Мухамед: Арапски политички лидер и основач на исламот

Мухамед (арапски: محمد; Abu al-Qasim Muhammad Ibn Abd Allāh al-Hashimi al-Qurashi) — арапски верски и политички пророк во исламот.

Детство

Дел од темата

Ислам
Мухамед: Детство, Почетоци на Куранот, Преместување од Мека во Медина 

Мухамед: Детство, Почетоци на Куранот, Преместување од Мека во Медина 
Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
Молитва • Пост
Аџилак • Добротворност

Главни дејци

Мухамед
Али • Абу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

Куран • Хадис • Шеријат
Исламско право • Теологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

Сунизам • Шиизам • Суфизам

Социополитички аспекти

Академци • Филозофија
Уметност • Науки
Архитектура • Градови
Календар • Празници
Жените во исламот • Водачи
Политика • Џихад • Либерализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Роден е на 12 април 570 година во околината на Мека, денешна Саудиска Арабија. Според преданието, неговото раѓање било поздравено со светлина, а во тој миг, демоните се стрмоглавиле од небесните сфери во црната бездна; целата Земја почнала да се тресе; палатата на кралот Козроес се распукала а четири кули веднаш се урнале; а светиот персиски оган, запален пред повеќе од илјада години, наеднаш угаснал од првиот здив на новороденчето. Неговиот татко починал неколку месеци пред тој да се роди. Како мал живеел надвор од градот, односно во пустина каков што бил и обичајот во Арабија. Кога наполнил шест години, починала мајка му, а по две години и дедо му. По нивната смрт, тој живеел заедно кај неговиот чичко. Заедно со него, повеќепати бил во Сирија каде се среќавал со христијански монаси и службеници. На дваесетгодишна возраст стапил во брак со Хатиџа, која била ќерка на богат трговец и околу десет години постара од него. Во бракот, Мухамед се ослободил од материјалните проблеми. Во тој брак го посинил Али. Во исто време сè повеќе почнал да се интересира за религијата на Авраам. Кога наполнил четириесет години , Мухамед за првпат, според Куранот го слушнал гласот Божји кој му наредувал од името на Господ да испрати порака кон својот народ. Во ова на почетокот поверувала само неговата жена, но наскоро и неговите посвоени синови Али и Заид.

Почетоци на Куранот

Мухамед: Детство, Почетоци на Куранот, Преместување од Мека во Медина 
Јавувањето на ангелот Гаврил на Мухамед, од ракопис од 1307 година
Мухамед: Детство, Почетоци на Куранот, Преместување од Мека во Медина 
Мухамед во османлиска копија од 17 век на ракопис од Иран од 14 век

Мухамед секоја година по неколку месеци поминувал сам на планината Хира блиску Мека. Преданието кажува дека во 610 година, на Мухамед му се јавил ангелот Гаврил. Ова бил и почетокот на Куранот, а со тоа и на Исламот. Во прво време, Мухамед проповедал само пред своите најблиски роднини и пријатели, но по три години веќе јавно проповедал низ Мека, каде новата вера за првпат ја прифатиле сиромашните. Мухамед им советувал на богатите да го поделат својот имот со сиромашните, сè со цел да има рамноправност меѓу муслиманите пред Бога. Но, богатите трговци почнале да се плашат за нивното богатство, па се обидувале да го протераат од Мека. Честопати неговите проповеди на Каба доведувале до безредија меѓу народот.

Преместување од Мека во Медина

Поради опасноста за својот живот во Мека, Мухамед заедно со Абу Бакр преминале во Јатриба, денешна Медина на 16 јуни 622 година. Ова преминување во исламот е познато како Хиџра, и претставува почеток на исламската ера и првиот ден во одбројувањето на годините според исламскиот календар. Во Медина Мухамед живеел околу десет години, проповедајќи меѓу населението. Тој не само што бил пророк, туку станал и политички водач. Градот по него станал познат како “Град на пророкот“ или Medinaat at Naabi, од каде доаѓа и денешното име Медина. Во Медина била изградена и првата ниша, која го посочувала патот кон Ерусалим.

Во Медина започнале да пристигнуваат трговци од Мека, пљачкосувајќи го населението. Ова прераснало во конфликт помеѓу Мека и Медина. Така, првата војна започнала во 624 година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од Мека во Битката кај Бедра и им нанеле тежок пораз. Но во Битката кај Ухуда, муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала Медина, која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак Мека била поразена. Во 630 година во Мека бил убиен еден муслиман, а тоа станало причина Мухамед да започне пресудна војна за Мека. До војна не ни дошло бидејќи Мухамед ја признал Мека за Свет град, меѓутоа идолите биле исфрлени од Кабакоја станала светилиште на единствениот Бог Алах. Голем број од населението ја прифатило новата вера.

Освојување на Арабија

Од Мека, Мухамед започнал да го шири исламот, а со тоа и исламската држава, прогонувајќи многу немуслимански племиња и народи. Тој постојано им сугерирал на неговите сојузници да го прифатат исламот. За многу кратко време, цела Арабија била дел од исламската држава.

Смртта на пророкот

По десет години откако преминал од Мека во Медина, Мухамед заминал на аџилак, учејќи ги своите следбеници за правилата и обичаите на аџилакот. Тој на тоа патување го одржал и својот последен говор (арапски: Khutbat al-Wadaa') советувајќи ги муслиманите да не живеат со старите туку да ги прифатат новите обичаи. По само неколку месеци од овој говор, Мухамед се разболел и починал во својот дом во Медина на 8 јуни 632 година, без машки потомок. Неговиот гроб се наоѓа на местото на неговата куќа, денешната џамија Месџид ел-Небеви. Џамијата Ал Акса е местото кое се смета дека Мухамед воскреснал кон небото.

Наводи

Tags:

Мухамед ДетствоМухамед Почетоци на КуранотМухамед Преместување од Мека во МединаМухамед Освојување на АрабијаМухамед Смртта на пророкотМухамед НаводиМухамедАрапски јазикИсламПророк

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КавадарциАтрибут во македонскиот јазикТомас Алва ЕдисонЕкологијаТромбозаЕрменијаСДСМКочаниЕрменски јазикИлинденско востаниеПридавкаМинистер за здравство на МакедонијаЦирозаСписок на македонски филмовиКипарЕкосистемАсирски календарГрегоријански календарМакедонски денарЈазовецБедија БеговскаРаспад на СФРЈДојранПетар ПанВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаПротестантствоПивоКоле ЧашулеМакедонски парламентарни избори (2008)Атанас БадевВелосипедЛегенда за ПреспаЗагадувањеНедоразбирање (драма)БајкаХипофизаХемофилијаИзборна единица 5ДрачевоСтрујно колоВештачка интелигенцијаСветско населениеВагинален исцедокКанадаСРЦ Билјанини ИзвориЌемане (македонско)ЛегендиМесечинаВлада на МакедонијаОмепразолФотосинтезаУкраинаСистем за варењеХомеопатијаНадреден знакЈоаким КрчовскиГорјан ПетревскиРаковиПланетите во астрологијатаИндустријаЕлектрична струјаГлуварчеГихтСвети КирилГостиварСвети НиколеУметностШтипМинистерство за животна средина и просторно планирањеМакедонски комитетДвижење БесаСтарословенски јазикКрушевска РепубликаСвети Климент ОхридскиКитовиЕмоцијаГраѓанска опција за Македонија🡆 More