Ивона Талевска

Ивона Талевска (р.

Скопје) — контроверзна македонска новинарка. Во својата новинарска кариера, таа работела како уредник на вестите на телевизија Сител и како главен уредник на дневниот весник Вечер.

Ивона Талевска
Роден(а)Ивона Талевска
Скопје, Ивона Талевска СР Македонија
НационалностМакедонка
ДржавјанствоМакедонија Македонија
Занимањеновинар
Активен период1995 — денес

Нејзината новинарска кариера е одбележана со бројни контроверзии, како што се аферата „Визарис“ во којашто влијаела претпријатие во сопственост на нејзината мајка да добие тендер од Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вкупен износ од 1 милион евра и аферата „Тифани“ во којашто за затајување данок во износ од околу 2,5 милиони денари била осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните четири години не го повтори делото.

Животопис

Талевска дипломирала политички науки и магистрирала економија на универзитетот „Шефилд“ во Солун. Со новинарство се занимава од 1995, а учествувала на курсеви организирани од телевизиите Би-би-си и Ен-би-си. Талевска членува во провладиното здружение „Независен синдикат на новинари на Македонија“ (НСНМ).

Контроверзии

Афера „Визарис“

Во 2014 година, тогашниот гласноговорник на СДСМ Петре Шилегов објавил дека претпријатието „Визарис“, чиј сопственик е мајката на Ивона Талевска, добивала тендери од Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вкупен износ од 1 милион евра. Договорот бил подоцна раскинат од министерот за здравство Никола Тодоров, со образложение дека иако документацијата била легална, ситуацијата била „малку неетичка“. Талевска го тужела Шилегов за клевета и навреда, но загубила на суд и била должна да му исплати судски трошоци во износ од 56 илјади денари.

Аферата „Визарис“ повторно станала актуелна во 2015 година, кога бил објавен прислушуван разговор меѓу нејзе и Драган Павловиќ Латас, во кој се договарала тендерската постапка и префрлање на 1,3 милиони евра на сметка на претпријатието.

Афера „Тифани“

Во 2017 година, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага „Тифани“ каде ја сомничи Талевска дека затаила данок од 37 илјади евра како директор на фирмите „Смарт центар“ и „Смарт груп“. Според наодите на СЈО, Талевска преку фирмите купувала скапа облека и луксузен мебел, со што ја намалила основицата од која се пресметува данокот. Во февруари 2018 година, Талевска била осудена на условна затворска казна од две години доколку во следните четири години не го повтори делото. Судот исто така пресудил дека таа треба да го врати целиот износ на затаен данок од околу 2,5 милиони денари, како и да ги покрие трошоците за вештачење во износ од 76 илјади денари.

Наводи

Tags:

Ивона Талевска ЖивотописИвона Талевска КонтроверзииИвона Талевска НаводиИвона ТалевскаВечер (дневен весник)СителСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МесечинаЛила СтојановскаДунавБадминтонс бендВагинален исцедокКуранСточарствоЕгејска МакедонијаСтобиВојдан ЧернодринскиАкутен бронхитисСончев СистемНикола КоперникИстанбулСловенска митологијаРобинзон КрусоГолемата вода (роман)БлаговештениеСистем за варењеИлузијаРазловечко востаниеRAM меморијаТриаголникБиполарно растројствоКучеОпштина Гази БабаГостиварСтудентски дом „Гоце Делчев“Жан де ЛафонтенИшијасМакедонија (регион)РЕК „Битола“Земјоделство во МакедонијаКочаниДемографија на МакедонијаЖелезоДијабетична кетоацидозаЗлатоГибралтарПеколот (Божествена комедија)Грб на МакедонијаАголИменки во македонскиот јазикПреспанско ЕзероАна ФранкСреќаВесна Мојсова-ЧепишевскаТумор на мозокАтрибут во македонскиот јазикКочо РацинАвтоматикаРевматоиден артритисГонорејаВикиМекотелиДувачки инструментГликемијаТрапезАлое вераВртоглавицаЦрква Света Софија (Истанбул)Камено времеМандолинаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикИсус ХристосДишен системТигарТапаниВидови аглиАтомОлимписки боговиПовикот на дивинатаСофи МарсоГрадска ластовичкаПетар ГеоргиевскиАнџело АнелиПапенбург🡆 More