Византиското Царство продолжила да претрпува порази и губиток на територии во текот на брзата експанзија на муслиманската империја.
На Пиринејскиот Полуостров, VII век се нарекува Siglo de Concilios, односно век на собори, што се однесува на Соборите во Толедо.
Харша ја обединил северна Индија, која била расцепкана на мали држави по падот на империјата Гупта во VI век.
Во Кина, династијата Суи била заменета со династијата Танг, која ги преместила своите воени бази од Кореја во Средна Азија. Корејското кралство Сила станало сојузник на династијата Танг, потчинувајќи ги корејските кралства Пекче и Когуре за да го обедини Корејскиот полуостров под еден владетел. Периодот на Асука траел во Јапонија во текот на целиот седми век.
602: Трета кинеска доминација над Виетнам започнала по падот на раната Ли династија.
603: Последното споменување на римскиот сенат во Грегоријанскиот регистар, во кое се споменува прогласувањето на статуите на императорот Фока и царицата Леонтија од страна на сенатот.
607: Будистичкиот храм Хорју-џи, бил завршен во Икаруга, Јапонија.
610: Ираклиј I пристигнал со брод од Африка во Цариград, го соборил источноримскиот цар Фока и се прогласил себе за цар. Бил голем реформатор кој го променил службениот јазик на Источното Римско Царство од латински во грчки (јазикот на мнозинското население).
616: Етелфрит од Нортумбрија ги поразил Велшаните во битка кај Честер во Англија.
618: Императорот Ли Јуан ја основал династијата Танг во Кина.
618: Кралството Ченла целосно ја освоило територијата на Фунан (територија околу делтата на реката Меконг).
Градот Гуангџоу, или Кантон, во Кина станал главно меѓународно пристаниште каде доаѓале поморски патници од Египет, Источна Африка, Арабија, Персија, Индија, Шри Ланка и Југоисточна Азија, вклучувајќи хиндуси, Евреи и несторијански христијани.
623: Франкискиот трговец Само, кој ги поддржувал Словените во борбата против Аварите, станал владетел на првата позната словенска држава во Средна Европа.
629-630: Походот на царот Таизонг против Источните Тујуеи, кинески сили на династијата Танг под командантите Ли Џинг и Ли Шиј го уништиле Каганатот на Гок Турците.
636: Битката кај ал-Кадисиј резултирала со решавачка победа на муслиманите во нивниот воен поход кон Персија. Персиската Империја била освоена од муслиманските Арапи предводени од Саад ибн Абу Вакас.
638: Кинескиот цар Таизонг (627-649) издал указ за универзална толеранција на религиите. Несторијанските христијани изградиле црква во Чанг'ан.
Средина на 7 век – Бил изграден Дхармараја Рата, Мамалапурам, Тамил Наду, Индија.
651: Последниот цар на Сасанидското Царство Издигерд III бил убиен во Мерв (древен град на територија на денешен Туркменистан), што го означило крајот на сасанидското владеење во Персија.
657: Кинеската династија Танг, под царот Гао-ѕун, го поразила Западниот туркиски каганат.
661: Калифот Али ибн Аби Талиб бил убиен. Неговиот наследник Хасан ибн Али абдицирал во корист на калифот Муавија I, означувајќи го почетокот на Омејадскиот калифат.
663: Кинеската династија Танг и корејското кралство Сила извојувале победа против корејското кралство Пекче и нивните Јамато јапонски сојузници во поморската битка кај Баекганг.
664: Кинески извор од династијата Танг, напишан од Ицзин, го споменува кралството Калинга, кое се наоѓало некаде во северниот брег на централна Јава.
668: Крај на војните меѓу династијата Танг и корејското кралство Коруге.
670: Африканската муслиманска војска на Укба ибн Нафи влегла во регионот на Ифрикија. Веќе во доцните 670-ти години било комплетирано муслиманското освојување на Северна Африка.
682: Елтериш и Тоњокук го основале Вториот туркски каганат.
683: Дапунта Хианг Шри Џајанаса го извел патувањето познато како Сидајатра за да го прошири своето влијание. Настанот бил спомнат во неколку натписи, како што се натписот Телага Бату, натписот Таланг Туво и натписот Кедукан Букит. Почеток на превласта на Сривиџаја во регионот на Малачкиот проток и Сундскиот проток.
690: Пробудистичката царска сопруга Ву Цетјен ја презела власта во свои раце и била единствена жена во кинеската историја која владеела како света и божествена владетелска царица.
700: Издигнување на поморското царство Сривиџаја со седиште во Суматра.
700: Натписот Соџометро, датиран околу крајот на 7 век, бил откриен во Батанг, централна Јава. Во него се спомнува Дапунта Селендра, веројатно како предок на династијата Саилендра. Текстот е напишан на старомалајски јазик, што укажува на поврзаност на Сривиџаја со ова семејство.
Пакал Велики, владетел на мајанската држава Паленке
Пулакесин II, четвртиот владетел на династијата Чалукја во Индија
Редвалд, крал на Источна Англија
Сексбург, англиска кралица и светица
Сигеберт, крал на Источна Англија
Су Дингфанг, кинески војсководец во служба на династијата Танг кој успеал да го уништи Западно-туркискиот каганат
Таизонг (599-649), кинески цар од династијата Танг
Тонг Јабгу, водач на западните Турци и веројатно основач на Хазарскиот каганат
Хилда од Витби (614-680), англиска светица
Хуиненг, (638-713) шестиот и последен патријарх на Чан будизмот
Откритија
Летната пагода во Ценгдинг, Кина, била изградена во 636 година.
Во 650 година биле издадени првите хартиени пари во Кина.
Во 670-тите години, бил измислен грчкиот оган во Цариград.
Кон крајот на 7 век узенгијата била пренесена од Кина во Персија.
Најраниот познат запис за играта шатранџ, претходник на шахот.
Наводи
This article uses material from the Wikipedia Македонски article 7 век, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses. ®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.