Тринаесет Колонии

Тринаесетте колонии биле колонии на Велика Британија кои се наоѓале на атлантскиот брег на Америка, основани во 17 и 18 век, кои прогласиле независност во 1776 година и ги создале Соединетите Американски Држави.

Тринаесетте колонии имале слични политички, уставни и правни системи и во нив доминирале протестанти, говорници на англискиот јазик. Колониите во Нова Англија (Масачусетс, Конектикат, Род Ајленд и Њу Хемпшир) биле создадени пред сè за верско убедување, додека другите колонии биле основани за деловно и економско проширување. Сите тринаесет колонии биле дел од колонијалните територии на Британската Империја кои се познати како Британска Америка, во кои се вбројуваат и колонии во Канада, Флорида и Карибите.

Тринаесетте колонии
Тринаесет Колонии
Знаме
Тринаесет Колонии
Местоположба на Тринаесетте колонии
Главен градАдминистрирани од Лондон, Велика Британија
Уредување Колонијална уставна монархија

Колонијалното население пораснало од само 2 илјади до 2,4 милиони во периодот помеѓу 1625 и 1775 година, кога домородните Американци биле раселувани. Населението вклучувало и луѓе подложни на систем на ропство, кој бил легален во сите колонии пред Американската војна за независност. Во 18 век, британската влада управувала со овие колонии преку политика на меркантилизам, со која централната власт управува со запоседнатите земји на начин на кој од нив извлекува поголема економска придобивка за матичната земја.

Тринаесетте колонии имале висок степен на самоуправа, активно одржувале локални избори и се спротивставувале на барањата на Лондон за поголема контрола над нив. Француската и индијанската војна (1754-1763), насочена против Франција и нејзините индијански сојузници, довела до зголемени тензии меѓу Велика Британија и тринаесетте колонии. Во текот на 1750-тите, колониите започнале да соработуваат меѓусебно наместо да се обраќаат директно кон Велика Британија. Овие меѓу-колонијални активности изградиле чувство за споделен американски идентитет и довеле до повици за заштита на нивните права, особено се истакнувало незадоволството формулирано во геслото „без застапување нема оданочување“ (no taxation without representation). Конфликтите со британската влада околу даноците и правата на колониите довеле до Американската револуција, во која колониите се здружиле во напорот за создавање на Континентален конгрес (Continental Congress). Колонистите се бореле во Американската војна за независност (1775–1783) со помош на Кралството Франција и, во многу помал степен, Холандската Република и Кралството Шпанија. Кратко пред прогласувањето на независноста, тринаесетте колонии ги сочинувале Њу Хемпшир, Масачусетс, Конектикат, Род Ајленд, Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија, Делавер, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Џорџија.

Наводи

Tags:

АмерикаДекларација за независност на САДКанадаКарибиКралство Велика БританијаСоединетите Американски Држави

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ХамлетПремиер на МакедонијаИсус ХристосПетар Поп АрсовСписок на македонски народни и староградски песниАвтоимуна болестЗагрозен видПарите се отепувачкаОпштина АеродромПченкаГолеми и мали (роман)Граничен преминМоскваТибо КуртоаЛокални избори во Македонија (2009)Македонски АлбанциВикипедија на македонски јазикМакедонски парламентарни избори (2014)ПрилепСписок на македонски народни поговоркиРепублика МакедонијаИзбори во Република МакедонијаПодржи КоњСоединети Американски ДржавиТапанЧорбаџи ТеодосСрпска странка во МакедонијаРајко ЖинзифовРак на усна празнинаМакедонски претседателски избори (2009)Демократи (политичка партија)ШишевоПневмонијаРоднински односиАлијанса за АлбанцитеДржаваФранческо ПетраркаСвети НиколеКрвАрбер АдемиВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)МагнетНалеј, налејБорислав КрмовОпштина ТетовоМенструален циклусМечкаМакедонски парламентарни избори (2006)Димитар АпасиевБалканска приказна (ТВ-серија)ЧовекЖичени инструментиДеменцијаЕмил ДимитриевТимчо МуцунскиМакедонски парламентарни избори (2020)Борис ТрајковскиОпштина МогилаПланетаМиле ЗечевиќОпштина ЛипковоЈужна АмерикаМакедонски парламентарни избори (1990)Втора светска војнаКожлеМакедонски претседателски избори, 2009Бујар ОсманиПечалбариМакедонски парламентарни избори, 2014Стефан ЛазаровШвајцаријаДесница (политика)Придавки во македонскиот јазикСопиштеМарина Поп ПанковаСмеса🡆 More