Студеничани: село во Општина

Студеничани — село во областа Торбешија, во околината на градот Скопје, во северниот дел на Македонија и центар на истоимената Општина Студеничани.

Студеничани
Студеничани: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед на селото Студеничани и падините на планината Китка во позадина

Студеничани во рамките на Македонија
Студеничани: Географија и местоположба, Историја, Население
Студеничани
Местоположба на Студеничани во Македонија
Студеничани на карта
Координати 41°54′56″N 21°31′50″E / 41.91556° СГШ; 21.53056° ИГД / 41.91556; 21.53056
Општина Студеничани: Географија и местоположба, Историја, Население Студеничани
Население 8.004 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1052
Шифра на КО 25126, 25626
Надм. вис. 315 м
Студеничани на општинската карта
Студеничани: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Студеничани во рамките на општината
Студеничани: Географија и местоположба, Историја, Население Студеничани на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Сместено во дол на допирот на подножјето на планината Китка и рамничарскиот дел на Скопското Поле. Стариот дел на селото е вовлечен во долот на Студеничанскиот Поток, додека поновиот дел односно во поново време сѐ повеќе куќи се градат и селото се шири во рамничарскиот дел на Скопското Поле во северен и северозападен правец. Студеничани се наоѓа на 16 км од Скопје и е речиси споено со соседното Драчево.

Историја

Подрачејто на селото е населено уште од раната антика, за што сведочи блиското наоѓалиште Исар (Кале), каде стојат остатоци од утврдена населба.

Во селото живееле Македонци, за што сведочи топонимијата. Демиграфската ситуација се сменила дури на почетокот на XIX век.. Првиот пишан помен на селото низ историјата се среќава во 1300 година, кога се споменува дека во оваа област водел пат од Студеничишта, кое со сигурност се однесува на Студеничани. На местото викано Киша (на албански: црква) кај џамијата во стариот дел на селото (маалото Гола), постоела црква која според преданијата е утврдено дека била посветена на Света Недела, а честопати на тоа место се ископувале и стари христијански гробови. Според предание забележано во селото Долно Лисиче, крај Студеничани во месноста Крпач постоел и манастир посветен на Свети Димитрија. Пишан доказ дека во селото Студеничани живееле Македонци христијани има во опширниот пописен дефтер за Скопскиот санџак од 1568/69 каде во селото Студеничани кое било тимар на некојси Рамазан се запишани 37 македонски христијански семејства и 6 неженети меѓу кои се среќаваат жителите со имиња Стојко Петко, Дојчин Стојко, Петко Јонко, Димитри Јован, Станко Пејо, Стојко Јонче, Милчо, Никола Златко, Никола Стефан итн.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Од почетокот на XIX век во селото започнале да се доселуваат муслимански Албанци од северниот дел на Албанија, при што Македонците христијани постепено почнале да се иселуваат сѐ до 1880 година кога последните Македонци се иселиле од селото во Скопје. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Студеничани запишал дека е село со разрушен манастир наречен Студеница Древна од каде што се правале и устави и се распространувале по сите средновековни манастири, но денеска е турско и ништо од светина не останало освен „урвали“

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.648—    
19531.714+4.0%
19611.682−1.9%
19712.315+37.6%
19813.260+40.8%
ГодинаНас.±%
199159−98.2%
19944.488+7506.8%
20025.786+28.9%
20218.004+38.3%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 50 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 155 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 318 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 574 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Студеничани живееле 480 жители, сите Албанци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 1.250 Албанци.

Во 1961 година, во Студеничани живееле 1.682 жители, од кои 1.635 Албанци, 1 Македонец, 112 Турци и само 2 останати. Во 1994 година селото има 4.488 жители, од кои 4.459 Албанци, 28 Турци и само 1 останат.

Пописот од 1991 година не се одржал целосно во селото Студеничани, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради тоа што за таа пописна година, во селото ги нема сите податоци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 5.786 жители, од кои 160 Македонци, 5.585 Албанци, 2 Турци, 2 Срби, 2 Бошњаци и 35 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8.004 жители, од кои 316 Македонци, 7.446 Албанци, 4 Турци, 2 Власи, 2 Срби, 1 Бошњак, 12 останати и 221 лице без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.648
1953 2 1.635 70 ... 7 1.714
1961 1 1.567 112 ... ... ... 2 1.682
1971 1 2.190 118 ... ... 6 2.315
1981 3 2.067 708 ... 482 3.260
1991 55 4 ... 59
1994 4.459 28 ... 1 4.488
2002 160 5.585 2 2 2 35 5.786
2021 316 7.446 4 2 2 1 12 221 8.004

Родови

Албански муслимански родови:

  • Гола - најстар род кои своето име го добиле по некој предок кој бил „гол и сиромав“, поради што може да се смета дека водат потекло од исламизирани и поалбанчени македонски староседелци
  • Реџалар, Шумбат, Љилалар, М'нче, Ибишалар (сите по потекло од Албанија), Думолар (од областа Љума во северна Албанија)
  • Калаа и Калес (двата од областа Калис во Северна Албанија)
  • Карче (од селото Бицај во областа Љума, северна Албанија)
  • Мецуљ, Џокалар, Саладан, Имералар (сите од Северна Албанија).

Македонците живеат во последните три-четириесетина куќи на крајот на Драчево, позади Православната богословија, игралиштето и зградата „Оксиген“ и училиштето „Св. Климент Охридски“, кои се водат на улицата Студеничанска и потпаѓаат под катастарската и административно во селото и општина Студеничани. Тие припаѓаат на македонските староседелски родови од Драчево: Весковски, Јаковчевци, Полтурчиновци, а некои се и подоцна доселени Стојановски, Цветановски и др.

Личности

  • Феми Јонузи (р. 15 ноември 1977) — пратеник, член на ДУИ.

Стопанство

Дел од населението се занимава со земјоделство, најмногу со одгледување тутун, пченица, зеленчук (пиперки, марули), лубеници, јагоди. Крај самиот пат кон Зелениково кој минува непосредно крај селото работат и повеќе авто-сервиси, вулканизери, перални за автомобили, ресторани за прослави, металски работилници, а во селото постојат и повеќе салони за мебел, продавници за различна стока, меѓу кои и големиот увозник на пластични материјали „Бурдем Пластик“. Дел од населението се занимава и со трговија и препродавање на земјоделски производи на скопските пазари.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Студеничани Географија и местоположбаСтуденичани ИсторијаСтуденичани НаселениеСтуденичани ЛичностиСтуденичани СтопанствоСтуденичани Културни и природни знаменитостиСтуденичани ПоврзаноСтуденичани НаводиСтуденичани Надворешни врскиСтуденичаниМакедонијаОпштина СтуденичаниСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

TrackBackФеникија‘Рбетен столбСписок на главни градови во ЕвропаВитамин Б6Момче во пижами со риги (филм)Данела АрсовскаГамеланКокино (наоѓалиште)Самоилово ЦарствоРоманијаЕкосистемОпштина ВрапчиштеТашко ГеоргиевскиЗевсКалендар на Велигденски датумиЛазар ЛиченоскиБуринецПрирокКирилицаЃорѓи АбаџиевКуранКокичеБалкански ПолуостровЛокални избори во Македонија (2017)ПискупштинаНедоразбирање (драма)Рак на панкреасотМасовни медиумиГодинаТодор АлександровНародна Република КинаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаХипертензијаРимКочаниКавадарциЧасовен појасДрагана МирковиќМбутска митологијаЗемјотресВирусРајко ЖинзифовНационални паркови во МакедонијаКиселинаОпштина КумановоЗаздравување на ранаЦветнициДрамска уметностСписок на електрани во МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 2008Алкалоид (претпријатие)МалтаСписок на држави и територии во ЕвропаТемператураЖивко МукаетовКирил ПејчиновиќСписок на архаични зборови во македонскиот јазикХајди (роман)МавровоМагнетна резонанцијаАмерикаГлаголШтрковиВелесИзет МеџитиДислексијаГрб на МакедонијаПеколот (Божествена комедија)Атрибут во македонскиот јазикПартија за движење на Турците во МакедонијаДевојката со бисерна обетка (филм)ТашмаруништаНачалник на Генералштабот на АРМПоплава🡆 More