Булачани: село во Општина Гази Баба

Булачани — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Булачани
Булачани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед кон село Булачани

Булачани во рамките на Македонија
Булачани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Булачани
Местоположба на Булачани во Македонија
Булачани на карта
Координати 42°4′14″N 21°30′10″E / 42.07056° СГШ; 21.50278° ИГД / 42.07056; 21.50278
Општина Општина Гази Баба
Население 1.147 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25021, 25521
Слава Свети Никола
Булачани на општинската карта
Булачани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Булачани во рамките на општината
Булачани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Булачани на Ризницата
Булачани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Поглед на Сарај Маало во Булачани

Географија и местоположба

Селото Булачани се наоѓа на североисток од Скопје на падините на Скопска Црна Гора во областа Црногорија, на надморска височина од околу 500 м. Има многу убава местоположба од каде има прекрасен поглед на целата Скопска Котлина. Селото е од разбиен тип и е поделено во 7 маала: Река, Шетаровци, Бузаревци, Урдарци, Сарај, Средно и Долно Маало.. Првите четири маала лежат не левата страна на долинската падина на Булачанската Речица, а останатите 3 на десната страна и носат заедничко име Рид Маало.

Историја

Булачани во денешен облик е доста стара населба. Според еден податок се споменува во 1425 година со изградбата на Мустафа-пашината џамија.

Археолошкото наоѓалиште Кула, утврдување / збег од доцноантичкото време. На 2,5 км северно од селото и исто толку од селото Раштак, на еден висок планински гребен, на простор од 100 x 30 м се гледаат ѕидови од камен и варов малтер. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. Мавро Орбин пишува дека Марко бил погребан кај селото Блачани (Блациани) во близината на Скопје. Бидејќи село со ова име не постои, останува нејасно дали се работи за селото Булачани или за селото Блаце.

Инаку самото село од мештаните е поделено на маала и каква таква таа поделба е задржана и до ден денес. На левата страна од Булачанска Река која го дели селото на два дела се наоѓаат маалата Чурковци, Гировци, Шетаровци и Урдарци додека на десната страна се маалаат Долно, Средно и Сарај Маало.

Според едно предание, кое нема етимолошка поткрепа, с. Булачани го добило името од некоја була која била една од првите сопственички на атарот. Една од овие сестри е најверојатно таа була (жена на турски) ќерка на Мустафа паша по која селото и го добило името.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Во Булачани населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство и сточарство. Постои само еден мал индустриски капацитет, а тоа е „Буларт дизајн“ кој се занимава со изградба на монтажни куќи и вработува околу 20 луѓе, претежно од селото.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.004—    
19531.074+7.0%
1961966−10.1%
1971943−2.4%
19811.033+9.5%
ГодинаНас.±%
19911.063+2.9%
19941.080+1.6%
20021.104+2.2%
20211.147+3.9%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 66 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 263 мажи христијани, со 19 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 564 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 519 жители.

Кон крајот на XIX век, Булачани — село во Скопската каза,. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. живееле 530 жители Македонци.

На почетокот на XX век во селото работеле странските пропаганди. Во 1905 г. во Булачани имало 600 под врховенството на Бугарската егзархија и 192 патријашисти, во кое функционирало бугарско и српско училиште.

На почетокот од Балканските војни 1912 г., три жители од Булачани се борат како војници во Македонско-одринските доброволни чети.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е центар на истоимената општина и има 794 жители.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Булачани како српско село под влијание на српската пропаганда.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го означува Булачани како бугарско село под влијане на бугарската пропаганда.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 1.104 жители, од кои 1.098 Македонци и 6 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.147 жители, од кои 1.015 Македонци, 11 Албанци, 1 Ром, 4 Срби, 1 Бошњак и 115 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 530 792 1.004 1.074 966 943 1.033 1.063 1.080 1.104 1.147

Родови

Булачани е македонско село.

Според истражувањата од 1963 година родови во селото се:

  • Доселеници: Чурковци (11 к.), Ќировци (5 к.), Шетаровци (28 к.) и Бузаревци (8 к.) потеклото на сите овие родови е од околината на Прилеп (прилепско). Првиот род најпрво се населил во Влае. Во родот Шетаровци се знае следното родословие: Цветко (жив на 45 г. во 1963 година) Петре-Велко-Атанаско-Младен-Петре, основачот на родот кој се доселил; Урдарци или Миленковци (8 к.) доселени се од селото Чучер, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од селото Паливоденица кај Качаник; Ефендиовци (4 к.) доселени се од селото Паливоденица кај Качаник; Кубуровци (4 к.) доселени се од сега албанското село Сарај; Живанци (3 к.) доселени се од некое село во Скопска Црна Гора, таму имаат истоимени роднини; Црногорчевци (7 к.) и Бражданци (4 к.) доселени се од селото Бразда; Дуковци (2 к.) доселени се од некое село кај Гнилане; Какарчевци (3 к.) и Дајевци (2 к.) доселени се од некое село во Кумановско; Радевци (6 к.) доселени се од некое село во Порече; Пејковци (1 к.), Џиклевци (8 к.), Субашовци (8 к.), Паровци (1 к.), Вучковци (1 к.), Димовци (4 к.), Левковци (5 к.), Јанинци (4 к.), Оџовци (2 к.), Јаневци (4 к.) и Каринци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи

Во селото постои основно училиште „Св. Наум Охридски“ кое го посетуваат околу 500 ученици. Самата зграда на училиштето е доста стара и е градено уште во времето на Кралството Југославија со подоцнежни доградувања и реновирања. За време на Втората светска војна во борбите за ослободување на Скопје тука бил сместен Штабот на 16 македонска бригада во која активно земале учество многу жители на селото. Исто така постои здравствена станица (амбуланта) сега веќе приватна со доктор Даскалов во која здравствени услуги добиваат жителите на селата Булачани и Раштак.

Во повоениот период во селото работела и Месна канцеларија со матична служба, а во текот на 1960-тите е основана и Земјоделската задруга „Партизан“ која успешно работела во селото некаде до крајот на 1970-те години.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Личности

Иселеништво

Од ова село имало повеќе иселеници отколку што има жители во селото. Иселениците во најголем број живеат во Скопје. Но иселеници има и на други места, како. Злокуќани (Стојковци или Лукаровци), Бутел (Шаторови), Ченто (Црногорчеви), Визбегово (Димови или Кралеви), Јурумлери (Робевци), Идризово (Шаторовци), Маџари (Булачанци и Пацини), Лисиче (Ангеле).

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Булачани Географија и местоположбаБулачани ИсторијаБулачани СтопанствоБулачани НаселениеБулачани Општествени установиБулачани Културни и природни знаменитостиБулачани ЛичностиБулачани ИселеништвоБулачани НаводиБулачани Надворешни врскиБулачаниОпштина Гази БабаСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонски народни приказни (ТВ-серија)МијациСудска властРадмила ШекеринскаОсновен приходПеколот (Божествена комедија)ШахРастенијаМакедонски ораЖелезнецМакедонски парламентарни избори, 2014Загрозен видСловенијаСписок на змии во МакедонијаГоце ДелчевОхридски топчест сунѓерПоткастПатен сообраќајРак на грло на маткаЗаушкиВевчаниКозјак (езеро)Дафина СтојаноскаКалиум перманганатТромбоцитопенијаМомчило Бајагиќ-БајагаТапанСрпска странка во МакедонијаПовикот на дивинатаШтитна жлездаКатица ЈаневаМакедонски парламентарни избори (2024)Влада на Македонија од 1992Блаже КонескиОпштина ГостиварБроеви во македонскиот јазикФранцијаРоберт ПетковскиЛабуништаШтипАлександар III МакедонскиВласиАкутен панкреатитЕтничка групаНепроштеноРоманијаМакедонски парламентарни избори, 2008Јордан МијалковРак на панкреасотДвижење БесаТодор СкаловскиБиљал КасамиШпанијаРевматоиден артритисИгор КостескиУпад во Собранието на Македонија (2017)БубамариМакедонија (регион)Павле ТрајановОхридски рамковен договорПравен факултет „Јустинијан I“ - СкопјеЉубиша ГеоргиевскиСеверна АмерикаНова социјалдемократска партијаСебороичен дерматитМиле ЈаневскиОпштина БрвеницаАнгинаМакедонски парламентарни избори, 1994Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПанко БрашнаровСлепо цревоМеѓународен ден на трудотУрологијаВејцеПолип на маткатаИлинденско востание🡆 More