатиричар
  • Плавт, најпознатиот писател на комедии во римската книжевност
  • Сун Јуј, кинески поет
  • Теокрит, грчки поет
  • Ќи Јуен, кинески книжевник и државник

Наука и филозофија

  • Аполониј од Пергам, грчки математичар
  • Аркесилај, грчки филозоф
  • Архимед, грчки математичар, физичар и инженер
  • Аристрах од Самос, грчки астроном и математичар
  • Аристил, грчки астроном
  • Берос, хеленистичко-вавилонски историчар и астроном
  • Деметриј од Фалерон, грчки филозоф и оратор
  • Дикеарх, грчки филозоф и научник
  • Епикур, грчки филозоф
  • Ератостен, грчки математичар, географ и астроном
  • Евклид, грчки математичар, геометар
  • Зенодот, грчки граматичар и книжевник
  • Зенон од Китиум, грчки филозоф и основач на стоичката филозофија
  • Конон од Самос, грчки астроном
  • Манетон, хеленистичко-египетски историчар
  • Менг-Це, кинески филозоф
  • Пирон, грчки филозоф
  • Сјин-це, кинески конфуцијански филозоф
  • Теофраст, грчки филозоф
  • Тимон од Флиунт, грчки филозоф
  • Филон од Византион, грчки физичар и инженер
  • Хан Феј, кинески филозоф

Откритија

3 Век П.н.е.: Настани, Личности, Откритија 
Анимација на функционирањето на Архимедовиот навој
  • Ератостен точно го пресметал пречникот на Земјата со камили и сенки.
  • Играта Го (или Веиќи), која е мислена, стратегиска игра станува длабоко вкоренета во кинеската култура, а се смета дека потекнува уште од II милениум п.н.е.
  • Во 293 г. п.н.е. бил пронајден првиот римски сончев часовник.
  • Архимедов навој била пумпа која се користела за подигање на течности на повисоко ниво
  • Бил пронајден музичкиот инструмент хидраулис, кој е претходник на оргулите, од страна на Ктесибиј, грчки инженер кој работел во Александрија.
  • Кинескиот царот Хан Гаоџу открил елабориран механички куклен театар во ризницата на претходниот владетел Чин Ше Хуанг.
  • Огромниот Ду Цејанг Јан систем за наводнување во Кина бил изграден од Ли Бин во кинеската провинција Сечуан, во 256 г. п.н.е.
  • Била изградена гробницата „Гробот на мирот“ во Черветери.
  • Кинеската свила за првпат стигнала на европскиот пазар.
  • Армиларни сфери, стара астрономска направа за мерење на координати на небесните тела, се користела како наставна алатка по астрономија.

Наводи

Tags:

3 Век П.н.е. Настани3 Век П.н.е. Личности3 Век П.н.е. Откритија3 Век П.н.е. Наводи3 Век П.н.е.1 јануари201 п.н.е.300 п.н.е.31 декемвриКласична антика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Роднински односиРисто КрлеДелтоидRAM меморијаМитАна ФранкИфтарСвети Климент ОхридскиДекарЏонатан СвифтАмерикаЕлектричен отпорОрхидеиКружење на водатаНАТООдбрани раскази (книга од Димитар Солев)Похвала на нашиот татко и учител словенски Кирил ФилософПринцезата на едно зрно грашокПипи Долгиот ЧорапРК ВардарГубернаторИлузијаГибралтарПриродна катастрофаЦеребрална парализаГригор Прличев2BonaФлебитисРак на желудникАвстралијаВајарствоШинелПридавки во македонскиот јазикРајко ЖинзифовБаснаМарин БабиќЕкосистемСловенска писменостМорфологија на македонскиот јазикПериоден систем на елементитеАтинаБаталјон за специјални намениКарпошИсус ХристосСточарствоМухамедПолскаПлатонКалендар на Велигденски датумиРеченицаПјер КорнејГевгелијаЈонска врскаБлаже КонескиТриаголникМакедонски дел од пеколотТахикардијаБигорски манастирВагинален исцедокМасакр во ВаташаСлавко ЈаневскиБања БанскоМРП вакцинаЖивотниДевојките на Марко (роман)Земјина атмосфераАнгелот на Света СофијаТрапезЖан де ЛафонтенЧир на желудникотГај Јулиј ЦезарШтрковиНаполеон БонапартЈосип Броз-ТитоПиреј (роман)🡆 More