Јурумлери: село во Општина Гази Баба

Јурумлери — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Јурумлери
Јурумлери: Географија и местоположба, Историја, Население

Поглед на дел од селото Јурумлери

Јурумлери во рамките на Македонија
Јурумлери: Географија и местоположба, Историја, Население
Јурумлери
Местоположба на Јурумлери во Македонија
Јурумлери на карта
Координати 41°58′1″N 21°33′24″E / 41.96694° СГШ; 21.55667° ИГД / 41.96694; 21.55667
Општина Гази Баба
Население 3.256 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1047
Шифра на КО 25069, 25569
Надм. вис. 227 м
Јурумлери на општинската карта
Јурумлери: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Јурумлери во рамките на општината
Јурумлери: Географија и местоположба, Историја, Население Јурумлери на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Скопското Поле, на 7 километри источно од Скопје и 43 километри северно од Велес, во југоисточниот дел на подрачјето на Општина Гази Баба и на десната страна од патот Скопје-Велес. Селото е рамничарско, на надморска височина од 227 метри.

Историја

За настанокот на селото и неговото име е забележана една легенда дека Хавзи-паша од Скопје на почетокот на XIX век тука доселил Грци од епирскиот град Јанина кои биле вешти во правењето шалитра. По нив селото го добило името (веројатно од турскиот назив за нив). Потоа тие бргу исчезнале, голем дел изумреле, а некои се преселиле во Скопје.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948542—    
1953637+17.5%
19611.057+65.9%
19711.246+17.9%
19812.061+65.4%
ГодинаНас.±%
19913.256+58.0%
19943.326+2.1%
20022.983−10.3%
20213.256+9.2%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Урумлер и било христијанско, каде имало 26 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 90 мажи христијани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 154 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јурумлери живееле 285 жители, од кои 180 Турци и 95 Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јурумлери имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 други жители.

Јурумлери е мошне големо село, со значителна емиграција на населението. Така, тоа во 1961 година имало 1.057 жители, од кои 846 биле Македонци, 34 Албанци, 2 Турци, 19 Срби и 156 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 3.326 жители, од кои 2.865 биле Македонци, 28 Албанци, 308 Роми, 4 Власи, 69 Срби и 52 останати.

На пописот од 2002 година, селото имало 2.983 жители, од кои 2.523 Македонци, 25 Албанци, 331 Ром, 2 Власи, 58 Срби и 43 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.256 жители, од кои 2.522 Македонци, 54 Албанци, 342 Роми, 7 Власи, 62 Срби, 15 останати и 254 лица без податоци.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 542
1953 506 23 3 92 8 ... 3 637
1961 846 34 2 ... ... 19 ... 156 1.057
1971 1.012 14 168 ... 28 ... 24 1.246
1981 1.728 12 237 50 ... 34 2.061
1991 2.745 28 306 1 72 104 3.256
1994 2.865 28 308 4 69 52 3.326
2002 2.523 25 331 2 58 43 2.983
2021 2.522 54 342 7 62 15 254 3.256

Родови

Јурумлери е мешано село.

Според истражувањата од 1953 година родови во селото се:

Македонски

  • Доселеници: Робевци (5 к.) најстар македонски род во селото. Доселени се во првата половина на XIX век од селото Булачани на Скопска Црна Гора, таму имале кумови наречени Јаневи; Савески (2 к.) доселени се во XIX век, но не знаат од каде точно; Дуњечковци (2 к.) доселени се во XIX век од Долно Лисиче. Една нивна гранка прешла во Јурумлери, а од таму во Кадино; Корабџиовци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде точно; Кумановци (2 к.) доселени се од селото Идризово. А таму од селото Матејче кај Куманово. Имаат роднини во Идризово, Трубарево и Мралино; Јовевчиња (2 к.) доселени се од Горно Водно; Стојанови (1 к.) и Илијоски (4 к.) доселени се од селото Идризово во текот на Првата светска војна; Ѓечовци (4 к.) доселени се од Драчево, а таму од Драчевица. Во Драчево имаат роднини; Ицкови (4 к.) доселени се во 1922 година од селото Раштак. Таму припаѓале на родот Николови. По преданието овој род потекнувал од предок Албанец-католик од околината на Скадар во северна Албанија. Од таму предците се доселиле во селото Рашче, па потоа некој предок заминал во Раштак. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 40 г. во 1953 година) Димитрија-Димо-Ристо-Ѓорче, кој прешол од Рашче во Раштак. Николови поради тоа што порано биле католици го имаат прекарот латини; Гурмешови (3 к.) доселени се во 1923 година од селото Кучевиште на Скопска Црна Гора. Таму имале роднини; Емширови (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Кучевиште; Патлиџанои (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Кумановско; Пунџови (3 к.) доселени се во 1925 година од селото Горно Соње; Спасови (3 к.) доселени се во 1937 година од селото Горно Соње. Таму биле староседелци; Водњани (2 к.) доселени се во 1930 година од Горно Водно, таму имале роднини; Калајџиови (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак. Они се деленици од Ицкови; Стојкови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Раштак; Младеновчиња (1 к.), Тутуној (1 к.), Бачови (2 к.) и Младенови (2 к.) доселени се во 1942 и 1944 година од Горно Соње; Пупунчеви (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Раштак; Караманови (1 к.) и Ѓевкови (1 к.) доселени се во 1947 година од селото Раштак; Јосифои (1 к.) доселени се во 1945 година од селото Горно Соње. Таму имале роднини, подалечно потекло од Дебарско; Николеи (1 к.) и они се од Горно Соње; Пометкои (1 к.) доселени се од Сопиште. Таму биле староседелци; Петкоски (1 к.) доселени се од селото Орах кај Куманово.

Ромски

  • Доселеници: Селимовци (2 к.), Дурчевци (4 к.), Бафтијарови (2 к.), Џемаилови (2 к.), Идризови (3 к.), Беќирови (1 к.), Дестанови (1 к.) и Шаин Алија (1 к.) овде живеат уште од турско време.

Албански

  • Доселеници: Муслиови (1 к.) и Реџепови (1 к.) доселени се во различен период од Косово. Нивното потекло е ромско, Маљоци; Демирови (1 к.) доселени се во 1933 година од Скопје. А таму се доселени во 1920 година од селото Мало Пољцу кај Штимле во Косово; Цуц Нуа (2 к.) они се Албанци католици. Доселени се од селото Градешница кај Призрен. Брачни врски одржувале со католиците во околината на Гнилане во Косово.

Срби

  • Доселеници: Бранковиќи (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Попчица во сврљишки округ.

Општествени установи

Јурумлери: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Петар и Павле“ во Јурумлери

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

    Родени

Култура и спорт

  • ФК Нова Колонија

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Јурумлери Географија и местоположбаЈурумлери ИсторијаЈурумлери НаселениеЈурумлери Општествени установиЈурумлери Самоуправа и политикаЈурумлери Културни и природни знаменитостиЈурумлери Редовни настаниЈурумлери ЛичностиЈурумлери Култура и спортЈурумлери ИселеништвоЈурумлери НаводиЈурумлери Надворешни врскиЈурумлериОпштина Гази БабаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Мултипла склерозаПенис (човек)Морфологија на македонскиот јазикЅвезда од КутлешМоралПроизвод (математика)GmailЕвропска УнијаЕлектричен автомобилСмртност на доенчињаГлаголицаМакедонски хумористични народни приказни (книга)Електричен отпорРак на дојкаГоран БреговиќЕвропаКочо РацинОпштина Кисела ВодаПавле АрсоскиНАТОСвета ПеткаАстероидна месечинаТројанска војнаПустинаЈугославијаПрва светска војнаИсламРак на грлоФилиз Ахмет27 мартДен на шегатаБроеви во македонскиот јазикМакедонци-муслиманиСаат-кула (Битола)Левица (политичка партија)Фудбалска репрезентација на КолумбијаАбортусАВНОЈАвстралијаОпштина КривогаштаниБојан (роман)Тодор АлександровПоштенски броеви во МакедонијаЕтанолСолунДрагана МирковиќАлцхајмерова болестЕкологијаИзборна единица 3Питу ГулиЕрнест ХемингвејКомпасАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаРомбРечник на стари македонски зборовиОпштина Маврово и РостушеКамен мост (Скопје)ИзраелХомерОпштина КратовоПМГ колективПочваГлаголЛожаниПрочкаЈаспер де БејстКипарАлан Маркес ЛоуреироКатерина ТаневаНовак ЃоковиќСтепенување на придавки во македонскиот јазикЛазар Ристовски (глумец)СтругаСлаткаристикаДонтов методМакедонски парламентарни избори (2020)Кирхофови закони за струјното колоИзборна единица 9🡆 More