Село Ковач: село во Општина Македонски Брод

Ковач — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Ковач
Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Сретселото во Ковач

Ковач во рамките на Македонија
Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Ковач
Местоположба на Ковач во Македонија
Ковач на карта
Координати 41°40′45″N 21°7′55″E / 41.67917° СГШ; 21.13194° ИГД / 41.67917; 21.13194
Регион Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Македонски Брод
Област Порече
Население 26 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО
Надм. вис. 720 м
Ковач на општинската карта
Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Ковач во рамките на општината
Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Ковач на Ризницата

Географија и местоположба

Село Ковач: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри.

Селото не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.

До селото води асфалтиран пат од селото Самоков.

Историја

Во XIX век, Ковач било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото нема развиена стопанска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19480—    
1953237—    
1961201−15.2%
1971168−16.4%
1981119−29.2%
ГодинаНас.±%
1991100−16.0%
199479−21.0%
200254−31.6%
202126−51.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ковач имало 240 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ковач имало 400 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковач се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Ковач е мало село, коешто во 1961 година броело 201 жител, а во 1994 година 79 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Ковач имало 54 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 400 0 237 201 168 119 100 79 54 26

Родови

Ковач е македонско село.

Родови во Ковач се: Ушиновци се делат на Манчевци и Сердаровци (15 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија; Лукаровци (27 к.) потекнуваат од предок ковач доселен од раселениот град Закамен.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Ковач се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0260 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Личности

Иселеништво

Голем дел од населението е иселено од ова село. До 1958 година, 21 семејство се има иселено во Србија, поточно во Јабука.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Село Ковач Географија и местоположбаСело Ковач ИсторијаСело Ковач СтопанствоСело Ковач НаселениеСело Ковач Самоуправа и политикаСело Ковач Културни и природни знаменитостиСело Ковач ЛичностиСело Ковач ИселеништвоСело Ковач ГалеријаСело Ковач НаводиСело Ковач Надворешни врскиСело КовачМакедонски БродОпштина Македонски БродПорече

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Список на главни градови во светотБедија БеговскаПолицијаОпштина КумановоДраган МијалковскиДаунов синдромЗаменки во македонскиот јазикСписок на македонски народни и староградски песниХрватскаСоединети Американски ДржавиДаниел ДефоЈудаизамГетеборгСписок на планини во МакедонијаВенко ФилипчеСмртна казнаСтрушки вечери на поезијатаШар ПланинаБојан (роман)ХристијанствоБлаговештениеМетодија Андонов-ЧентоГодинаМакедонска кујнаПоплаваРомски јазикСипанициКочаниСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019Изборна единица 1Список на пеперутки во МакедонијаСтрофа‘Рбетен столбСистем за варењеТројанска војнаЧовекови праваЦрн дробЗагребСписок на држави по населениеПрочкаПериоден систем на елементитеОпштина ЧаирРак на панкреасотИсторија на македонскиот народГлицеролОпштина ВаландовоФлејтаЛетно сметање на времетоМозочно крвавењеЛидија ДимковскаПанкреасМакедонски народен театарЦветнициИталијаДемократска ДесницаЦрнила (драма)БарешаниОпштина КривогаштаниПрисовјаниМомче во пижами со риги (филм)Црноризец ХрабарВилијам ШекспирОпштина ДојранАлцхајмерова болестСрцеБошко СмаќоскиЕпикаИвона ТалевскаПовикот на дивинатаНапонХепатитОпштина СарајОдбивање (физика)Парадоксот на ДиогенНиколај Римски-КорсаковЕрман ШабанЦијанобактерииГамелан🡆 More