Скиентолошка Црква

Црквата на скиентологијата (анг.

Church of Scientology) е организација посветена на праксата и промоцијата на скиентологијата. Меѓународната црква на скиентологијата (анг. Church of Scientology International) е матичната организација на Црквата на скиентологијата и е одговорна за целокупното управување, дисеминација и пропагација на скиентологијата. Секоја скиентолошка црква е поединечно регистрирана и има свој управен одбор којшто е одговорен за активностите и корпоративната благосостојба на истата. Првата скиентолошка црква е регистрирана во декември 1953 година во Камден, Њу Џерси од страна на Л. Рон Хабард. Нејзиното меѓународно седиште се вика „Златна база“ и се наоѓа во Округ Риверсајд, Калифорнија, но локацијата се чува во тајност од повеќето скиентолози.

Црква на скиентологијата
Скиентолошка Црква
Скиентолошка зграда во Лос Анџелес, Калифорнија
Основана1954 г.
Седиште„Златна база“
МестоОкруг Риверсајд, Калифорнија, САД
Претседател на Центарот за религиозна технологијаДејвид Мискевиџ
Мреж. местоwww.scientology.org

Највисокиот орган на Црквата на скиентологијата е Меѓународната црква на скиентологијата (анг. Church of Scientology International—CSI) заедно со Центарот за религиозна технологија (анг. Religious Technology Center—RTC), чие седиште е во Лос Анџелес. Меѓународната црква на скиентологијата е „матичната црква и ја има мисијата да го пропагира скиентолошкото кредо низ светот“. Основната функција на Центарот за религиозна технологија е „да ja зачува, одржи и заштити чистотата на скиентолошката технологија во согласност со оригиналните истражувања на Хабард, и да се осигура нејзината правилна и етичка доставка“. Организацијата Меѓународни скиентолошки мисии (анг. Scientology Missions International) е под контрола на Меѓународната црква на скиентологијата и Центарот за религиозна технологија, и функционира како „централната црква на скиентолошките мисии низ целиот свет“.

Иако во некои земји таа има постигнато законско признавање како религија, Црквата на скиентологијата е предмет на голем број контроверзии, и е опишана од своите критичари и како секта и комерцијален потфат.

Историја

Скиентолошка Црква 
Л. Рон Хабард, основачот на Црквата на скиентологијата.

Првата скиентолошка црква е регистрирана во декември 1953 година во Камден, Њу Џерси од Л. Рон Хабард, неговата сопруга Мери Су Хабард и Џон Галуша, иако Меѓународното Хабардово здружение на скиентолози веќе работеше од 1952 година и Хабард продавал скиентолошки книги и други предмети. Набргу потоа, тој ја објаснува религиозната природа на скиентологијата во билтен до сите скиентолози, истакнувајќи ја нејзината врска со дармата. Првата скиентолошка црква се отвори во 1954 година во Лос Анџелес.

Хабард рекол: „Цивилизација без лудило, без криминалци и без војна, каде што способните луѓе можат да просперираат, а чесните можат да имаат права, и каде што човекот слободно може да се издигне до поголеми височини се целите на скиентологијата“.

Хабард имал официјална контрола на организацијата сè до 1966 година кога таа функција е префрлена на група директори. Иако Хабард не одржувал формални односи со управувачите на Црквата на скиентологијата, тој останува цврсто во контрола на организацијата и нејзините придружни организации до својата смрт.

Во мај 1987 година, по смртта на Хабард, Дејвид Мискевиџ, еден од поранешните лични асистенти на Хабард, стапи на позицијата Претседател на одборот на Центарот за религиозна технологија, непрофитна корпорација која ги администрира заштитните марки и симболи на дијанетиката и скиентологијата. Иако Центарот за религиозна технологија е одделна корпорација од Меѓународната црква на скиентологијата, чиј претседател и главен портпарол е Хебер Јенч, Мискевиџ е во суштина водачот на движењето.

Наводи

Tags:

1953Њу ЏерсиАнглиски јазикКалифорнијаСкиентологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ЛарингитисФлуконазолИзборна единица 1Љубчо ГеоргиевскиМакедонски парламентарни избори (2006)РадишаниСписок на градови во Македонија по населениеДоксициклинВагинален исцедокФудбалМакедонски парламентарни избори, 2016Македонски ораХалк банкаСветлинаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаТони НаумовскиЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Радмила ШекеринскаВештачка интелигенцијаЦистична фиброзаОпштина КумановоНАТОРусијаНезависен политичарМинистерство за животна средина и просторно планирањеСобрание на МакедонијаРепублика МакедонијаБлогРак на панкреасотМовМакедонски претседателски избори (2024)Хазби ЛикаБалкански рисСписок на држави по населениеДемократска алтернативаОпштина Центар ЖупаДекамеронЗаконодавна властЉупчо ДимовскиРак на белите дробовиЛокални избори во Македонија (1996)ГаличицаБедија БеговскаОпштина КичевоОпштина СтругаМогорчеГаличникИсторија на Македонија (1991 - денес)Географија на ГрцијаХИВБугарски возИзраелТранслитерација на македонското писмоПавле ТрајановСлепо цревоГлас за МакедонијаСвети Наум (манастир)Општина ОхридАнтибиотик со широк спектар на дејствоЖолчкаСтрептококен фарингитисДенес над МакедонијаОфталмологијаЖивотниСолунска ГлаваВтора влада на Зоран ЗаевДаме ГруевКрушевоКрвГ’зим ОстрениЕвропаАртрозаХепатитЗлосторство и казнаОпштина ЈегуновцеМакедонски претседателски избори, 2019Азот (област)Драган Павловиќ Латас🡆 More