Ханс Кристијан Ерстед

Ханс Кристијан Ерстед (дански: Hans Christian Ørsted); 14 август 1777 – 9 март 1851) – дански физичар, хемичар, и следбеник на Имануел Кант кој го открил магнетниот ефект на електричната струја.

Денес најмногу е познат по Ерстедовиот закон. Во 1824 година, Ерстед го основал здружението на природните науки во Данска. Исто така, основач е на данскиот метереолошки институт и данскиот државен завод за заштита на индустриска сопственост. Ерстед е првиот кој експлицитно го опишал мисловниот експеримент. Водач на таканаречениот Дански Златен век, Ерстед бил близок другар на Ханс Кристијан Андерсен и братот на Андерс Ерстед, кој подоцна ќе стане премиер на Данска (1853-54). Во чест на Ерстед, мерната единица за магнетна сила е наречена ерстед.

Ханс Кристијан Ерстед
Hans Christian Ørsted
Ханс Кристијан Ерстед
Роден(а)14 август 1777(1777-08-14)
Рудкебинг, Данска
Починал(а)9 март 1851(1851-03-09) (возр. 73)
Копенхаген, Данска
НационалностДанска
Полињафизика, хемија
УстановиКопенхашки универзитет
ОбразованиеКопенхашки универзитет (докторат) (1799)
Познат попронаоѓање на електромагнеризмот
Влијание одИмануел Кант
Поважни наградиКоплиев медал (1820)
Потпис
Ханс Кристијан Ерстед

Животопис

Ханс Кристијан Ерстед 
Ханс Кристијан Ерстед

Ханс Кристијан Ерстед е роден во Родкобинг. Уште како млад го развил неговиот интерес за науката додека работел со татко му, кој бил сопственик на аптека. Тој и неговиот брат Андерс поголемиот дел од нивното знаење го стекнале дома, за да во 1793 година се запишат на Копенхашкиот универзитет. Во 1796 година Ерстед бил награден за неговите трудови од областа на физиката и акустиката. Докторирал во 1799 година со дисертација заснована на дело на Кант насловено Архитектурата на природната метафизика.

Во 1801 година Ерстед добил патувачка стипендија која му овозможи три години да патува низ Европа запознавајќи се со познати физичари како Вилхелм Јохан Ритер, физичар кој верувал дека има врска меѓу електрицитетот и магнетизмот. Ова му звучело логично на Ерстед и се сетил на мислата на Кант според која сите природни појави се меѓусебно поврзани.

Нивните разговори го привлекле интересот на Ерстед за физиката. Во 1806 година бил вработен како професор на Копенхашкиот универзитет каде што продолжил со неговите експерименти за струјни кола и акутистика. Под негово раководство универзитетот развил сеопфатна програма за физика и хемија и биле формирани нови лаборатории.

Во 1800, Алесандро Волта открил галвански елемент инспирајќи го Ерстед да размисли за природата на електрицитетот и да ги започне неговите први експерименти околу електрицитетот. Меѓу 1800 и 1803 ја посетил Германија, Франција во 1812 откако објавил прирачник насловен Интродукција кон природните науки (дански: Videnskaben om Naturens Almindelige Loveand Første Indledning til den Almindelige Naturlære).

Во Берлин го напишал неговиот познат есеј за идендитетот на хемиските и електричните сили во кој за првпат ја наведува врската меѓу магнетизмот и електрицитетот. Потоа, во Париз го превел неговиот текст на латински заедно со Марсел де Серес. Кралското друштво во Лондон му го дал Коплиевиот медал, а Француската академија му додели 3000 франкови. Ерстед имал само 43 години кога дошол до ова големо откритие.

Во 1822 година, Ерстед бил избран за член на Кралската академија на науките во Шведска.

Во 1825 година, Ерстел дал значителен придонес кон хемијата наоѓајќи начин за продуцирање на алуминиум, изолирајќи го елементот преку редукција на алиминум хлорид.

Во 1829 година, Ерстед го основал Колеџот за напредна технологија, којшто подоцна бил преименуван во Технички универзитет на Данска. Истата година го основал Кралскиот политехнички институт и бил директор на истиот.

Ерстед починал на 9 март 1851 година во Копенхаген.

Електромагнетизам

Ерстедовиот ефект покажан со игла од компас и жица од проф. Оливер Зајков на Институтот за физика при ПМФ, Скопје.
Ханс Кристијан Ерстед 
Споменик на Ханс Кристијан Ерстед, Копенхаген

На 21 април 1820 година, за време на едно предање, Ерстед приметил дека иглата на компасот се отклонила од север кога низ електричното коло протекла струја, потврдувајќи ја директната врска меѓу електрицитетот и магнетизмот. Неговата првична интерпетација била дека магнетните сили зрачат од сите страни на жицата кога низ неа протекла струја. Три месеци подоцна почнал поинтензивни истражувања и истите ги објавил, покажувајќи дека електричните кола создава циркулаторно електрично поле. Ова откритие не било случајност, бидејќи Ерстед претходно ја истражувал врската меѓу електрицитетот и магнетизмот со години. Според некои, италијанскиот научник Џан Доменико Ромагноси е првиот кој ја пронашол врската меѓу електрицитетот и магнетизмот, околку две децении пред Ерстед. Експериментите на Ромагноси покажале дека електрично коло можело да ја отклони иглата на компас. Неговите истражувања биле објавени, но биле игнорирани од научната заедница.

Откритијата на Ерстед предизвикале многу истражувања во електродинамиката, инспирајќи го францускиот физичар Андре Мари Ампер математички да го претстави откритието на Ерстед.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ханс Кристијан Ерстед ЖивотописХанс Кристијан Ерстед ЕлектромагнетизамХанс Кристијан Ерстед ПоврзаноХанс Кристијан Ерстед НаводиХанс Кристијан Ерстед Надворешни врскиХанс Кристијан Ерстед14 август177718519 мартДанскаДански јазикИмануел КантМетеорологијаФизикаХанс Кристијан АндерсенХемија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПрирокМакедонски парламентарни избори, 2006Армија на МакедонијаТрапезЉубе БошкоскиФлебитисБременостПиреј (роман)КичевоКарлес ПуџдемонШеќерна приказнаБорис ТрајковскиМакедонски народни инструментиХипотироидизамАвтоимуна болестСтарецот и моретоБиполарно растројствоЕмре БејЖивотна срединаБошко СмаќоскиИзборна единица 9Кронова болестДенес над МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаМечкин КаменВекторТапанОпштина ШтипИзборни единици во МакедонијаЗагребПенис (човек)Електричен автомобилТриаголникЛионел МесиКомпасКумановоПрочкаЦветнициФК Манчестер СитиХормонЧорбаџи ТеодосЕтанолОпштина ПробиштипДемографија на МакедонијаУставен суд на МакедонијаЧинови на Армијата на МакедонијаМРП вакцинаДржавни празници во БугаријаДелењеБубрегНезависносложени реченици во македонскиот јазикСолунСолиХрватскаКоле ЧашулеИсторија на БугаријаТашмаруништаГрб на МакедонијаКорошиштаStaphylococcus aureusМинистерство за животна средина и просторно планирањеГаличицаДен на шегатаГалијаШведскаМикеланџело БуонаротиТројанска војнаБели мугриДекамеронОхридАмазонРобинзон КрусоЗборник на МиладиновциКвадратСписок на политички партии во МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2016)Општина СтругаЛокални избори во Македонија (2013)Македонски народни песни🡆 More