Конзул

Титулата Конзул се употребува за официјални претставници на владата на една земја на територијата на друга земја, вообичаено во функција на помагање и заштита на граѓаните од земјата на Конзулот, и за олеснување на економските односи и пријателството помеѓу народите на земјата кајшто е назначен и земјата која ја претставува.

Ова го разликува конзулот од амбасадорот: додека амбасадорот е претставник на шефот на државата од земјата која го испраќа во земјата домаќин и е единствен и главно се грижи за дипломатските односи, конзули и конзулати може да има повеќе, на пример во поголемите градови, и се грижат за помош на сопствените и граѓаните на земјата домаќин за патувања, соработка, размена итн.

Конзул
Конзулат на Данска во Хамбург

Почесен конзул

Институцијата почесен конзул своите корени ги има уште од дамнешни времиња. Некои автори, за современи почетоци на почесните конзули, ја посочуваат институцијата на грчките проксени, коишто за разлика од другите лица во трговските колонии на европските земји, имале јавна функција на заштита на своите граѓани. За разлика од редовните, односно кариерните конзули, почесниот конзул не е во служба на државата којашто го именува и не се наоѓа на платниот список на министерството за надворешни работи. Кариерниот конзул, задолжително е државјанин на земјата што го именува, додека почесниот конзул може да биде и државјанин на државата на приемот, па дури и државјанин на трета земја. Неговите функции се поограничени во однос на кариерните конзули, а тие обично се сведуваат на стопанска соработка, како и помош на државјаните на државата на именување. Во современата практика, институтот почесен конзул некои земји не го прифаќаат и поради тоа не пристапуваат кон именување на оваа категорија конзули. Ваквата практика произлегува од Виенската конвенција за козуларни односи, во која е нотирано дека секоја држава самостојно одлучува дали ќе именува и ќе го прифати институтот почесен конзул.

Tags:

Амбасадор

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КонсензусДемократска унија за интеграцијаКостадин КостадиновМалиот принцДемократска партија на Турците на МакедонијаРесенKлиндамицинШтипМакедонија (регион)Ослободителна војска на КосовоК-15TrackBackМали сипанициРевизор (комедија)Град СкопјеИсус ХристосРисГолемата вода (роман)Земја (планета)БиблијаКиро ГлигоровДропкаРадишаниМејозаДунавТурцијаМакедонски претседателски избори, 2004Емил ДимитриевХепатитБактерииРастенијаРомиГемиџииАнтибиотик со широк спектар на дејствоМедузаГалебот Џонатан ЛивингстонСтевчо ЈакимовскиМала РечицаПовикот на дивинатаЈапонијаПартија за демократски просперитетДијалекти на македонскиот јазикОхридска пастрмкаАмазонОпштина АеродромМојот звукМакедонски претседателски избори (2014)Нова социјалдемократска партијаКонтинентМакедонски претседателски избори (2009)ВиножитоОпштини во МакедонијаЉубомир ГајдовСтара скопска чаршијаАлшарПоткастМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ОрелЧовечки папиломен вирусДемохристијанствоПретседателНационален парк МавровоПреспански договорХрватскаЗагадување на воздухотВооружена престрелка во Куманово (2015)БугаријаНационален парк ПелистерАнгинаМакедонски парламентарни избори (2016)АлопецијаЖолто МореМакедонски претседателски избори, 1999Српска пропаганда во МакедонијаЈугославијаКарлес ПуџдемонСлуз-цедење во грлотоМакедонски претседателски избори (2019)Авантурите на Пинокио🡆 More