Морани: село во Општина Студеничани

Морани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Морани
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на дел од селото Морани од патот Драчево - Зелениково

Морани во рамките на Македонија
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Морани
Местоположба на Морани во Македонија
Морани на карта
Координати 41°54′39″N 21°33′0″E / 41.91083° СГШ; 21.55000° ИГД / 41.91083; 21.55000
Општина Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Студеничани
Население 2.595 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 25091
Надм. вис. 412 м
Морани на општинската карта
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Морани во рамките на општината
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Морани на Ризницата
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Поглед на селото Морани и фабриката „Фруктал“ од пругата Скопје - Велес
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Црквата Успение на Пресвета Богородица во селото Морани
Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Нива со тутун во село Морани

Географија и местоположба

Селото Морани се наоѓа во источниот дел на Скопската Котлина, во подножјето на планината Китка која е дел од масивот Мокра Планина. Морани е сместено во дол на преминот помеѓу рамничарскиот и ридскиот предел на надморска височина од 310 метри. Од градот Скопје е оддалечно 19 километри. Селото е веднаш од десната страна на регионалниот пат Драчево - Зелениково. Низ Морани тече Моранскиот Поток (Моранска Речица) кој е десна притока на реката Вардар. Непосредно северно и североисточно од Морани од десната страна на патот кон Орешани и Зелениково се изградени голем број на викендички и вили за одмор на граѓани од Скопје. Атарот на селото Морани зафаќа површина од 14,6 км2, од кои 738 хектари се обработливо земјиште, 348 хектари зафаќаат шумите, а на пасиштата отпаѓаат 280 хектари.

Историја

Селото Морани е доста стара населба во Скопско. Првите пишани податоци за Морани се среќаваат во XIII век, односно време на владеењето на бугарскиот цар Асен во 1230 - 1241 година, кога просевастот Прибо ја изградил ќелијата посветена на Света Петка во местото наречено Тморане . Во 1258 година, кралот Урош, селото Тморане го подарил на манастирот во Хиландар, а веќе следната година во 1259 византиската власт ги одзела ќелијата Св. Петка и селото Тморане од власта на манастирот. Потоа во 1300 година царот Милутин, ќелијата Св. Петка со лозја, ораници и голем земјиштен посед во кој спаѓале селота Тморане и Ворошах (денешно Орешани) повторно ги подарил на манастирот во Хиландар.

Морани: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на дел од селото Морани

За време на отоманското владеење, селото Морани било чифчиско село населено исклучиво со православни Македонци. Сопственици на беговите биле муслимани (Турци) кои живееле во Скопје, а запаметени се извесни Рушид-ага, Едип Теко, Афус Исен и Селим-ага кои поседувале околу 300 до 500 „шиници“ земја.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 25 христијански и 29 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи христијани, со 4 новороденчиња и 115 мажи муслимани со 10 новороденчиња. Било забележано дека во селото тазе се доселиле 10 мажи со семејствата, додека христијанското население е во фаза на иселување во другите околни села. Се проценува дека селото во тој период имало 462 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 323 жители.

Од почетокот на XIX век во селото започнуваат да се доселуваат Албанци кои од северна Албанија најпрвин се доселиле во повисоките околни планински села на Китка. Поради тешките услови за живот и несигурноста кон крајот на XIX век Македонците започнале да се иселуваат во соседните поголеми македонски села и градот Скопје, при што до крајот на отоманското владеење во 1912 година во Морани веќе немало Македонци. Дел од тоа старо македонско население кое живеело во Морани пред и во текот на XIX век се следните иселени македонски родови: Морчани и Амаловци (Боцевци) во соседното Драчево, Грнчаровци во соседното Орешани, Пулевци во с. Петровец, Чачанковци во с. Ќојлија. По заминувањето на отоманската власт во селото Морани повторно се населиле Македонци кои живеат сè до денес, а биле населени и околу 30 семејства Срби кои биле протерани од бугарските власти во 1941 година.

Стопанство

Населението во Морани претежно се занимава со земјоделство, односно со одгледување на житни култури (пченица и јачмен), тутун, градинарски култури (домат, пиперка, марула) и овоштарство. Од сточарството застапени се краварството, козарството и живинарството. Во непосредна близина на селото Морани се наоѓаат фабриката за природни сокови „Фруктал“, млекарницата „Маско“, а постојат и повеќе занаетчиски работилници, авто-сервиси и перални, како и помали производствени погони за мебел и голема хала за авто-делови и бела техника. На влезот на селото работи и приватна здравствена амбуланта.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948665—    
1953808+21.5%
1961879+8.8%
1971933+6.1%
19811.099+17.8%
ГодинаНас.±%
1991185−83.2%
19941.287+595.7%
20021.715+33.3%
20212.595+51.3%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци, 150 Македонци и 100 други.

Селото Морани бележи постојан пораст на бројот на своите жители: во 1961 година имало 879 жители (76 Македонци, 375 Албанци, 281 Турчин, 25 Срби, 122 неопределени), а во 1994 бројот се зголемил на 1.287 жители (11 Македонци, 1.079 Албанци, 122 Роми, 73 Турци).

На пописот од 2002 година, селото имало 1.715 жители, од кои 58 Македонци, 1.528 Албанци, 40 Турци, 71 Ром, 9 Срби и 9 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.595 жители, од кои 78 Македонци, 2.396 Албанци, 6 Турци, 46 Роми, 8 Срби, 3 останати и 58 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 580 16 665 808 879 933 1.099 185 1.287 1.715 2.595

Родови

Денес во Морани живее население со разновидно етничко потекло, од кое во најголем дел албанско муслиманско население, потоа православни Македонци и помал дел Срби, како и муслимани Роми и Турци (дел од нив Македонци со муслиманска вероисповед).

  • Денешните македонски родови се доселенички. Од споменатите иселени македонски родови во XIX век, старински родови во Морани биле Пулевци и Чачанковци. Македонските родови кои живеат и денес се: Дандаровци, Јаковчевски, Буевски и Дудуковски (сите од с. Драчево), Јосифовски (од с. Тресонче) и Огнановски (од с. Нова Брезница).
  • Сите албански родови се исто така доселеници во најголемиот дел со потекло од северна Албанија, етапно доселувани од Косово и околината во текот на XIX век. Албански родови денес се: Шеелар и Реџалар (двата од фисот Бериш во северна Албанија), Демолар (од фисот Шаља во северна Албанија), Исалар (од фисот Красниќ во северна Албанија), Калис (од истоимената област во северна Албанија), Метин (од областа Љума во северна Албанија), Кацалар, Бацалар, Бочан, Џине, Веселар, Ќајалар, Љушалар, Сали сите со потекло од северна Албанија доселени од околните села и селата Ласкарци и Вешала.
  • Ромски родови се: Далипалар, Мутовци, Камбер, Ељмаз, Дурмишови.
  • Српски родови се: Ѓукиќи и Мрѓан (од селото Ланце во областа Лика во Хрватска).

Општествени установи

Цркви

  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Морани — главна селска црква
  • Ќелија „Св. Петка“ - ќелија која ја изградил загорскиот протосеваст Прибо, за време на цар Асан II (1230 -1241). Во 1258 година Урош I ја подарил на Хилендар, но кога Византија повторно го зазела Скопје, тие ја одзеле од Хилендар. Била мало манастирче, еден вид ќелиски параклис. Се споменува во еден зачуван акт на Андроник III од 1324 година, со кој се потврдуваат правата на Хилендар над оваа ќелија. Во 1348 година и цар Стефан Душан му ја подарил. Ќелијата имала имот во село Орешани каде се наоѓал и гробот на ктиторот.

Иселеништво

Кон крајот на XIX век дотогашното македонско население се иселило во скопските села Драчево, Орешани, Петровец и Ќојлија. За време на Првата светска војна од Морани се иселиле 64 албански семејства во Турција, а родот Пурелер целосно се иселеил во градот Скопје. Во 1941 година бугарските власти иселиле околу 30 доселенички српски семејства - колонисти.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Морани Географија и местоположбаМорани ИсторијаМорани СтопанствоМорани НаселениеМорани Општествени установиМорани ИселеништвоМорани ПоврзаноМорани НаводиМорани Надворешни врскиМораниОпштина СтуденичаниСкопјеТорбешија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МочуриштеТешкото (песна)Јосип Броз-ТитоОбединети нацииРепродуктивен системАлбанијаЕп за ГилгамешСјогренов синдромВилијам ШекспирПодгорциСвети Климент ОхридскиБојан (роман)ФлебитисВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоАстероидна месечинаЕвропска УнијаЛалеСписок на хемиски елементиПредмет (граматика)Општина ПехчевоСрцева слабостМоралВардарДрамска уметностПарадоксот на ДиогенИталијаМатичен млечМислодеждаДесница (политика)Илија НајдоскиМикеланџело БуонаротиВекторЛеополд I (Свето Римско Царство)ЛеонтијПанкреасЧовечки скелетЦрни и жолтиРегионален пат 1101Изет МеџитиРаички манастирБугаријаТаџикистанСреден векФашизамБезовоАлан Маркес ЛоуреироЦрнила (драма)АмерикаОпштина ПласницаГалија (брод)ВранаКипарОпштина СопиштеОсна симетријаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикУставен суд на МакедонијаОпштина БеровоПоплаваМорфологија на македонскиот јазикПустинаСтар ЕгипетБуринецУС Сасуоло КалчоКлеопатраХороскопски знациБакарГрцијаСедум смртни гревовиМакедонска азбукаАквилејаМагнетМакедонија во Втората светска војнаЗглобХепатит ЦСтругаВитамин Б6Стар век🡆 More