Говрлево: село во Општина Сопиште

Говрлево — село во Општина Сопиште, во областа Каршијак, во околината на градот Скопје.

Говрлево
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население

Запуштени куќи во Говрлево

Говрлево во рамките на Македонија
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население
Говрлево
Местоположба на Говрлево во Македонија
Говрлево на карта
Координати 41°55′58″N 21°20′38″E / 41.93278° СГШ; 21.34389° ИГД / 41.93278; 21.34389
Регион Скопски
Општина Сопиште
Население 3 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25059
Надм. вис. 527 м
Говрлево на општинската карта
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Говрлево во рамките на општината
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население Говрлево на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Каршијак, на јужните падини на планината Водно и источно од реката Треска во долината и сливното подрачје на Маркова Река. Селото е ридско, на надморска височина од 527 метри. Сместено е на источното подножје на ридест предел чија почва е богата со цементен лапорец, поради што цементарницата „Усје“ има отворено ископ и рудник за цемент во непосредната близина на селото. Соседни села се Света Петка, Соње, Чифлик, Барово и Осинчани.

Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило.
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Интересна камена архитектура на куќа во Говрлево, полека пропаѓа под тежината на времето.
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Интересна камена архитектура на куќите во Говрлево, повеќето се напуштени и обраснати со зеленило.

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 280 жители христијани (Македонци).

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948501—    
1953521+4.0%
1961513−1.5%
1971290−43.5%
1981124−57.2%
ГодинаНас.±%
199147−62.1%
199424−48.9%
200230+25.0%
20213−90.0%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 25 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 76 мажи христијани, со 11 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 174 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 244 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Говрлево живееле 280 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Говрлево имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 513 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Во 1961 година имало 513 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 24 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 30 жители, од кои 28 Македонци и 2 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 280 400 501 521 513 290 124 47 24 30 3

Родови

Говрлево е македонско село.

Во Говрлево отсекогаш па сѐ до денес живеат исклучиво Македонци од православна христијанска вероисповед.

Според истражувањата од 1950 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Блажовци (11 к.), Ѓоргијовци (6 к.), Лонгуровци (3 к.), Јанковци (4 к.), Спереловци (2 к.), Аврамовци (1 к.), Ѓоровци (6 к.), Акетовци (2 к.), Газиновци (1 к.), Бебешковци (1 к.) и Ивановци (7 к.),
  • Доселеници: Скендеровци (7 к.) доселени се од селото Жировница во сливот на реката Радика околу 1810 година. Се доселиле двајца роднини Скендер и Алил, Скендер во Говрлево се вратил во православие, а Алил, не сакал да живее меѓу православни и се преселил во Света Петка; Шкоровци (8 к.) доселени се од селото Зркле во Порече. Во Зркле живееле тројца браќа, еднаш во нивната куќа дошол Турчин арамија, кој се заседнал како гостин со денови, и сакал да го служи сестрата на браќата, браќа го убиле Турчинот, и околу 1820 избегале од Порече. Основачот на овој род се населил во Говрлево, вториот брат отишол во Љубош, па од таму во Долно Лисиче (Ѓокевци 7 к.), а третиот отишол во Скопска Црна Гора (некои мислат во Бањане); Манушовци (2 к.) доселени се од Козарево, сега раселено село во атарот на селото Света Петка; Николовци (1 к.) ништо не знаат за своето потекло; Богдановци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени; Ѓурчевци (3 к.) доселени се од Ботушје во Порече; Крстевци (3 к.) доселени се од селото Јаболци, каде биле староседелци; Џеповци (1 к.) доселени се од Осинчани, овој род по машка линија е изумрен, па сега се продолжува само со домазетовци; Поречановци (2 к.) доселени се од Пуста Брезница, подалечно потекло од Порече.

Општествени установи

    Цркви
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Манастирот „Св. Трифун“ во селото
Говрлево: Географија и местоположба, Историја, Население 
Црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во Говрлево

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Градиште — утврдена населба од римското и доцноантичкото време и старохристијанска базилика;
  • Манастириште — средновековна населба и некропола;
  • Св. Илија - средновековна црква;
  • Церје — населба од неолитското време.

Иселенишво

Селото е напуштено во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-от век, како последица на познатите миграции село-град, во кои луѓето ги напуштале селата во потрага по полесен начин на издршка и вработување во фабриките во Скопје, поради што најголем број жители се иселиле во приградските населби и села Горно Лисиче, Пинтија, Припор, Драчево. Сосема мал број жители се останати во селото, воглавно старци.

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Говрлево Географија и местоположбаГоврлево ИсторијаГоврлево НаселениеГоврлево Општествени установиГоврлево Културни и природни знаменитостиГоврлево ИселенишвоГоврлево ЛичностиГоврлево ПоврзаноГоврлево НаводиГоврлево Надворешни врскиГоврлевоКаршијакОпштина СопиштеСелоСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ВирусСрпска кирилична азбукаДобовјаниСостојба на материјатаАнтон ПановБиблијаТашко ГеоргиевскиОпштина СарајПодметАВНОЈБошко СмаќоскиОливера НиколоваЦрни и жолтиМакедонски претседателски избори (2024)Предмет (граматика)ШвајцаријаМатичен млечТетанусПресметување на датумот на ВелигденОпштина БеровоСончев СистемОпштина ДојранУставен суд на МакедонијаЛила СтојановскаМакедонска кујнаУкраинаСаат-кула (Битола)КактусиПодгорциСилаАлбанијаРајко ЖинзифовСписок на главни градови во светотНиколај Римски-КорсаковЧума (појаснување)МавровоПоштенски броеви во МакедонијаКронова болестЕрусалимКралство ЈугославијаКвадратДерматитЏек ЛондонСипанициЛатински јазикСписок на македонски народни поговоркиРомео и ЈулијаХераклеја ЛинкестисДекамеронЗемји членки на Европската УнијаПаралелограмПетар Поп АрсовБарешаниКопа АмерикаПанкреасСјогренов синдромЖолчкаМалтаСписок на македонски писателиКирил ЛазаровЦар СамоилВоен конфликт во Македонија (2001)Црноризец ХрабарКристофер КолумбоЛабуништаШтрковиСтрадањата на младиот ВертерАјдучка треваЛарингитисАбортусТоме АрсовскиБогородичната црква во ПаризНационален парк МавровоКарлес ПуџдемонСобрание на МакедонијаЃорѓи АбаџиевЛазар Ристовски (глумец)Љубов🡆 More