Умово: село во Општина Студеничани

Умово — целосно раселено село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, јужно од градот Скопје.

Селото е иселено и според пописот од 2002 година нема жители.

Умово
Умово во рамките на Македонија
Умово: Географија и местоположба, Историја, Население
Умово
Местоположба на Умово во Македонија
Умово на карта
Координати 41°52′5″N 21°25′42″E / 41.86806° СГШ; 21.42833° ИГД / 41.86806; 21.42833
Општина Умово: Географија и местоположба, Историја, Население Студеничани
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25136
Надм. вис. 775 м
Умово на општинската карта
Умово: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Умово во рамките на општината
Умово: Географија и местоположба, Историја, Население Умово на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 60 мажи муслимани, со 3 новороденчиња. Било забележано дека двајца мажи со семејствата тазе се доселиле во селото. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 332 жители.

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 425 жители муслимани (Македонци).

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948783—    
1953825+5.4%
196164−92.2%
197117−73.4%
198135+105.9%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според пописот од 2002 година, во селото Умово немало жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 425 783 825 64 17 35 0 0 0 0

Родови

Умово било торбешко село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Јонузовци (37 к.) доселени биле од некое село Умово кај Дебар (дебарско). Доселени биле пред околу 270 години, се знае следното родословие: Зибер (жив на 78 г. во 1950 година) Асим-Амет-Етем-Алија-Суљо, кој се доселил. Јонузовци се делат на следните гранки: Мемедовци, Рашитовци, Имеровци, Шаиновци, Максутовци, Зенеловци, Аметовци, Абазовци, Ќаиловци, Везуловци, Саитовци и Зеадиновци; Алиовци (12 к.), Мамутовци (8 к.), Скендеровци или Дебрановци (14 к.), Јусуфовци (12 к.), Ноомалци (11 к.), Бектешовци (6 к.), Дичевци (3 к.), Аџовци (4 к.), Ејуповци (3 к.) сите овие родови имаат место на потекло како и првиот род; Карличовци (2 к.) доселени се од некое село Карлици во Дебарско; Дошлаковци (3 к.) доселени се од некое село во Река; Печковци (3 к.) они единствено потекнуваат од предок Албанец, кој кога дошол во селото зборувал албански, но мешајќи се со Торбешите го примил македонскиот јазик. Основачот на родот бил доселен од околината на Пеќ во Косово.

Иселеништво

До 1950 година од селото имало иселено 29 семејства во Скопје, и во Турција 32 семејства. Од тогаш до денес има уште повеќе иселеници, со што денес селото е целосно иселено.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Умово Географија и местоположбаУмово ИсторијаУмово НаселениеУмово ИселеништвоУмово ПоврзаноУмово НаводиУмово Надворешни врскиУмовоОпштина СтуденичаниСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Дванаесет АпостолиМалтаМузикаПретседател на МакедонијаВевчаниКамено времеИзборна единица 9Дренок (Струшко)Средоземно МореТартифЧовечки скелетНедоразбирање (драма)Општина КочаниЗаграчаниБигорски манастирВладимир Илич ЛенинКлинесто писмоРимска кујнаПрочкаОктомвриска револуцијаРадолиштаЛозје (книга)ЛалеТешкото (песна)Оптичка мамкаГоран Стефановски‘Рбетен столбЏ. Р. Р. ТолкинГрузијаНационални паркови во МакедонијаСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровОпитОпштина Ново СелоКрушевоПреспанско ЕзероПравоаголникВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоНатриум хидроксидЛокални избори во Македонија (2021)БактерииБилјана ВанковскаГраматички категории на именките во македонскиот јазикКокино (наоѓалиште)Рак на белите дробовиСписок на македонски филмовиБарешаниВагинален исцедокКоле НеделковскиЧума (појаснување)Борис ТрајковскиСпартаСписок на македонски народни и староградски песниПеперугиВелигденСелциСтрофаПартија за движење на Турците во МакедонијаВикинзиФиброаденомИндустријаГлигор ПоповскиБраќа МиладиновциПаралелограмДелењеСобрание на МакедонијаВенко ФилипчеДрогаНова годинаКоле АнгеловскиДискус хернијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеДемократијаХристијан МицкоскиМбутска митологијаСтрумички карневалХајди (роман)Струен ударГолеми и мали (роман)🡆 More