Американска Револуција

Револуционерната војна на Тринаесетте колонии е воено-политички процес од втората половина на 18.

век во кој првобитните тринаесет британски колонии во Северна Америка ја отфрлиле власта на Велика Британија и станале суверена држава — Соединетите Американски Држави. Во текот на револуцијата, колониите најпрво ја отфрлиле власта на Парламентот на Британија бидејќи во него немале свои претставници, и создале самоуправни независни држави. Овие држави, на Вториот континентален конгрес, се обединиле против британците за да ја одбранат својата самостојност, што резултирало со вооружен конфликт кој траел од 1775 до 1783, познат и како Американска војна за независност. Ова довело до целосно обединување на државите и формирање на една национална држава, која се отцепила од Британската Империја во 1776., кога Конгресот ја донел Декларацијата за независност. Со декларацијата се отфрлил легитимитетот на Британската круна и парламент во владеењето со колониите, и се создал нов легитимитет произлезен од волјата на граѓаните. Војната траела 7 години, со победа на Американците во 1781., и потпишување на мировен договор во Париз во 1783. година.

Американска Револуција
Петчлениот комитет го претставува нацртот на Декларација на независност пред Вториот континентален конгрес во Филаделфија, 1776. Слика од Џон Трумбул.

Револуцијата на Тринаесетте колонии претставувала цела низа на промени и поместувања во младото независно општество, и создавање на политички и државни органи кои ја презеле власта и организацијата на државата. Овој процес траел сè до 1787. кога е донесен Уставот на САД, со што се конечно дефинирани правните основи на новонастанатата демократска држава.

Tags:

Британската ИмперијаВелика БританијаДекларацијата за независностСАДСеверна Америка

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Рак на грлоСтара скопска чаршијаМамутчевоФранцијаСлуз-цедење во грлотоРециклирањеКрешник БектешиАндреј ЖерновскиСтево ПендаровскиЗагрозен видКриптовалутаСрпска странка во МакедонијаИзборна единица 9Алијанса за АлбанцитеГрцијаРазловечко востаниеTrackBackОпштина Ѓорче ПетровКоле ЧашулеСписок на држави и територии во ЕвропаГзим ОстрениОпштина ЦентарНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаКоле НеделковскиСтевчо ЈакимовскиКафеава мечкаФилип ПетровскиОпштина РанковцеСтале ПоповПодметЛазар КолишевскиСтојан АндовРелигијаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаПравоаголен триаголникЛиберална партија на МакедонијаПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаВанчо НиколескиМакедонски претседателски избори (1994)ШвајцаријаМултипла склерозаПоштенски броеви во МакедонијаБекир ХалимиВоен конфликт во Македонија (2001)ТетанусХрватскаХајди (роман)Гоце ДелчевУпад во Собранието на Македонија (2017)Општина Кисела ВодаОпштина Шуто ОризариГордана Силјановска-ДавковаЉупчо ЈордановскиЃорѓија ПулевскиИлијадаМакедонски КонцептМакедонска крвава свадбаПелистерРамнокрак триаголникПиреј (роман)Општина ДојранВилијам ШекспирРелигија во МакедонијаСписок на градоначалници на Општина СтрумицаЉубомир ГајдовПирамида (геометрија)АвстралијаСолунски атентатиФашизамСкопски аквадуктОпштина ИлинденТигарИзраелМоликаВтора влада на Зоран ЗаевСписок на тегоби и болки на стапалатаМомче во пижами со риги (филм)🡆 More