Белица — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Белица | |
Панорамски поглед на селото Белица | |
Белица на карта | |
Координати 41°40′33″N 21°18′15″E / 41.67583° СГШ; 21.30417° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Македонски Брод |
Област | Порече |
Население | 37 жит. (поп. 2021)
|
Пошт. бр. | 6533 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 03002 |
Надм. вис. | 550 м |
Белица на општинската карта Атарот на Белица во рамките на општината | |
Белица на Ризницата |
Името на селото првпат е споменато како „Белица“ во турски документи од 1468 година. Името потекнува од бел, семантички еквивалент на „Бела Река“. Преземено од хидронимот Белица, настанат од придавната синтагма „Бела (Вода)“ од бел „кој има боја на снег, на млеко: прозрачен, чист“.
За името Белица постојат две теории, едната вели дека поради белата бистра река се нарекло Белица, а додека другата теорија вели дека село е наречено по легендата за некоја девојка Белаица, која во тој период требало да се потурчи, не не прифатила и се фрлила во реката и по тоа селото и реката го носат името Белица.
Селото се наоѓа во областа Порече, на крајниот источен дел од Општина Македонски Брод, чиј атар високо се издига меѓу планините Караџица и Даутица. Селото е рамнинско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 34 километри.
Белица има еден од поголемите атари по површина во Македонија, со вкупна големина од 89 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 3.029,8 хектари, потоа следат пасиштата на површина од 1.632 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 145,4 хектари.
Низ селото тече реката Белица, којашто е притока на реката Треска. Реката претставува заштитен споменик на природата.
Во близина на селото постојат бројни подземни пештери, кои изобилуваат со внатрешна пештерска кореографија, како што се пештерите: Момичак, Лапарница и Гулубарница.
Селото се дели на две маала: Долна и Горна Белица, кое пак е дополнително раситнето на неколку подмаала.
Белица во минатото се викала Виниче но поради некоја болест населението во него изумрело. Подоцна, селото настанало со доселување од неколку села, како од селата: Бенче, Рамне и еден мал дел од Локвица.
Во XIX век, Белица било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Селото има мешовита земјоделска функција.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 26 жители, а во селото Горна Белица имало 180 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Белица имало 320 жители.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Белица се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.
И ова село, како и сите останати во општината, било зафатено со миграциските движења. Во 1961 година, Белица броела 376 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 146 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Белица имало 106 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 36 Македонци и 1 лице без податоци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 206 | 320 | 368 | 415 | 376 | 359 | 241 | 170 | 146 | 106 | 37 |
Белица е македонско село.
Според истражувањата од 1926 година, родови во Белица се:
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Модриште, во која влегувале селата Белица, Вир, Калуѓерец, Локвица, Могилец, Модриште и Црешнево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Модриште, во која покрај селото Белица се наоѓале селата Брезница, Вир, Калуѓерец, Могилец, Модриште, Локвица, Тажево и Црешнево.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Во селото постои избирачко место бр. 0262 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.
На Локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 55 гласачи. На Претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Белица (Порече), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.