Пор

Пор (санскрит: पुरुषोत्तम, Пурушотама) — крал на Пурава, држава во рамките на кралството Тригијата во Пенџаб, Индија.

Крал Пор
Крал на Пурава и териториите до Хифаза.
Пор
Крал Пор војува против Александар во Битката кај Хидасп од Шарл Ле Брен, 1673.
На престол340 - 317 п.н.е.
НаследникМалајкету (син)
ДинастијаПурава

Била сместена помеѓу реките Џелам и Ченаб (Хидасп и Акесин) и територии до реката Хифаза. Се мисли дека престолнината на државата се наоѓала близу денешниот град Лахор.

Грчкиот историчар Аријан го споменува местото на Сопеит како место крај Хидасп каде се наоѓа Бера. Во античките текстови, реката Џелам се нарекува Хидасп, каде Александар Македонски војувал против Пор во Битката кај Хидасп во 326 п.н.е.

Според изворите, крал Пор бил „висок 5 кубита“, што значи или неверојатни 2.3 m (сметајќи според римски или библиски кубити) или поверојатни 1.8 m, броејќи во македонски кубити.

Судир, сојуз и спријателување со Александар

За разлика од неговиот сосед, Амби (Омфи), кралот Пор решил да се бори против Александар Македонски за да го одбрани неговото кралство и народ.

Пор завојувал со Александар во Битката кај Хидасп во 326 п.н.е. По жестоки борби и големи загуби на обете страни, бил поразен од Александар во Пирова победа. Ова се смета за најтешката битка на Александар, толку тешка, што ја предизвикала војската да се бунтува против него.

Во славната средба со Пор - кој бил многупати прободен со стрели и ги загубил сите синови, кои се бореле по цена на смрт - Александар го запрашал, „Како сакаш да постапуваме со тебе?“ На тоа Пор одговорил, „Како што му доликува на еден крал.“ Александар бил толку воодушевен од овој смел и моќен одговор, што му го вратил кралството и му ги доделил заземените територии на неговиот сосед, кој избегал.

Потоа, се вели дека Пор учествувал во походите на исток од Индија заедно со Александар. За време на нападот и разрушувањето на Сагала, Пор соединил сили со Александар и му дал слонови, како и 5,000 војници:

    „Пор пристигнал повторно, со себе донесувајќи ги преостанатите слонови и пет илјади индијци“ Аријан, Александрова анабаза, T.24.4

Како признание за поддршката, Александар му дал власт над освоените територии, сѐ до реката Хифаза:

    „Кон кралството на Пор ги приклучи сите територии до Хифаза, и самиот почна да се враќа кон [Рави[|Хидраот]].“ Аријан, Александрова анабаза, Т.29.2

Сатрап

Пор
Пор (најлево) и Александар Македонски (најдесно) заедно со царевите Кир и Дариј прикажан на фрескопис во црквата „Св. Великомаченик и Победоносец Ѓоргија“ (XVI век) во с. Бањане, Скопско

Пор служел како македонски сатрап неколку години по заминувањето на Александар. За првпат се споменува како сатрап на областа околу Хидасп во текстот за поделбата на Вавилон во 323 п.н.е. Ова се потврдува повторно во 321 п.н.е. во Договорот на Трипардис.

Во индиските книги како Мудраракшаса, како и џаинистичкото дело Парисиштапарван се зборува за сојузот на Чандрагупта со хималајскиот крал Парвата, често поистоветуван со крал Пор.

Смрт

Според индиските извори, Парвата бил убиен по грешка од индискиот владетел Ракшаса, кој впрочем се обидувал да го убие Чандрагупта.

Меѓутоа грчките извори велат дека бил убиен во атентат, во периодот помеѓу 321 и 315 п.н.е., (317 п.н.е. како прифатена година), од тракискиот генерал Евдем, кој тогаш бил заповедник на македонските сили во Пенџаб:

„Од Индија дошол Евдем, со 500 коњица, 300 пешадија и 120 слона. Овие животни ги зел по смртта на Александар, со тоа што предавнички го убил кралот Пор“

— Диодор Сикул XIX-14

По убиството, го наследил неговиот син Малајкету со помош на Евдем. Меѓутоа, Малајкету подоцна загинал во Битката кај Габиена во 317 п.н.е.

Во уметноста

Наводи

Литература

  • Аријан, The Campaigns of Alexander, книга 5.
  • History of Porus, Patiala, Dr. Buddha Parkash.
  • Lendring, Jona. Alexander de Grote - De ondergang van het Perzische rijk, Amsterdam: Athenaeum - Polak & Van Gennep, 2004. ISBN 90-253-3144-0
  • Holt, Frank L. Alexander the Great and the Mystery of the Elephant Medallions, California: University of California Press, 2003, 217pgs. ISBN 0-520-24483-4

Надворешни врски

  • Пор на Livius, од Јона Лендеринг (англиски)

Tags:

Пор Судир, сојуз и спријателување со АлександарПор СатрапПор СмртПор Во уметностаПор НаводиПор ЛитератураПор Надворешни врскиПорЛахорПенџаб (Индија)СанскритЧенаб

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ОНАОливера НиколоваБактерииСписок на македонски зборови од турско потеклоЛозје (книга)Демократска партија (Македонија)Малиот принцАдаптација (биологија)Рак (болест)Стефан ЛазаровМакедонска радио-телевизијаЗевсСузана СпасовскаАртан ГрубиМовЛимфомТелефонГолеми и мали (роман)Народна Република КинаСолунВикипедијаМонокотиледониУпад во Собранието на Македонија (2017)ТарабукаМакедонско востаниеНикола ГруевскиНикола КаревПретседател на МакедонијаДен на планетата ЗемјаПрва влада на Бранко ЦрвенковскиМетодија Андонов-ЧентоАбортусСашо МијалковХристо УзуновИнтернетБосна и ХерцеговинаОслободителна Народна АрмијаДијалекти на македонскиот јазикХристијанствоНаселениеЕмил ДимитриевСиндром на стекнат имунолошки дефицитВМРО-ДПМНЕБременостМакедонска азбукаРомео и ЈулијаБожествена комедијаКичевоВанчо ШехтанскиЧетврта влада на Никола ГруевскиСкржавецот (Плавт)Национален парк ГаличицаМојот звукСадула ДуракуПиту ГулиМакедонски претседателски избори, 1999Ослободителна војска на КосовоРомски јазикЕдинствена МакедонијаБојаРобинзон КрусоКипарПресметување на датумот на ВелигденТетовоЦирозаГРОМЛокални избори во Македонија (2009)Магнетна резонанцијаГаличицаСписок на држави во светотДемократска партија на Турците на МакедонијаИзборна единица 3Исус ХристосСојузни држави на САДФашизамОпштина Дојран🡆 More