Штрбово: село во Општина Ресен

Штрбово — село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, во околината на градот Ресен, сместено во близина на брегот на Големото Преспанско Езеро.

Штрбово
Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед кон селото од патот за Долно Дупени

Штрбово во рамките на Македонија
Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Штрбово
Местоположба на Штрбово во Македонија
Штрбово на карта
Координати 40°55′33″N 21°06′09″E / 40.92583° СГШ; 21.10250° ИГД / 40.92583; 21.10250
Регион Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Пелагониски
Општина Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Ресен
Област Долна Преспа
Население 137 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 7318
Повик. бр. 047
Шифра на КО 23042
Надм. вис. 900 м
Слава Атанасовден
Штрбово на општинската карта
Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Штрбово во рамките на општината
Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Штрбово на Ризницата

Потекло на името

Во врска со името на селото, Влоѓимјеж Пјанка пишува дека е топографско, произведено со помош на наставката „-ово“ од апелативот „штрб(а)“, наизглед нерамна планина (метафора). Преданијата на штрбовчани по ова прашање се блиску до суштината на пишувањето на Пјанка. Според едно предание, тие сметаат дека името на селото настанало по изгледот на бегот кој имал штрби (нагризени) заби, а според друго по некоја меѓубеговска спогодба кога на арватскиот бег му недостасувале пари за да исполни некоја неодложна обврска, а штрбовскиот бег му излегол во пресрет (му дал пари), а за возврат добил терен во планината сè до штрбнатото (нагризеното) место, денес викано Зли Дол. И хроничарот на ова село Јонче Филиповски смета дека Штрбово името го добило по обликот на земјиштето, односно кога првобитното било настанато на штрбнатото земјиште.

Географија и местоположба

Селото е сместено во средишниот дел на источната страна на Големото Преспанско Езеро, во подножјето на планината Баба, од десната страна на асфалтниот пат Макази-Маркова Нога. Сместено е на надморска височина од околу 900 метри.

Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на малата Штрбовска Река

Се пренесува сеќавање дека Штрбово е трипати преместувано. За негови претходни положби се спомнуваат месностите: Шешури или Влашки Лисник, на околу 2 километри, Реките - Калимајнца, на околу 1,5 километри и Штрбово (Горно Село), на околу 1 километар, сите источно од денешната местоположба на селото. Се претпоставува дека првата положба настанала во првите векови од турското владеење (околу XV век), а можеби и порано, и дека таму живееле Власи-сточари, кои за исхрана на стоката ја сечеле густата дабова шума и ја ставале лисници, со што настанала месноста Влашки Лисник. Подоцна, кога на нивниот имот сопственик станал некојси Сејфула-бег, тој на Власите им наредил стоката да ја продадат и да станат чифчии-поледелци. Неприфаќајќи го тоа, Власите се иселиле во други подалечни места, со исклучок на едно семејство (Јоровци), кои одлучиле да останат да чуваат овци и да се занимаваат со поледелство. Како посоодветно место за живеење и работа, Јоровци ја одбрале месноста Реките - Калимајнца, каде селото почнало да се проширува. При крајот на XVIII или почетокот на XIX век, кога селаните почнале поинтензивно да се занимаваат со поледелство и почувствувале потреба од проширување на нивните обработливи површини, селото се преместило во месноста Штрбово (Горно Село), каде најпрво се создало околу чешмата, а потоа се проширило и по долината на реката. Временски меѓник и причина за последното преместување на селото се годините и последиците на Првата светска војна, на кои подоцна се надоврзале и други причини.

Штрбово се граничи со следниве села: со Крани и Арвати на север, со селото Брајчино на исток, со Наколец и Љубојно на југ и со водите на езерото на запад.

Атарот на Штрбово се простира на површина од 1023,3 хектари (околу 10,23 км2) и зафаќа рамничарско и ридско-планинско земјиште, обраснато со листопадна шума (даб, бука, леска, дрен, смрека, и др.) и скромен дел на тревнати планински пасишта. Од вкупната површина на атарот: 357,6 хектари се обработливо земјиште, 174,9 хектари пасишта и 402,2 хектари шума.

Во атарот на Штрбово извира потокот т.н. Штрбовска Река (лева притока на Шара или Кранска Река), со мошне низок водотек, кој во летниот период речиси наполно пресушува. Атарот на селото го пресекуваат и други суводолици кои надојдуваат кога се топи снегот и во услови на подолготрајни поројни дождови.

Штрбово е убаво село од собран тип со околу 70 куќи, сите новоизградени, од камен или блок-тула и вар, повеќето на приземје и кат, покриени со ќерамиди, внатре современо и вкусно опремени. На куќите преовладуваат белите фасади, а околу нив постојат овошни и зеленчукови парцели и разновидно оградени дворни места во кои се наоѓаат потребните стопански и други објекти (штали, плевни, магацини, фурни, гумна, тремови, летни кујни и др.). Според групираноста на куќите и семејствата, селото се дели на две поголеми маала: Горно Маало (источниот, повисокиот) и Долно Маало (западниот, понискиот дел на селото). Влезно-излезниот пат е од источната страна на селото и ја чини главната улица во него, на која се надоврзуваат други (споредни) асфалтирани улици. Штрбово располага со песочна плажа.

Историја

Штрбово е старо христијанско село во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Се претпоставува дека настанало кон средината на XV век, а можеби и порано. Под различни облици на денешното име (Штрбово, Штрхово, Горно Штрбово, Долно Штрбово и Штрбово) неговото постоење е забележано во повеќе извори од различни периоди.

Во XIX век, Штрбово се наоѓало во Битолската каза, нахија Долна Преспа, во Отоманското Царство.

До 1912 година, Штрбово било под турска власт, а во тој склоп и беговски чифлик. Во подготовките и текот на Илинденското востание учествувало со своја востаничка чета, која заедно со четите на околните села, на 2 август 1903 година учествувале во нападот на нахискиот центар во Наколец. За селски војвода од тоа време се споменува мештанинот Митре Јоровски. На 14 август 1903 година била водена жестока борба со турската војска во месноста Пенчоа Стена, каде загинале 12 востаници, меѓу нив и војводата Велјан Илиев Пенчо (учител од Смилево). Во текот на ова востание, селото било целосно ограбено и делумно изгорено. Загинале пет души. Во периодот по востанието, селото повеќепати било нападнато од арнаутските арамиски дружини.

Во Првата балканска војна (ноември 1912), селото се нашло под српска власт, а во текот на Првата светска војна под бугарска окупација, со што се најде и во зафатот на Македонскиот фронт, кога било гранатирано и делумно разурнато. Во еден период од војната, штрбовчани биле евакуирани во селата Љубојно, Брајчино и Долно Дупени. Подоцна, со поместувањето на фронтот, низ селото поминале и војските на Антантата. Во текот на војната, штрбовчани биле мобилизирани во војските на спротивставените страни.

По завршувањето на Првата светска војна, Штрбово повторно се нашло под српска власт. Во ова време, селото било во состав на општината Наколец, а нешто подоцна на општината Љубојно.

Во Втората светска војна селото паднало под окупација на фашистичка Италија (мај 1941 година), со што се нашло во составот на т.н. Голема Албанија. По капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) било слободна територија на НОАВМ. На 8 ноември 1943 година паднало под окупација на фашистичка Бугарија, под која останало до ослободувањето на 5 септември 1944 година. Во тоа време, во заселокот Долно Штрбово имало бугарска војска. Загинал еден жител, во чија чест е подигната спомен-плоча.

Со систем за наводнување селото се стекнало во 1958 година, со електрична енергија во 1962 година, со телевизиски прием во 1965 година, со водовод во 1974 година, со асфалтен пат во 1977 година, со телефонски приклучоци во 1983 година, а со јавна говорница во 1988 година.

Стопанство

Штрбовчани својата издршка секогаш ја обезбедувале преку поледелството и сточарството. Во рамките на поледелството најмногу сееле жито (’рж, пченица, јачмен, овес, уров, пченка и др.), саделе градинарски култури (пипер, домати, праз, лук, кромид, зелка, грав, компири и др.) и одгледувале лозја. Денес, преовладувачка поледелска гранка е овоштарството. Во рамките на сточарството чувале овци, кози, крави, волови, коњи, магариња, мазги, свињи и друго. По ослободувањето на земјата од фашизмот поголем број жители работеле во општествените дејности, во производните и трговските претпријатија. Доста се одело на печалба во странство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948395—    
1953414+4.8%
1961368−11.1%
1971290−21.2%
1981289−0.3%
ГодинаНас.±%
1991330+14.2%
1994194−41.2%
2002184−5.2%
2021137−25.5%

Во текот на своето постоење, Штрбово го бележело следниот демографски развој: во 1568/69 година селото имало 92 семејства (опширен пописен дефтер за казите Горица, Биглишта и Хрупишта); во 1889 година имало 20 куќи и 162 жители (С. Верковиќ).

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Штрбово имало 114 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Штрбово имало 152 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Штрбово се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.

Селото Штрбово е населено со македонско население, кое во 1961 година броело 368 жители, а во 1994 година спаднало на 195 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Штрбово имало 184 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 137 жители, од кои 129 Македонци, 2 останати и 6 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 114 152 395 414 368 290 289 330 194 184 137

Родови

Селото Штрбово отсекогаш во целост е населено со Македонци од православна христијанска вероисповед. Родови и семејства од Штрбово се: Василевци (Мирчевци), Голчеви (скоро доселени), Диневци (Глашовци, Гемишовци, Кирјаковци, Марковци и Крстиновци), Димовци (Ничевци), Дојчиновци (Секуловци), Дајошевци, Ѓорѓиовци (Тасевци), Јоровци (Ташовци, Фотевци, Милевци), Костовци, Кринчевци (Петковци), Мурџевци (Пановци, Петревци, Малинајдовци, Карамфиловци, Стојановци), Николовци (Минговци, Цветковци, Ефтимовци), Рабаџиовци, Спировци (Ласковци, Пурдевци), Филиповци (Наумовци) и Црковци (Лазаровци).

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

Општествени установи

  • Подрачно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Ресен, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Ресен.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Ресен. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Ресен.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Љубојно, во која покрај селото Штрбово, се наоѓале и селата Арвати, Брајчино, Долно Дупени, Крани, Љубојно, Наколец и Сливница. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Крани, во која влегувале селата Арвати, Крани, Сливница и Штрбово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1653 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 186 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на црквата „Св. Атанасиј“ во Горно Село
Штрбово: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Гробјанската селска црква „Св. Никола“ близу денешното село
    Археолошки наоѓалишта
  • Нивје — црква и некропола од средниот век;
  • Грамада — населба од доцноантичко време;
  • Куќишта — населба од средниот век;
  • Гура — населба од доцноантичко време;
  • Крес — црква и некропола од средниот век.
    Цркви
    Реки
    Споменици
  • Спомен-плоча за загинатиот жител во НОБ

Редовни настани

Личности

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Штрбово Потекло на иметоШтрбово Географија и местоположбаШтрбово ИсторијаШтрбово СтопанствоШтрбово НаселениеШтрбово Општествени установиШтрбово Самоуправа и политикаШтрбово Културни и природни знаменитостиШтрбово Редовни настаниШтрбово ЛичностиШтрбово НаводиШтрбово Надворешни врскиШтрбовоДолна ПреспаОпштина РесенПреспанско ЕзероРесен

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Александар III МакедонскиЏорџ Гордон БајронОпштина ВиницаКувајтКорозијаМатичен млечОхридско ЕзероПиреј (роман)Џек ЛондонДен на независноста на МакедонијаСтарецот и моретоЕлектромагнетСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваМакедонска крвава свадбаНезависносложени реченици во македонскиот јазикМакедонски пасошОсновен приходСтојанче АнгеловБлаже КонескиМакедонски парламентарни избори (2008)Богородичната црква во ПаризМакедонска азбукаГамеланКирхофови закони за струјното колоТодор АлександровДаме ГруевШеќерна приказнаМјузиклФлејтаБезовоБолести и аномалии на очитеЛавБиблијаСкржавецот (Плавт)КуранГихтБалкански ПолуостровМакедонциВилијам ШекспирЗбунети годиниПаралелограмМајка ТерезаОпштина КратовоЗнаме на МакедонијаЛист (ботаника)Горан БреговиќДемографија на МакедонијаРамностран триаголникОпштина КочаниОче нашКрал МаркоЛеонтијМеѓународни празнициРоманијаОхридОктомвриска револуцијаДијана (принцеза од Велс)Калеш АнѓаПчелиЕвропаИменкаЗатемнување на СонцетоСлаткаристикаСписок на државни знамињаРечник на стари македонски зборовиПрисовјаниИзбори во МакедонијаВранаЕврејски празнициПолицијаНовак ЃоковиќСложена реченицаХристијанизација на Киевска РусијаБигорски манастирКанадаСпоменка (книга)Томе АрсовскиВтора светска војнаБратислава🡆 More