Нова Брезница: село во Општина Сопиште

Нова Брезница (порано „Пуста Брезница“) — село во Општина Сопиште, во околината на градот Скопје.

Нова Брезница
Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население
Нова Брезница во рамките на Македонија
Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население
Нова Брезница
Местоположба на Нова Брезница во Македонија
Нова Брезница на карта
Координати 41°53′17″N 21°16′41″E / 41.88806° СГШ; 21.27806° ИГД / 41.88806; 21.27806
Регион Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население Скопски
Општина Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население Сопиште
Население 33 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25095
Надм. вис. 713 м
Слава Свети Никола
Нова Брезница на општинската карта
Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Нова Брезница во рамките на општината
Нова Брезница: Географија и местоположба, Историја, Население Нова Брезница на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е дел од областа Торбешија. На север е Сува Гора, а на југ Караџица.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Скопскиот Вилает и имало 23 семејства и 1 вдовица, сите христијани.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948938—    
19531.025+9.3%
19611.125+9.8%
1971908−19.3%
1981276−69.6%
ГодинаНас.±%
199192−66.7%
199480−13.0%
200285+6.2%
202133−61.2%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 87 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 186 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 92 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пута Брезница живееле 540 жители, од кои 360 Македонци и 180 Албанци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пуста Брезница имало 256 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пуста Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.

После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како дел од општина Говрлево и има 535 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 700 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото имало 85 жители, од кои 83 Македонци, 1 Србин и 1 друг.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 33 жители, од кои 25 Македонци и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 540 256 938 1.025 1.125 908 276 92 80 85 49

Родови

Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.

Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:

  • Доселеници: Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Енѓеловци. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.

Културни и природни знаменитости

    Цркви
  • Црква „Св. Никола“ — главната селска црква. Обновена во 1990 година;
  • Црква „Св. Талалеј“;
    Археолошки наоѓалишта
  • Фоја — некропола од доцниот среден век;
    Пештери
  • Ледена - пештера на н.в.од 990 м;
  • Блажева пештера;

Личности

Личности родени во Нова Брезница:

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Нова Брезница Географија и местоположбаНова Брезница ИсторијаНова Брезница НаселениеНова Брезница Културни и природни знаменитостиНова Брезница ЛичностиНова Брезница ПоврзаноНова Брезница НаводиНова Брезница Надворешни врскиНова БрезницаОпштина СопиштеСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ФлебитисСтарословенска азбукаЕнергијаАВНОЈЕлена ЗагорскајаКичевоДијана (принцеза од Велс)СтругаТоше ПроескиМјузиклСтрумицаБалканска приказна (ТВ-серија)Седум светски чуда на античкиот светРусијаРогачЕмре БејЏастин БиберПовикот на дивинатаПоумПрва светска војнаИзборна единица 9Мали ВлајМакедонски претседателски избори (2019)Броеви во македонскиот јазикРак на грло на маткаКочаниНовак ЃоковиќМикеланџело БуонаротиМакедонско востаниеФудбалДелогождиТелефонРајчицаСписок на птици во МакедонијаОпштина Демир ХисарЃорче ПетровСтевчо ЈакимовскиДемографија на МакедонијаИндонезијаРак на панкреасотОтоманско ЦарствоСтар ЕгипетТромбоцитопенијаТоплинаБиполарно растројствоАдам и ЕваКронова болестШвајцаријаВиенаСтруен ударАнтичка МакедонијаРадождаОлимписки боговиБрзина на светлинатаГолеми и мали (роман)Црна ГораСтарогрчка митологијаПодметПочваРоманТетанусВенко ФилипчеОтоманска МакедонијаОвчи сипанициПере ТошевПМГ колективНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаРајко ЖинзифовДемир ХисарСписок на електрани во МакедонијаБраќа МиладиновциКрушевоGmailПрирокТешкотоХеродотКорабМакедонска азбука🡆 More