Тајфун Хаијан

Тајфун Хаијан (меѓународен код: 1330, шифра JTWC: 31 W, тајфун Јоланда на Филипините) — 35-ти тропски циклон во сезоната на урагани во 2013 година во северозападниот дел на Тихиот Океан и дванаесеттиот што го достигнал прагот на тајфун.

Името Хаијан (海燕) доаѓа од списокот доставен до СМО од земјите што граничат со брегот на Тихиот Океан, во овој случај Народна Република Кина, и значи „буревесник“. Ветровите на овој супер тајфун, еквивалентен на ураган од петта категорија според од Сафир-Симпсоновата скала, достигнале брзини од 230 км/ч за десет минути и 315 км/ч во текот на една минута. Се смета за најсилниот тајфун во сезоната во оваа област на земјината топка и еден од најнасилните досега.

Тајфун Хаијан
Хаијан пред да го достигне својот врвен интензитет во близина на Филипините на 7 ноември

Бил создаден како тропска бура западно од Маршалските Острови и класифициран како тајфун додека минувал над Сојузните Држави на Микронезија, а потоа се упатил на запад-северозапад. Неговата патека го води над Палау, Филипините, Виетнам, Лаос и Јужна Кина. Привремениот извештај од 15 ноември 2013 покажува повеќе од 4.000 мртви регистрирани од страна на филипинската влада и десетици илјади луѓе кои страдаат од глад, мораат да пијат небезбедна вода и без засолниште.

Оваа проценка се одвивала тешко заради огромните преостанати проблеми во комуникациите. На 22 ноември, бројот на жртви се искачил на 10.000, а 1.611 исчезнати. На 30 ноември, Националниот совет за намалување и управување со природни катастрофи (NDRRMC) објавил 5.632 мртви и 1.759 исчезнати. На 14 јануари, бројките се искачиле на 6.202 мртви, 28.626 повредени и 1.785 исчезнати.

Името Хаијан било изземено од списоците со имиња што може да се користат во иднина за тропски циклон од страна на Светската метеоролошка организација на состанокот на 25 февруари 2014. Комитетот за тропски циклони утврдил дека името повеќе не треба да се користи во ротирачкиот список по штетата и загубата на човечки животи што ги нанел.

Наводи

Tags:

Народна Република КинаСветска метеоролошка организацијаТихиот ОкеанТропски циклонФилипини

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Човекови праваСтар ЕгипетРибиМојот звукБаснаПтициМакедонски претседателски избори (2024)Избори во МакедонијаРевматоиден артритисМакедонско востаниеБременостНационален парк ГаличицаЕп за ГилгамешАлбанијаНапонSARS-CoV-2Црно семе (роман)ВелигденСтојан АндовЕкологијаСписок на политички партии во МакедонијаБубрежен каменГолеми и мали (роман)Список на планини во МакедонијаСмоларски ВодопадАлцхајмерова болестЕмре БејМакедонска радио-телевизијаМагнетАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаКавадарциОпштина Шуто ОризариСрпска кирилична азбукаОпштина КавадарциХромозомФлејтаЛокални избори во Македонија (2013)Зборник на МиладиновциБукурешки договор (1913)ТемператураМакедонски ВласиЕлектрична енергијаАутизамХидроксидЕпилепсијаФеникијаСписок на градови во Македонија по населениеСпомен-куќа на Мајка ТерезаСкржавецот (Плавт)Македонски парламентарни избори (2024)ЛавКлеопатраСелциАрмија на МакедонијаВоен конфликт во Македонија (2001)Црква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеСрцева слабостСветлинаПринцезата на зрно грашокПодгорциЃомлезеКанадаДевојката со бисерна обетка (филм)ПингвинПанонски легендиАна ФранкХристијанствоСписок на држави по населениеЛевица (политичка партија)СтрофаКралство ЈугославијаАтинаВирусТелефонЧернобилска несреќаЕлектрицитетОсновен приходБелото Циганче🡆 More