Населба Во Скопје Злокуќани: село во Општина Карпош

Злокуќани — село во Општина Карпош, кое територијално е споено со градот Скопје, со што со тек на времето станува населба на градот.

Се наоѓа на надморска височина од 280 метри, и има 1.635 жители.

Злокуќани
Населба Во Скопје Злокуќани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Панорамски поглед на Злокуќани и градот Скопје од јужните падини на Зајчев Рид

Злокуќани во рамките на Македонија
Населба Во Скопје Злокуќани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Злокуќани
Местоположба на Злокуќани во Македонија
Злокуќани на карта
Координати 42°1′36″N 21°22′33″E / 42.02667° СГШ; 21.37583° ИГД / 42.02667; 21.37583
Општина Карпош
Шифра на КО 25143
Надм. вис. 280 м
Населба Во Скопје Злокуќани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Злокуќани на Ризницата

Географија и местоположба

Населба Во Скопје Злокуќани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото Злокуќани од кејот на реката Вардар

Злокуќани се наоѓа во северозападниот дел на Скопската Котлина во подножјето на Зајчев Рид и практично е приградска населба на Скопје. Селото е рамничарско и лежи на надморска височина од 270 метри. Злокуќани е во непосредна близина на утоката на реката Лепенец во Вардар, од нејзината лева страна.

Историја

Населба Во Скопје Злокуќани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Панорамски поглед на Злокуќани и градот Скопје од јужните падини на Зајчев Рид

Токму на местото на Злокуќани се наоѓаат најголемиот дел од ископините на античкиот град Скупи. Веднаш на почетокот на селото се наоѓа и наоѓалиштето со остатокот од античкиот пат кој минувал тука, ранохристијанската базилика, амфитеатарот и др.

За потеклото на името Злокуќани се поврзува со легендата за Злите Куќи односно „Зли Куќи“. Во минатото во раниот период на Османлиското Царство луѓето кои сакале на ова место да изградат свои куќи при ископот за поставување на темелите често наоѓале коски и костури, остатоци од антички гробници, разни плочи со натписи и предмети од некогашниот антички град Скупи. Поради пронаоѓањето на овие предмети и особено на коските и костурите ова место било завикано „Зли Куќи“, а подоцна од тоа име селото го добило своето денешно име Злокуќани.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било било христијанско, со 21 христијанскио домаќинство. На овој попис биле забележани 73 мажи христијани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 148 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 231 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Злокуќани имало население од 100 жители Македонски христијани.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 65 жители. Било дел од Општина Бардовци.

Стопанство

Поради тоа што во Злокуќани последниве години се изградени луксузни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари економската структура на населението на Злокуќани е драстично променета.

Меѓутоа голем дел од староседелското население се занимава со земјоделство. Во Злокуќани највеќе се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата. Во Злокуќани работат и доста автомеханичарски сервиси.

Демографија

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Злокуќани има 1.635 жители, од кои:

Последниве години Злокуќани доживува огромен пораст на своето население, пред сè поради тоа што во Злокуќани се населуваат познатите скопски стопанственици, јавни личности и политичари.

Родови

Злокуќани e етнички мешано село.

Според истражувањата од 1952 година, родови во Злокуќани се:

  • Македонци: Букларовци (4 к.) доселени се од Ракотинци или Сопиште, не знаат точно од кое од овие две села се дојдени, најпрво се иселиле во селото Шишево, па во Злокуќани. Го знаат следното родословие: Благоја (жив на 37 г. во 1952 година) Велко-Трпче, основачот на родот кој се доселил, во Злокуќани се познати и како Павловци; Трајковци (1 к.) доселени се од сега населбата Сарајско Оризари; Јаневци (1 к.) доселени се од Инџиково; Стојковци (3 к.) доселени се од селото Булачани, таму припаѓале на родот Лукаровци; Анѓеловци или Весковци (2 к.) по потекло се од селото Петровец, од таму се иселиле во Рокомија, и во 1907 година се доселиле во селото Злокуќани, има предание дека потекнуваат од предок православен Ром; Колиовци или Велковци (2 к.) по потекло се од Велешко. Од каде отишле прво во селото Шишево, па од Шишево преминале во Сарај, таму пет (5) браќа живееле 40 години, потоа двајца (2) браќа останале во селото Сарај (род Велковци 3 к.) додека останатите дошле во селото Злокуќани во 1908 година; Аврамовци (1 к.) доселени се од селото Беличица во Горна Река; Ливринци (1 к.) доселени се од селото Чучер-Сандево во 1946.
  • Роми: Мамутовци (2 к.), Демировци (3 к.), Рамче (1 к.), Балтовци (3 к.), Османовци (2 к.), Јашаровци (2 к.), Лимановци (1 к.), Бектешовци (1 к.), Ибраимовци (1 к.) и Сулејмановци (1 к.) помеѓу овие родови некои се стари во селото, други се доселени од околните села, а трети се доселени од поедини краеви во Косово и Метохија. Последните два рода се доселени од Косово и Метохија, и тие се албанизирани.
  • Албанци: Шаќировци (1 к.) овде се доселени од тетовското село Требош во 1946 година, таму се доселени од селото Жеровјане, а таму од фисот Красниќи во северна Албанија.
  • Турци: Кадри (1 к.) доселен овде од времето на Втората светска војна од Прешево (Србија).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Во минатото постоел ФК Скупи од селото.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Населба Во Скопје Злокуќани Географија и местоположбаНаселба Во Скопје Злокуќани ИсторијаНаселба Во Скопје Злокуќани СтопанствоНаселба Во Скопје Злокуќани ДемографијаНаселба Во Скопје Злокуќани Општествени установиНаселба Во Скопје Злокуќани Самоуправа и политикаНаселба Во Скопје Злокуќани Културни и природни знаменитостиНаселба Во Скопје Злокуќани Редовни настаниНаселба Во Скопје Злокуќани ЛичностиНаселба Во Скопје Злокуќани Култура и спортНаселба Во Скопје Злокуќани ИселеништвоНаселба Во Скопје Злокуќани НаводиНаселба Во Скопје Злокуќани Надворешни врскиНаселба Во Скопје ЗлокуќаниНадморска височинаОпштина КарпошСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јосип Броз-ТитоХалк банкаЛиберална партија (Македонија)ЕстрогенДропкаХристијанствоПентоксифилинАнгинаСпоменка (книга)АмерикаПавле АрсоскиОпштина ОхридДимитар МиладиновГемиџииРоберт ПетковскиЉупчо ГеоргиевскиСписок на македонски народни и староградски песниЕден на еденМакедонски парламентарни избори (2002)Скопски аквадуктРепродуктивен системГрад СкопјеИнфективна мононуклеозаДаме ГруевОхридски рамковен договорСписок на Влади на МакедонијаЛатвијаДржавни празници во БугаријаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаАлшарРак на дојкаАвстралијаЧовечки папиломен вирусБожествена комедијаИзборна единица 1Празници во мајФранцијаКумановоОпштина Маврово и РостушеДиво месо (драма)Арбен ТаравариСипанициЅвезда од КутлешСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаФосилРистиќева палатаТигрица (птица)Бојан МиовскиИмер СелманиВасил ТупурковскиТоше ПроескиКрвВејцеАнтонијо МилошоскиКсенофобијаМенструален циклусМакедонски парламентарни избори (2011)Христијан МицкоскиИзборна единица 7Национален парк ГаличицаВагинален исцедокМендух ТачиАдријана АлачкиМакедонски денарСердаротЕндометриозаМали сипанициКандидОкситоцинРак на панкреасотНезависен политичарДимитар КовачевскиИзраелПремиер на МакедонијаПустина (роман)ЈаглехидратОпштина Карпош🡆 More