Рагнар Антон Китил Фриш (3 март 1895 - 31 јануари 1973) — норвешки економист кој ја освоил првата Нобелова награда за економија заедно со Јан Тинберген, за неговото истражување и основање на економетријата како наука.
Во 1933 година Фриш прв го употребил зборот „микроекономија“ упатувајќи на проучување на поединечните фирми и индустрии и „макроекономија“ кое го поврзал со проучувањето на аграрната економија.
Рагнар Фриш | |
---|---|
Роден(а) | 3 март 1895 Кристијанија, Норвешка |
Починал(а) | 31 јануари 1973 Осло, Норвешка | (возр. 77)
Националност | Норвешка |
Полиња | Економија |
Установи | Универзитет Осло |
Образование | Универзитет Осло |
Познат по | Економетрија Производна теорија |
Влијаел врз | Тригве Хавелмо |
Поважни награди | Нобелова награда за економија (1969) |
Во 1931 година, Фриш бил назначен за професор по економија и статистика во „Royal Frederick University“ во Осло каде што предавал сè до неговото пензионирање во 1965 година.
Фриш е роден на 3 март 1895 година во Осло. Неговиот татко, Антон Фриш, бил во бизнисот со накит (бил кујунџија), како и многу генерации пред него, па така и од Фриш се очекувало да ја продолжи долгогодишната семејната традиција. Па, на тој начин тој започнал да работи во една работилница во Осло. Но, поради инсистирање на неговата мајка Рагна Фредерик Китилсен, тој се запишал на Универзитет во Осло каде како главен предмет ја земал економијата. Фриш дипломирал во 1919 г. Во наредната година, тој станал соработник во работилницата на неговиот татко. Во 1921 година, Фриш добил стипендија која му овозможила да помине три години во Франција, Англија, Германија и Италија студирајќи математика и економија. Во 1923 година, тој се вратил во Норвешка и сфатил дека неговата страст лежи во економијата, поради што продолжил со неговите истражувања во таа област.
Во 20-тите години на минатиот век, тој предавал за теорија на производство, за што подоцна во 1965 објавил книга на истата тема. Неговиот труд за пресметка на еластичности кој го составувал за време на војната, бил објавен дури во 1959 г. Тој работел и на познатиот програм за “макро динамички временски низи” , но никогаш не го завршил, ниту публикувал. Тој објавил и неколку трудови за теоријата на веројатност во 1925 година, и следната година се здобил со називот- доктор по математичка статистика.
Во 1927 година, Фриш добил стипендија од Рокфелер Фондацијата за да ги посети Соединетите Американски Држави. Таму барал други економисти заинтересирани во нови статистички и математички пристапи кон економијата, и на тој начин станал соработник со Ирвин Фишер, Весли Клер Мајкл и Хенри Шулц. Иако патот понатака го водел кој Франција и Италија, тој морал да се врати во Норвешка поради смртта на неговиот татко. Тој една цела година посветил на модернизација и рекапитализација на работилницата на татко му. Тој го продал семејниот имот и пронашол поискусен кујунџија кој ќе му помага во бизнисот и ќе ја менаџира неговата работилница.
Во 1928 година се враќа на академската кариера, кога бил назначен за асистент професор по статистика и економија на Универзитетот во Осло. Во наредните две години, тој објавувал статии поврзани со статистичките временски низи. Во 1929 година, тој го објавил неговиот прв важен есеј за методите на економетријата “ Меѓусебниот однос на променливите вредности” кој бил проследен со “Статика и динамика во економската теорија”. Во 1930, по покана на Ирвин Фишер, Фриш повторно заминал за САД да помине неколку години на Јејл (Yale) и во Минесота. Овие години биле многу плодни за неговиот живот, за кое време тој напишал некои одлични трудови и го основал Економетриското здружение.
Една година подоцна, Фриш се вратил во Осло каде станал редовен професор на Универзитет во Осло. Во 1932 тој го основал Факултетот за економија, кој бил поддржан од Рокфелер Фонадицијата, каде Фриш станал директор на истражување.Во меѓувреме, кога Нацистичка Германија ја окупирала Норвешка, тој бил затворен во концентрационен логор од октомври 1943 до октомври 1944.
Втората фаза од економскиот живот на Фриш, тој ја насочил кон теоретска и економетриска работа. Фокусот на неговиот истражувања го насочил кон потребата поврзана со планското стопанство. Тој работел како неформален политички советник на владата за економката политика. Иако тој немал формална позиција, тој се сметал за високо почитуван човек кој не бил контролиран од политиката. Во 1969 година тој добил Нобелова награда за Економија за развивање и применување на динамички модели за анализата на економските процеси. Тој се пензионирал од неговата струка како професор во 1965 г.
На него имало големо влијание разорувањето и пустошот од Втората светска војна и Големата депресија , што сфатил дека ниту економијата, или пак политиката сами не можат да ги решат проблемите во светот. Тој кажал дека двете области мораат заедно да вложат напор за да успеат да го трансформираат општеството.
Фриш се оженил со Мари Смедал во 1920 година, со која заедно имале ќерка Рагна. По смртта на неговата прва жена, Рагнар стапил во брак со неговата другарка од детството Астрид Јохансен.
Рагнар Фриш умрел на 31 јануари 1973 година, во Осло, Норвешка.
Рагнар Фриш бил тој кој ја трансформирал економијата во модерна наука. Тој иницирал значајни напредоци на полето на економијата и измислил одреден број на зборови во економетријата и макроекономијата. Во 1926 неговитот труд за теоријата на потрошувачите, помогнал во поставувањето на Нео-Валсариското истражување. Тој работел на временски низи во областа на економетријата во 1927 и линеарна регресиона анализа во 1934. Заедно со Фредерик Воу, ја претставиле Фриш-Воу теоремата во 1933 година. Тој исто така, повеќе од дваесет години бил уредник на списанието “Економетрика”. Фриш вовел нови дисциплини во областа на економијата, вклучувајќи ги економетријата, макроекономијата и микроекономијата.
Како основач на Економетриското здружение (Econometric Society) и уредник на списанието “Економетрика”, во негова чест , на секои две години, се доделува Фришеровиот медал за најдобра статија во истоименото списание.
Рагнар ги објавувал неговите статии на четири јазици, вклучувајќи ги англискиот, норвешкиот, францускиот и германскиот. Додека некои негови трудови станале познати и прочуени, други останале необјавени и непознати за јавнста. Овие статии содржеле фрази кои биле малце потешки да се разберат за помалку школуваните луѓе во полето на математиката и статистиката. Голем број на неговите дела останале непубликувани поради неговиот перфекционизам, бидејќи сметал дека секогаш имало повеќе истражувања да се направат.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Рагнар Фриш, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.