Сјин-Це: кинески филозоф

Сјин-це (кинески: 荀子, пинјин: Xúnzǐ, ~ 312–230 п.н.е.) — кинески конфуцијански филозоф од периодот на завојуваните држави и претставник на една од „стоте школи“.

Сметал дека човекот има непожелни природни склоности, кои мора да се држат на прав пат со воспитание и образование (напспроти тврдењето на Менг-це дека луѓето се природно добри). Сјин-це смета дека општествените норми се создадени токму како одговор на овој проблем во човечкиот карактер.

Сјин-це
荀子
Роден(а)313 п.н.е.
Починал(а)238 п.н.е.
држава Чу
НационалностКинез
Занимањефилозоф
Влијанија одКонфуциј
Влијаел(а) врзЛи Се, Хан Феј
СоперникМенг-це, Цесе
Сјин-Це: Живот, Делото „Сјин-це“, Поврзано

Неговата мисла се поврзува со конфуцијанството, иако таа е доста прагматична во споредба со оптимизмот на Конфуциј. Некои сметаат дека ова е одлика на времето во кое живеел.

Сјин-це бил еден од најдлабоките мислители на своето време и учител на истакнатите мислители Ли Се и Хан Феј.

Живот

Роден е како Сјин Куанг (荀況), со куртоазно име Ќинг ().

Младоста на Сјун-це не е позната за историчарите. Станал познат на возраст од педесет години, околу 264 г. п.н.е., кога отишол во државата Чи за да ја изучува општествената мисла, а потоа предавал на академијата „Џисја“. Во Чи уживал значаен углед; кралот Сјанг (齊襄王) го назначил за дворски учител и здравичар. Во овој период Сјун-це ја посетил државата Чин и се восхитувал на управувањето на земјата. Расправал на воена тематика со велможата Линву (臨武君) на дворот на Сјаоченг (趙孝成王) — крал на Џао. Подоцна бил наклеветен на дворот во Чи, па се повлекол на југ во државата Чу. Премиерот на земјата, велможата Чуеншен (春申君), го назначил за главен судија на Ланлинг (蘭陵令). Во 238 г. п.н.е., кнезот Чуеншен е убиен од негов соперник на дворот, па Сјин-це останал без работа. Го провел остатокот од животот во Ланлинг (денешен југ на покраината Шандунг) и таму починал во непозната година.

Најистакнати ученици на Сјин-це се Ли Се (премиер на првиот секинески цар) и Хан Феј, кој ги зел квазиавторитарните аспекти од неговата мисла и од нив го развил легизмот. Конфуцијанскиот карактер на мислата на Сјин-це е под прашање кај ред аналитичари поради силлното антиконфуцијанство на овие двајца негови ученици.

Учењата на Сјин-це уживале влијание во создавањето на државната доктриан на династијата Хан. Меѓутоа, во времето на династијата Танг неговото влијание опаднало за сметка на мислата на Менг-це.

Делото „Сјин-це“

За разлика од афористичниот стил на Аналектите на Менг-це, Сјин-це негувал построга мисла и пишувал есеи со опширна и сложена аргументација, собрани во дело наречено „Сјин-це“. Таму како значајна мисла се истакнува поимувањето на човековиот карактер како сплет од вродени и стекнати особини. Во текстовите често се среќава критика на спротивставените школи како што се таоизмот и моизмот, но и неговите соперници во рамките на конфуцијанството. Поважни глави од делото се:

  • „Расправа за небесата (天 тјен)“ — го отфрла поимувањето за небесата на Менг-це како сила со морална волја. Тврди дека под небесата треба да се подразбере едноставно природата; затоа луѓето треба да се посветат на меѓучовечките односи, а не да прибегнуваат во небесни идеали.
  • „Расправа за обредна умесност (ли)“ — улогата на поединецот и општествените норми.
  • „Ослободување од обземеноста“ — осветува против преголемата посветеност на еден аспект на нештата, притоа губејќи го чувството а она што е важно.
  • „Исправање на називите“ (正名 џенгминг) — називите на нештата се усвојуваат во секојдневната употреба, но штом ќе се втемелат, луѓето не смеат да отстапуваат од нив и да ги извртуваат.
  • „Човековата нарав е гнасна“ (сјинг-е) — го отфрла тврдењето на Менг-це дека луѓето се природно склони кон добро. Конфуциј се искажал дека луѓето се карактерно слични еден на друг, но не кажал дали мисли дека се добри или лоши. Сјин-це смета дека човекот е по природа себичен, и тоа мора да се заузди за да постои општество. Во спротивно ќе има само безредие. Го сметал моралот за општествена конструција, нагласувајќи ја разликата помеѓу вродените предодредености и воспитанието во животот.

Последното гледиште поттикнало голема расправа меѓу мислителите која траела два века.

Поврзано

Наводи

  • Cua, A.S. (1985). Ethical argumentation : a study in Hsün Tzu's moral epistemology. Honolulu: University of Hawaii Press. ISBN 0-8248-0942-4.
  • Munro, Donald J. (2001). The Concept of Man in Early China. Ann Arbor, MI: University of Michigan. ISBN 978-0892641512.
  • Schwartz, Benjamin I. (1985). The world of thought in ancient China. Cambridge, MA.: Harvard University Press. ISBN 0-674-96190-0.

Надворешни врски

Tags:

Сјин-Це ЖивотСјин-Це Делото „Сјин-це“Сјин-Це ПоврзаноСјин-Це НаводиСјин-Це Надворешни врскиСјин-Це230 п.н.е.312 п.н.е.Кинеска филозофијаКинески јазикКонфуцијанствоМенг-цеПинјин

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Црна смртДабГоран БреговиќРегионален пат 1101Џ. Р. Р. ТолкинВојдан ЧернодринскиИзбори во МакедонијаМечкин КаменБубрегГлаголи во македонскиот јазикНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаОпштина КривогаштаниПридавкаМислодеждаКралство ЈугославијаНационален парк МавровоЛавМојсејБаклаваРамностран триаголникЕлектронска цевкаПопис на населението во Македонија (2021)Џек ЛондонАвстријаТурцијаХристијанствоЕнтерококиЗанаетчиство во Старата скопска чаршијаПартија за движење на Турците во МакедонијаТројанска војнаВенко ФилипчеСтар векФлебитисКанадаКрушевска РепубликаЛеонтијКамено времеМакедонска граматикаС’ботскоРогачЗемјотресДаунов синдромРак (болест)Масовни медиумиМалтаЗбунети годиниВодно растениеБалканска приказна (ТВ-серија)СлаткаристикаДајреИсус ХристосПериоден систем на елементитеАпозиција во македонскиот јазикОптичка мамкаОктомвриска револуцијаМитологијаПридавки во македонскиот јазикТирИлијадаКонтинентПертусисИнтернетКога тргнав ЦветоРастенијаСтале ПоповСтара скопска чаршијаСвета ПеткаТитаниЈосиф СталинМали ВлајСтојан АндовГерманијаЕрман ШабанЕврејски празнициХрватски месециМали сипанициИнфективна мононуклеоза🡆 More