Смоланд

Смоланд (швед.

Се граничи со покраините Блекинге, Сканија, Халанд, Вестерјетланд, Естерјетланд и островот Еланд во Балтичкото Море. Името буквално значи „мали краишта“. Највисока точка е врвот ридот Томтабакен со 377 м.

Смоланд
Småland
Грб на Смоланд Småland
Смоланд
ЗемјаШведска
КрајЈеталанд
ОкрузиКрунуберг
Калмар
Јеншепинг
Халанд
Естерјетланд
Површина
 • Вкупна29,400 км2 (11,351 ми2)
Население (2009)
 • Вкупно720,358
 • Густина25/км2 (63/ми2)
Народ
 • Наречјесмолендско
Култура
 • Цветлинеја
 • Животновидра
 • Птицадрозд пејач
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.33000–34000
Повик. бр.0372
0433
0459
0470–0478
0480–0493

Управа

Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Покраината е поделена помеѓу три управни округа: Јеншепинг, Калмар и Крунуберг, со мали делови во окрузите Халанд и Естерјетланд.

Население

Смоланд има население од 720.358 жители распоредени во пет окрузи:

Округ Население
Јеншепинг (претежно) 318.343
Калмар (претежно) 208.999
Крунуберг (сосема) 183.162
Халанд (периферно) 7.081
Естерјетланд (периферно) 2.773

Географија

Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа е гола и непогодна за земјоделство. Единствен исклучок се крајбрежните делови како Калмарската Рамница. Во покраината изобилуваат езера и блата. Брегот го карактеризираат разни острови и заливи на север и обработена рамница на југ.

Најголеми градови се Јеншепинг (на северозапад), Векше (на југ) и Калмар на источното крајбрежје близу островот Еланд.

Историја

Подрачјето на Смоленд е населено во камено време и тоа пред 6000 п.н.е., кога доселениците Алби преминале ледениот мост преку Калмарскиот Проток.

Името Смоланд („мали краишта“) се должи на фактот што подрачјето во минатото постоеле неколку независни краишта: Кинда (денес дел од Естерјетланд), Твета, Виста, Ведбо, Шуст, Севеде, Аспеланд, Хандберд, Мере, Веренд, Финведен и Њудунг. Во викиншката ера и раниот среден век секој од нив имал свои закони и можел да се прогласи за неутрален во војните на Шведска, барем кога немало присуство на кралска војска во собраниската расправа. Околу 1350, за време на кралот Магнус Ериксон е донесен државен закон со кој покраините изгубиле голем дел од нивната независност.

Калмар е еден од најстарите градови во Шведска. Во средниот век бил најјужниот град во земјата и трет по големина Во тој период бил центар на железарството.

Национални паркови

Смоланд има три национални парка:

Личности

Смоланд 
Селска куќа во Смоланд во типична црвена боја со бели рабови.

Во местото Елмхулт е роден прочуениот ботаничар Карл фон Лине (1707–1778), наречен „татко на таксономијата“. По себеси го нарекол цвеќето Линеја (Linnaea borealis), кое потоа станало симбол на покраината.

Во истото место е роден и претприемачот Ингвар Кампрад, основач на IKEA.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

57°06′04″N 14°53′53″E / 57.101° СГШ; 14.898° ИГД / 57.101; 14.898

Tags:

Смоланд УправаСмоланд НаселениеСмоланд ГеографијаСмоланд ИсторијаСмоланд ПоврзаноСмоланд НаводиСмоланд Надворешни врскиСмоландБалтичко МореБлекингеЕландЕстерјетландПодатотека:Sv-Småland.oggПокраини во ШведскаСканијаХаландШвед.Шведска

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Географија на МакедонијаЦар СамоилЧовечко телоМакедонски претседателски избори (1999)Чернобилска несреќаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикХазби ЛикаТигрица (птица)Алијанса за АлбанцитеБожествена комедијаЦветнициЗагрозен видХипотироидизамФлуконазолДемографија на МакедонијаЉупчо ГеоргиевскиСојуз на комунистите на МакедонијаСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаСписок на градови во ГерманијаОпштина АеродромКалеш АнѓаЛеќаДемократи (политичка партија)ЗмијаИзраелНова алтернативаОпштина ЧашкаВлатко СтефановскиСтрептококен фарингитисАцо ШоповКиро ГлигоровФјодор Михајлович ДостоевскиРелигијаСистемски лупус еритематозусГариИстанбулГрузијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеЛазарова саботаБременостИзборна единица 1Елизабета Ѓоргиевскаuf2lnМултипла склерозаЃорче ПетровЧаирОпштина ТетовоХристијанствоТимчо МуцунскиРајко ЖинзифовМорфологија на македонскиот јазикКорупцијаВоен конфликт во Македонија, 2001ГерманијаГеографија на ГрцијаИсламКипарАвтоимуна болестСтевчо ЈакимовскиФК Реал СосиедадКронова болестБосна и ХерцеговинаМетодија Андонов-ЧентоИзборна единица 2Калиум перманганатАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанГлаголицаПаркинсонова болестНепалРастенијаКрвна групаБраиловоРесенХристо ТатарчевСтојанче АнгеловДемократски сојузОпштина ПласницаЗлосторство и казнаОхридска пастрмка🡆 More