Фригија: древно кралство во Анадолија, денешна Турција

Фригија (старогрчки: Φρυγία) ― древно кралство во средишниот дел од Анадолија, околу долината на реката Сангарис .

Откако била освоена, Фригија станала регион на големите царства од тоа време.

Фригија
Древно кралство во Анадолија
МестоположбаСредна Анадолија, Турција
ЈазикФригиски
Државата постоелаДоминантно кралство во Мала Азија од околу 1200 до 700 година п.н.е
Главен ГрадГордион
(денешен Јасијик во Турција)
Phrygia among the classical regions of Anatolia

Легендите раскажуваат за неколку познати фригиски кралеви:

Според Хомеровата Илијада, Фригијците учествувале во Тројанската војна како сојузници на Тројанците во борбата против Ахајците. Фригиската моќ го достигнала својот врв кон крајот на 8-миот век п.н.е. за време на еден друг, историски, крал Мида, кој владеел со поголемиот дел од западна и централна Анадолија и се спротивставил на Асирија и Урарту за превласт во источна Анадолија. Овој подоцнежен Мида, бил последен независен крал на Фригија. Околу 695 г. п.н.е. Кимерите ја ограбиле фригиската престолнина, Гордиум. Фригија потоа била освоена од Лидија, а по неа и од Персија, Македонија, Пергамон, Римското и Византиското Царство. Во византиско време Фригијците станале христијани и се асимилирале во византиската држава; по турското освојување на византиска Анадолија, името „Фригија“ повеќе не се употребувало како име на територија.

Географија

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Местоположба на Фригија во Анадолија

Фригија го зафаќала западниот дел од Анадолската Висорамнина. Тоа е претежно сушен регион за разлика од шумските области северно и западно од него. Северозападниот дел од Фригија е област на сува степа прошарана со речниот слив на Сакарија и Порсук и таму се наоѓале населбите Дорилеум во близина на современиот Ескишехир и фригискиот главен град Гордион. Има сурова клима со топли лета и студени зими. Поради тоа, маслинките тешко успевале овде, а земјиштето најмногу се користи како паша за добиток и за одгледување јачмен.

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Археолошкиот локалитет Гордион

Потекло

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Храмот посветен на Зевс во античкиот фризиски град Ајзанои. Храмот е светско наследство на УНЕСКО
Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Театарски комплекс Ајзанои во Фригија

Доселување на Фригијците

Според античките историчари, Фригијците во Анадолија се доселиле од Балканот. Херодот вели дека Фригите додека живееле во Европа биле наречени Бриги. Тој и други антички писатели, исто така, запишале легенди за кралот Мида кого го поврзуваат или викаат дека потекнува од Македонија; Херодот, на пример, вели дека градината со диви рози во Македонија го добила името по Мида.

Некои антички писатели, Фригите ги поврзуваат и со Мигдоните, име кое се користи за две заедници, при што едната живеела во северниот дел од Македонија, а другата во Мизија.

Античкиот историчар Страбон како народи кои од Балканот се населиле во Анадолија ги наведува: Фригијците, Мигдоните, Мизијците, Бебриките и Битините.

Фригиски јазик

Фригискиот јазик се зборувал до 6 век  од новата ера, но сепак неговата посебна азбука престанала да се користи многу порано. Една од Хомеровите химни наведува дека фригискиот јазик не бил разбирлив за населението во Троја, а натписите пронајдени во Гордиум јасно покажуваат дека Фригијците зборувале индоевропски јазик кој не припаѓа на семејството анадолски јазици кои се зборувале во повеќето соседни областо, како на пример хетитскиот.

Во историјата на јазикот се издвојуваат два периода: старофригиски (8-5 век п.н.е.) и новофригиски (1-3 век н.е.). Фригискиот последен пат се споменува како жив јазик во извори од 5 век од нашата ера, но постојат индиции дека јазикот конечно изумрел дури по арапската инвазија во 7 век од нашата ера. Зачувани се околу 340 натписи од старофригискиот период, од кои околу 250 се пронајдени во околината на Гордион. Пронајдени се 113 нови фригиски натписи, и речиси сите тие се епитафи, проследени со клетви против можни сквернавења и крадци на гробници. Најдолгиот фригиски натпис се состои од 285 букви.

Нови претпоставки за преселбата

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Фригиски војници. Детал од реконструирана фригиска зграда во Пазарли, Чорум, Турција, 7-6-ти век п.н.е.

Денешните историчари ја отфрлаат фригиската преселба и сметаат дека тоа е само обична легенда која најверојатно произлегла од сличноста на нивното име со Бригите. Има теории кои се обидуваат да докажат дека доселувањето во Фригија се случило пред времето што го наведуваат класичните извори. Тие се обидуваат доаѓањето на Фригите да го поврзат со падот на Хетитското Царство.

Според теоријата за „подоцнежна преселба“, Фригите се доселиле непосредно пред или по распадот на Хетитското Царство на почетокот од 12. век п.н.е., и го пополниле политичкиот вакуум во средна-западна Анадолија, и можеби се вброени меѓу „морските народи“ на кои Египет им ја припишува заслугата за падот на Хетитите.

Поврзаност со хетитски претходници

Некои историчари, наводите од Илијада дека Фригите ја населувале долината на реката Сакарија пред Тројанската војна го прифаќаат како факт. Според тоа, тие би требало да бидат таму за време на подоцнежните фази од Хетитското Царство, а најверојатно и пред тоа. Затоа ги отфрлаат претпоставките за подоцнежно доселување во Фригија, и сметаат дека Фригијците потекнуваат од мноштвото народи од западна Анадолија кои биле ппотчинети од Хетитите. Ваквата интерпретација е поткрепена и со легендите за основањето на главниот град на Фригија, Гордиум од Гордиј и на Анкира од Мида, кои кажуваат дека Гордиум и Анкира постоеле долго време пред Тројанската војна.

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Урнатините на Ликус

Поврзаност со Ерменците

Херодот (околу 440 г.п.н.е.) напишал дека Ерменците се преселиле од Фригија, која во тоа време зафаќала голем дел од западна и средна Анадолија: „Ерменците биле опремени исто како Фригијците, бидејќи биле фригиски колонисти“ (7.73) Според Херодот, Фригијците потекнуваат од Балканот, од област што се граничи со Македонија, од каде што при крајот на бронзеното време се преселиле во Анадолија. Ова поттикнало неколку научници, како Игор Диаконоф, да претпостават дека и Ерменците потекнуваат од Балканот и заедно со Фригите се преселиле на исток. Сепак, теоријата за балканско потекло на Ерменците, иако порано била прифатена од многу научници, во последниве години се соочува со противење поради јаз во временската рамка и недостатокот на генетски и археолошки докази. Некои научници, пак, поставиле теорија дека Фригијците и/или со нив сродниот народ Мушки потекнуваат од Ерменија и се преселиле на запад.

Многу лингвисти ја отфрлиле блиската врска меѓу ерменскиот и фригискиот јазик, и покрај тоа што велат дека двата јазика имаат некои заеднички карактеристики. Фригискиот денес е класифициран како centum јазик, а ерменскиот е претежно satem.

Историја

За време на Тројанската војна

Според Илијада, татковината на Фригијците се наоѓала на реката Сангариј, која била центар на Фригија во текот на целата нејзина историја. Фригија била позната по своето вино и имала „храбри и стручни“ коњаници.

Според Илијада, пред Тројанската војна, младиот крал Пријам од Троја со своја војска заминал за Фригија за да им помогне во војната против Амазонките. Хомер Фригијците ги нарекува „народот од Отреј и божествениот Мигдон“. Според Еврипид, Квинт Смирнски и други, синот од Мигдон, Короеб, се борел и умрел во Тројанската војна; тој ја побарал за раката на тројанската принцеза Касандра.

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Коњаник и грифон, Фригија, 600–550 п.н.е.

Според Библиотека, Херакле го убил кралот Мигдон во битка во северозападна Анадолија, која ако навистина се случила тоа било околу една генерација пред Тројанската војна. Според легендата, додека патувал од Миноа до кај Амазонките, Херакле застанал во Мизија и им помогнал на Мизите во битката со бебрикескиот крал Мигдон. Според некои толкувања, Бебрикес е друго име за Фригијците, а овој Мигдон е истата личност која се спомнува во Илијада.

Кралот Пријам се оженил со фригиската принцеза Хекаба (или Хекуба) и бил во сојуз со Фригијците, кои му возвратиле „жестоко“ борејќи се против Грците во Тројанската војна. Хекаба била ќерка на фригискиот крал Димант, син на Еонеј. Според Илијада, во Троја се борел и помладиот брат на Хекаба, Асиј (види погоре); а Квинт Смирнеј спомнува двајца внуци на Димант кои паднале во рацете на Неоптолем на крајот од Тројанската војна.

Во една од таканаречените Хомерови химни, се вели дека Фригија „изобилува со тврдини“ и со неа владее „познатиот Отреј“.

Подем и уништување на фригиското кралство

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Детал од фригиска градба во Парарли, Турција, 7-6-ми век п.н.е.: Музеј на анадолските цивилизации, Анкара. Прикажани се грифон, сфинга и два кентаури.

Во текот на 8 век п.н.е., Фригиското Кралство со главен град Гордиум во долината на реката Сакарија станало царство кое доминирало со поголемиот дел од средна и западна Анадолија и зело територии од многу поголемото Асирско Царство и кралството Урарту.

Според античките историчари Страбон, Евсевиј и Јулиј Африканецот, во тоа време крал на Фригија бил (друг) Мида. Овој историски Мида се верува дека е истата личност именувана како Мита во асирските текстови од тој период и идентификувана како крал на Мушките. Научниците сметаат дека Асирците ги нарекувале Фригијците „Мушки“ затоа што Фригијците и Мушките, кои биле источноанадолски народ, во тоа време имале заедничка војска. Се смета дека Мида владеел со Фригија од околу 720 г. п.н.е до околу 695 година п.н.е. (според Евзебиј) или 676 г п.н.е. (според Јулиј Африкан). Еден асирски натпис во кој се споменува „Мита“, кој потекнува од 709 година п.н.е., за време на владеењето на Саргон од Асирија, вели дека Фригија и Асирија тогаш веќе имале склучено примирје. Најверојатно Мида имал добри односи и блиски трговски врски со Грците и се верува дека се оженил со грчка принцеза од Еол.

Во овој период во Гордиум имало процут на пишаниот фригискиот јазик, а била користена азбука прилагодена од феникиската.

Меѓутоа, Фригиското Кралство тогаш било освоено од Кимеријците, а Гордиум бил ограбен и уништен. Според Страбон и други, Мида се самоубил пиејќи крв од бикови.

Фригија: Географија, Потекло, Историја 
Гробница во градот Мида (6-ти век п.н.е.), во близина на Ескишехир

Ископувањата на местото каде се наоѓал градот Гордион го потврдуваат насилното уништување на Гордион околу 675 година п.н.е. Гробница од тој период, наречена како „Гробницата на Мида“, содржела дрвена структура закопана длабоко под огромна могила, во која имало гробни предмети, ковчег, мебел и храна (Археолошки музеј, Анкара).

Поврзано

Наводи

Користена литература

Надворешни врски

Tags:

Фригија ГеографијаФригија ПотеклоФригија ИсторијаФригија ПоврзаноФригија НаводиФригија Користена литератураФригија Надворешни врскиФригијаАнтикаМала АзијаСакарија (река)Старогрчки јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КратовоДарко ПанчевБабуна (река)Историја на македонскиот народНовак ЃоковиќРепродуктивен системОвен (хороскопски знак)ОхридФранцијаОпштина Демир ХисарДванаесет АпостолиЦрн ДримВелигденСрцево заболувањеРефет АбазиНикола ГруевскиЕкологијаАдминистративна поделба на МакедонијаНационален парк ГаличицаКрим (полуостров)Крсте Петков МисирковЗнаме на МакедонијаСтара скопска чаршијаНационален парк МавровоОпштина БутелКамењанеМасакр кај ВејцеХазби ЛикаШопиНикола ТеслаВиницаБензенГолеми и мали (роман)ШизофренијаТуберкулозаБелгијаМакедонско ракописно писмоАртритисЧовечки папиломен вирусГихтСвети Кипријан СлепченскиЃорче ПетровЕритематозни дерматозиОхридски рамковен договорСвета ГораКокошка29 априлВладо ЈаневскиTime.mkЈосип Броз-ТитоИндијаРепублика СрпскаБроеви во македонскиот јазикРастенијаАлгиЛила СтојановскаОче нашПростатаСрбијаСкопска Црна ГораПрва влада на Никола ГруевскиЖивотниВенко МарковскиДраги КостовскиСуданЛазар КолишевскиКоле НеделковскиМозочен ударÈ (кирилица)Јани БојаџиБорис ЧоревскиЗбогум Румелија (ТВ-серија)Античка МакедонијаДевица (хороскопски знак)АневризмаТрст🡆 More