Рид: релјефен облик што се издига над околниот терен

Рид или брдо — земјиштен облик што се издава над околниот терен и има свој врв, иако тој може да биде благ и неизразен.

Рид: Образба и терминологија, Историско значење, Ридот како тема во уметноста и во популарната култура
Панорамски поглед на големиот рид Гроот кај Велес
Рид: Образба и терминологија, Историско значење, Ридот како тема во уметноста и во популарната култура
Поглед на Зајчев Рид кај Скопје
Рид: Образба и терминологија, Историско значење, Ридот како тема во уметноста и во популарната култура
Чоколадните Ридови во покраината Бохол на Филипините

Образба и терминологија

Разликата помеѓу рид и планина не е секогаш јасна и честопати е субјективна. Начелно се смета дека ридот е понизок и поблаг, а планината е пострмна.

Рид: Образба и терминологија, Историско значење, Ридот како тема во уметноста и во популарната култура 
Ридови во Јудејската Пустина

Ридовите се образуваат со геоморфни појави како раседи, ерозија на поголеми земјишни облици и со седимент донесен од ледници. Во случај да е седиментен, ридот настанува поради појавата на морени и друмлини или пак со ерозија на карпите, кои со абење стануваат ридови. Заобленоста кај ридовите се јавува поради дифузивното надолно движење на почвата и реголитниот материјал.

Постојат повеќе називи за разни водови на природни и вештачки ридови, зависно од нивниот изглед и начин на образба. Такви се хумката, тумбата, чуката, тумулот, друмлинот и др. Најголем вештачки рид на светот е Блекстрепскиот Скијачки Рид (Blackstrap Ski Hill, 45 м) во околината на Саскатун во покраината Саскачеван, Канада, направен за скијање.

Историско значење

Ридовите играат значајна улога во историјата на човештвото. Многу населби и градови во праисторијата стариот век се изградени токму на ридови заради безбедност од природни непогоди и непријателски напади. Познато наоѓалиште во Македонија е Вардарски Рид, но во земјата постојат голем број други археолошки подрачја на ридови. Историјата на Рим започнува со неговиот развој на седум рида. Од слични причини, ридовите имале клучно значење во војувањето, како во минатото, така и денес. Доказ за ова се бројните тврдини изградени на ридовите.

Ридот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Светиот рид“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1919 година.
  • „Под Бен Балбен“ (Under Ben Bulben) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс од 1938 година.
  • „Дрво на ридот“ - песна од истоимената книга на македонскиот поет Ацо Шопов од 1980 година.
  • „Ридови“ (Bregovi) - циклус песни во проза на српскиот писател Иво Андриќ од 1920 година.
  • Волшебниот рид“ - роман на германскиот писател Томас Ман од 1924 година.
  • „Куќа на ритчето“ (La casa in collina) - книга на италијанскиот писател Чезаре Павезе од 1959 година.
  • „Белите ридови на татковината“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.
  • „Шупливи ридови“ (Hollow Hills) - песна на британската рок-група „Баухаус“ од 1981 година.
  • „Рид со едно дрво“ (One Tree Hill) - песна на ирската рок-група „У2“ (U2) од 1987 година.
  • „Ридот Менсфорт“ (Mensforth Hill) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1980 година.
  • Англичанецот кој се качил на рид, а слегол од планина“ (англиски: The Englishman Who Went Up a Hill but Came Down a Mountain) - британски филм од 1995 година, во режија на Кристофер Монгер.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Рид Образба и терминологијаРид Историско значењеРид от како тема во уметноста и во популарната култураРид ПоврзаноРид НаводиРид Надворешни врскиРидВрв (топографија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина СопиштеГрадинарствоСловенијаБиљал КасамиЉубомир ФрчкоскиСобрание на МакедонијаПетар Поп АрсовПневмонијаИлинденско востаниеБојан ЈовановскиРечник на стари македонски зборовиДесет Божји заповедиКирил ПејчиновиќЦветнициДесница (политика)Македонски ВласиГрцијаПочваЧернобилска несреќаАлександар КирацовскиДаме ГруевМакедонски парламентарни избори, 2002Македонски претседателски избори (1994)Љупчо ЈордановскиОпштина БрвеницаЏезХартијаСердаротОпштини во МакедонијаЛасерПечалбариМеталРајко ЖинзифовРоманијаОпштествено уредувањеРастенијаКристина АгилераВласиСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаГласачки системОпштина КарбинциТоме АрсовскиМакедонијаТурцијаАдаптација (биологија)Демократска обнова на МакедонијаМакедонски парламентарни избори, 1990Поделба на властаМакедонски парламентарни избори (2014)Горјан ПетревскиЦирозаМакедонско востаниеПапратМакедонски парламентарни избори, 2011Никола КаревМакедонски претседателски избори, 2004Список на градови во МакедонијаМакедонски КонцептМаја ИвановаПоделба на гласовите во македонскиот јазикБобан ТрајковскиТриаголникИталијаХамлетГордана СилјановскаМакедонска крвава свадбаНационални паркови во МакедонијаОпштина Чучер-СандевоДеменцијаДемократска партија на Србите во МакедонијаТалофитМустафа Кемал АтатуркИзраелМозокХолокауст🡆 More