Трубарево: село во Општина Гази Баба

Трубарево — село во Општина Гази Баба, во непосредна близина на градот Скопје.

Трубарево
Трубарево: Географија и местоположба, Клима, Историја

Поглед на дел од селото Трубарево

Трубарево во рамките на Македонија
Трубарево: Географија и местоположба, Клима, Историја
Трубарево
Местоположба на Трубарево во Македонија
Трубарево на карта
Координати 41°58′1″N 21°32′15″E / 41.96694° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.96694; 21.53750
Општина Гази Баба
Население 2.470 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1000
Шифра на КО 25135
Надм. вис. 224 м
Трубарево на општинската карта
Трубарево: Географија и местоположба, Клима, Историја

Атарот на Трубарево во рамките на општината
Трубарево: Географија и местоположба, Клима, Историја Трубарево на Ризницата

Географија и местоположба

Трубарево се наоѓа на 21°31'46" источна географска должина и 41°59'0" северна географска ширина. Надморската височина на селото е 240 м. Сместено е во Скопската Котлина. Трубарево е низинско место. Во Трубарево поминува реката Вардар. Трубарево е опкружено со Планината Китка на југ, Скопска Црна Горана север, Водно на југозапад и Шар Планина на запад.Селото се наоѓа на 10 километри источно од центарот на Скопје на регионалниот пат Скопје - Велес. Во близина на селото се наоѓаат населените места Маџари, Гоце Делчев, Јурумлери, Горно Лисиче и Долно Лисиче. Трубарево зафаќа површина од 4,4 км2.

Клима

Климата во Трубарево е топла сува континентална. Трубарево поради својата местоположба е суво и топло село. Најтопли се летните месеци јуни, јули и август, кога температурата често достигнува до 40 °C а најладните се декември, јануари и февруари кога температурата се спушта до -10 °C. Средните температури во лето се 35 °C а во зима -1 °C. Во лето просечно 17 дена се со 40 °C а во зима 5 дена се со температура од -10 °C и пониска. Планините кои го опкружуваат го задржуваат дождот и затоа Трубарево е многу суво. Годишното количество на дожд изнесува 432 мм. Дождот најчесто паѓа од октомври до декември и од април до јуни. Од јули до септември има многу малку дожд со просечно 4 врнежливи денови. Трубарево е многу сончево, со околу 310 сончеви денови во годината.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 10 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 32 мажи христијани, со 5 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 74 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 118 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трубарево живееле 85 жители Бугари христијани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Инџиковo имало 56 егзархисти.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 113 жители. Било дел од Општина Асанбегово.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 50 Албанци.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948410—    
19531.047+155.4%
19611.078+3.0%
1971—    
1981—    
ГодинаНас.±%
1991—    
1994—    
20022.669—    
20212.470−7.5%

На пописот од 2002 година, селото имало 2.669 жители, од кои 1.973 Македонци, 494 Албанци, 12 Турци, 14 Роми, 124 Срби и 52 останати.

Поголемиот дел од попишаните Албанци се всушност Роми, познати во скопските села под името „Маљуци“, кои го прифаќаат албанскиот јазик и национална свест.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.470 жители, од кои 1.772 Македонци, 334 Албанци, 8 Турци, 4 Роми, 85 Срби, 2 Бошњаци, 44 останати и 221 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 56 410 1.047 1.078 2.669 2.470

Родови

Според исражувањата од 1953 година, родови во Трубарево се

Македонски

  • Доселеници: Кацовци (3 к.) по потекло се од Кичевско. Имаат истоимени роднини во селото Мралино. По доселувањето во скопско, нивните предци најпрво се задржале во некои други околни села; Трпковци (2 к.) доселени се однекаде; Кумановци (1 к.) доселени се од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Јурумлери и Мралино; Кукачовци (4 к.) доселени се однекаде; Минчевци (2 к.) доселени се од Идризово; Боцевци (3 к.) доселени се од Горно Лисиче. А таму од Ракотинци; Дандаровци (2 к.) доселени се Горно Лисиче; Симоновски (1 к.) доселени се од селото Сопиште. Таму припаѓале на родот Белевци; Ивановци (1 к.) и Ѓоргијовци (1 к.) доселени се од селото Говрлево. Таму биле староседелци; Славко (1 к.) Славко дошол како домазет од селото Бродец.

Српски

  • Доселеници: Радоњиќи (1 к.) доселени се во 1922 година од Цетиње во Црна Гора; Миниќи (1 к.) доселени се во 1922 година од селото Локошница кај Лесковац; Васовиќи (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Гајтана кај Јабланица; Богдановиќи (1 к.) доселени се од Кралева Куќа кај Бујановац во 1937 година; Мишиќи (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Љиљаљанца кај Бујановац; Ташковиќи (1 к.) доселени од исто место како и претходниот род во 1949 година.

Албански

  • Доселеници: Фејзовци (6 к.), Еминови (2 к.), Рамаданови (2 к.), Јашарови (1 к.), Риза Кадри (1 к.), Шаќировци (1 к.), Амзови (1 к.), Бислимови (1 к.), Реџепови (1 к.), Меметови (1 к.), Пајазитови (1 к.), Реџепови (2 к.), Риза Реџеп (1 к.), Алија Адем (1 к.), Шаќирови (2 к.), Мурат Зеќир (1 к.) сите се албанизирани Роми, наречени Маљоци. И доселени се од разни места во Косово (околината на Гнилане, Призрен, Урошевац, Качаник).

Општествени установи

Трубарево: Географија и местоположба, Клима, Историја 
Црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во Трубарево

Цркви

Културни и природни знаменитости

  • Дендропарк — арборетум кој постои од 1953 година;
  • Острово — остаток од поранешното острово на Вардар кое во 1976 година било прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;
  • Езерце — од 1994 година прогласено како заштитено подрачје во категоријата споменик на природата;

Редовни настани

Традиционално се одржува турнир во кошарка Бапка Ноќе.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Трубарево Географија и местоположбаТрубарево КлимаТрубарево ИсторијаТрубарево НаселениеТрубарево Општествени установиТрубарево Културни и природни знаменитостиТрубарево Редовни настаниТрубарево НаводиТрубарево Надворешни врскиТрубаревоОпштина Гази БабаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Глас за МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)КокошкаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаВенко ФилипчеВакцина против тетанусЛокални избори во Македонија (1996)Општина БутелМесечинаВила ВодноГлаголицаКанадаХристијан МицкоскиФудбалДУИЕстивацијаРусијаОпштина ЈегуновцеФосилНародна Република МакедонијаОвулацијаМасакрот кај ВејцеДесница (политика)АДХДСтојан АндовРепродуктивен системПрва влада на Зоран ЗаевЗНАМПатен сообраќајМијациСедум (филм)Витамин Б6ХепатитПиринска МакедонијаМакедонски БродТапанГлаголДемографија на МакедонијаХристо УзуновВанчо ШехтанскиАкутен панкреатитВодаАутизамСкопски аквадуктВодолија (хороскопски знак)Надреден знакМарокоСреден клеточен волуменTrackBackИсус ХристосДаунов синдромДуховденРистиќева палатаЛозје (книга)Стевчо ЈакимовскиЉупчо ДимовскиПсоријазаЈордан Хаџи Константинов-ЏинотРак на панкреасотИнтернетВанчо МихајловБорислав КрмовДемократска партија на АлбанцитеМајка ТерезаВлада на Љубчо ГеоргиевскиРодина МакедонијаВтора влада на Зоран ЗаевДемократска алтернативаОхридско ЕзероМакедонски претседателски избори (1994)Никола ГруевскиИгор КостескиЛибанСојуз на комунистите на МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2009Халк банкаЧовечко телоБојан Јовановски🡆 More