Римска Република

Римска Република го означува периодот на државно уредување на римската држава во времето меѓу Римското Кралство (510 г.

п.н.е.) и воспоставувањето на Римското Царство на 13 јануари 27 г. п.н.е.

Тешко е да се одреди точниот датум на настанување на Римската Република. Тит Ливиј наведува дека последниот римски крал, Луциј Тарквиниј Гордиот во 510 г. п.н.е. бил протеран од Рим, а Луциј Јуниј Брут и Луциј Тарквиниј Колатин биле избрани за римски конзули , додека во 508 г. п.н.е. бил избран и првиот првосвештеник, т.е. понтифекс максимус (Pontifex maximum).

Државно уредување

Римската Република имала хиерархија на избрани магистрати со различни овластувања. Римското уредување од времето на републиката подоцна го инспирирало уредувањето на многу средновековни градови-држави, но и други државни творби на современото време, од ренесансата до денес.

Од посебно значење биле следните елементи на државното уредување на Римската Република:

  • ануитет — сите должности имале мандат од една година,
  • колегијалност — секогаш две личности истовремено извршувале една државна служба - исклучок бил диктаторот
  • право на промена на уредбата (право на вето) — секој магистрат имал право да ја корегира, измени или да ја врати уредбата што ја донел неговиот колега.
Римска Република 
Рим од времето на републиката

Највисоката, неограничена, извршна власт во Римската Република ја имал конзулот (Imperium maius). Конзулите биле одговорни за врховното воено заповедништво, за правото на осудување, свикување на Сенатот и народните собранија. За време на кризи, постоела можност за период од 6 месеци, да се именува диктатор, кој имал апсолутна власт (Summus imperium); во текот на неговиот мандат сите други магистрати биле суспендирани.

Магистратите биле избирани низ три различни народни собранија:

Римскиот Сенат и народните собранија (Comitia) биле надлежни за законите и надгледувањето на работењето на сите службеници од власта. Ислужените магистрати станувале сенатори, ако на тоа не се спротивставеле цензорите. На почетокот во Сенатот влегувале само патрициите, а подоцна и плебејците.

Наводи

Tags:

Римското Царство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПопулизамМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаХристијанствоБигорски манастирОслободителна народна армијаРак на грлоПолжавиПетар ПанМакедонијаМакедонски ВласиМозокЅвезда од КутлешНАТОВасил ИљоскиСобрание на Република МакедонијаДПАПирамида (геометрија)АлжирМакедонски парламентарни избори, 2014Вила ВодноСтефан ЛазаровМакедонски хумористични народни приказни (книга)Венко ФилипчеЛиберално-демократска партијаКонсензусМакедонска крвава свадбаПодметБременостТоме АрсовскиАртан ГрубиБубрежен каменЈосип Броз-ТитоМакедонски парламентарни избори, 2011КубаОикофобијаБекир ХалимиСоцијалдемократска унијаСписок на планини во МакедонијаВанчо НиколескиЕвропаШармери од осмоБолести и аномалии на очитеДемократски сојузСиндром на стекнат имунолошки дефицитФранческо ПетраркаБраќа МиладиновциТеодосиј СинаитскиИзборна единица 3Хазби ЛикаБактерииИскра ГешоскаИмер СелманиЈапонијаСтрумицаОслободителна војска на КосовоРимска култураЛокални избори во Македонија (2021)Грегоријански календарАлшарЦрни и жолтиСрцева слабостБроеви во македонскиот јазикЗагрозен видДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаПарадоксот на ДиогенСкратеници во македонскиот јазикАнте ПоповскиИзборна единица 9Рак на дојкаЈужна ЕвропаМРП вакцинаВелики петокГеографија на МакедонијаДојранско ЕзероТетовоКочо Рацин🡆 More