Пипер

Capsicum abyssinicumCapsicum angulosum

Пипер
Пипер
Зелена пиперка расте на нива во Струмичко, Македонија
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Зрновидни
Семејство: Зрнци
Род: Зрнец
Вид: Пипер(ки)
Научен назив
Capsicum annuum
L.
Синоними

Пипер (науч. Capsicum annuum, разг. „пиперки“) — повеќегодишно зеленчуково растение од фамилијата зрнци (Solanaceae), слично на компирот. Може да има благ и лут вкус и се употребува за исхрана на луѓе и животни, во свеж, готвен и преработен (во зачини, ајвар, конзевиран во туршија) облик. Потекнува од јужните делови на Северна Америка, Средна Америка и северните делови на Јужна Америка, од каде што е распространета ширум светот, а особено застапена и во Македонија. Во Македонија во 2010 година се произведени 168.150 тони пиперки.

Одлики

Родот на пиперката опфаќа едногодишна билка, во висинa до 1 -{m}-. Листовите на пиперката се јаjцести со шилести врвови. Цветаат во мај, а цветовите и се бели, црвени, светложолти или виоилетови. Плодот е топчест или долгнавест. Мирисот и вкусот на плодовите е (благ, сладок до извонрендо лут) се зависи од сортата и зрелоста. Долж нервите постојат жлезди кои синтетизираат алкалоид , капсаицин („одговорен“ за лутината и лековитост на пиперката). Основниот број на хромозом е x=12.

Видови (сорти) на пиперки

Постојат мноштво имиња за плодовите на поединечни сорти на пиперка. Најпознати видови на пиперки се: феферони, бабура, чили, ајварка (куртовска капија), зелена дуга, сиврија. Чили е назив за неколку врсти и сорти на пиперка, кои се одгледуваат на територијата на Мексико уште од 3000. година п.н.е.

Систематизација и географско потекло на родот

Родот -{Capsicum}- опфаќа околу 25 видови. Постои претпоставка дека голем број на сортите е уште поголем и дека со деталните истражување на Неотрописот ќе се опишат и нови видови. Еден од проблемите на класификацијата на сортите внатре родот е прашање на сродноста на три од вкупно четири одгледувани сорти (-{Capsicum annuum, Capsicum frutescens}- и -{Capsicum chinense}-). Поедини автори ги сметаат одвоени со сестринските видови, додека -{Pickersgill}- и сметаат дека статусот на посебни видови е нелегитимен.

Употреба во исхраната

Пиперката се користи како зеленчук, зачин и лек. Исто така се користи свежа, конзервирана како (туршија), сува или сува мелена (или „толчена“).

Пиперките, со просечна потрошувачка од 65,4 кг по домаќинство, е 2. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 година.

Галерија

Наводи

Tags:

Пипер ОдликиПипер Видови (сорти) на пиперкиПипер Систематизација и географско потекло на родотПипер Употреба во исхранатаПипер ГалеријаПипер НаводиПипер

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Солунски атентатиБиосферен резерват на пеперугата монархОптичка мамкаСветско првенство во фудбал 2022Народна Република КинаРастенијаЈан Амос КоменскиТаџикистанПарацетамолСоветски СојузАбортусМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаТодор СкаловскиДунавМејозаПанонски легендиЛирикаКрвХипертензијаИнфлацијаКрис ЕвансЦицачиАлександар III МакедонскиЦрни и жолтиСистемски лупус еритематозусПанкреасВирусМесопотамијаХидростатикаЕп за ГилгамешСтрептококен фарингитисКамено времеАвстралазијаРак (болест)Оче нашСтрумички карневалФолклорГарванот (поема)Свето Римско ЦарствоОпштина ВаландовоМакедонски парламентарни избори (2011)ГодинаЦарски орелДемократска партија на Турците на МакедонијаЕндометриозаУдовоЕлектричен отпорБајка20000 милји под моретоКонтрацепцијаКамен мост (Скопје)ВласиЏулиет ЛуисВикипедијаАнгкор ВатМилиноАнална фисураРоднински односиКлинесто писмоЕлектромоторна силаАцо ШоповАли АхметиОпштини во МакедонијаЕстрогенРостокЏо БајденСредоземно МореЈапонијаСтар РимПрва светска војнаСтрумицаПроста реченицаСпоменка (книга)Рајко ЖинзифовАсурПостмодернизамПресметување на датумот на ВелигденГлаголицаСвет🡆 More