Вешала: село во Општина Тетово

Вешала — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Вешала е типично планинско село кое се наоѓа на Шар Планина.

Вешала
Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја

ОУ „Беса“ - Вешала

Вешала во рамките на Македонија
Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја
Вешала
Местоположба на Вешала во Македонија
Вешала на карта
Координати 42°3′38″N 20°50′48″E / 42.06056° СГШ; 20.84667° ИГД / 42.06056; 20.84667
Регион Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја Тетово
Население 291 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1200
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28010
Надм. вис. 1256 м
Вешала на општинската карта
Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Вешала во рамките на општината
Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја Вешала на Ризницата

Име

Вешала на албански јазик е познато како Veshallë (нечленувано) или Veshalla (членувано).

Географија и местоположба

Вешала се наоѓа на надморска височина од 1.200 метри. Вешала лежи на Шар Планина, на околу 20 км северозападно од градот Тетово. Селото е оддалечено од македонско-косовската граница само 4 км. Атарот на селото Вешала граничи со атарот на Бозовце (на запад), со атарите на селата Лисец, Шипковица и Бродец (на исток), на југ граничи со Општина Боговиње, а на север со Косово.

Селото се наоѓа на горниот тек на реката Пена. Непосредно над селото се наоѓаат планински превои, од кои едниот е североисточно од Кобилица на 2.175 метри, а другиот е источно од Караниколица висок 2.060 метри. Селтото е од збиен тип.

Историја

Вешала: Име, Географија и местоположба, Историја 
Вешала во 1903 година

Селото Вешала е постаро село од поглед на муслиманските доселувања. Предците на денешните албански муслимани, кои се населиле во селото пред околу 200 години, затекле староседелско македонско христијанско население. По почетокот на доселувањата на Албанците, Македонците почнале да се иселуваат. Словенските топоними во селото се задржале. Денес не е познато кои биле македонските семејства во селото, ниту каде се иселиле, бидејќи нема записи ниту во Вешала ниту во околните села кои би засведочиле. Не постојат остатоци од периодот од предалбанските доселувања.

Според локалните верувања, селото првично се наоѓало на месноста Селиште, во близина на денешното село. Првата џамија во селото била изградена кон крајот на XIX век. Во 1930 година, старата џамија била срушена и на нејзино место била изградена нова.

За време на Отоманското Царство, Вешала било дел од Тетовската каза. Од 1996 до 2004 година, селото било дел од Општина Шипковица.

Стопанство

Месното население воглавно се занимава во сточарство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948865—    
1953972+12.4%
1961898−7.6%
19711.299+44.7%
19811.405+8.2%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19941.045—    
20021.222+16.9%
2021291−76.2%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вешала живееле 440 жители, сите Албанци.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Вешала — село во Селечка општина и има 132 куќи со 690 жители Албанци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Албанци.

На пописот од 2002 година, селото имало 1.222 жители, од кои 1.207 Албанци, 1 Влав, 1 Србин и 13 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 291 жител, од кои 241 Албанец и 50 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 865 972 898 1.299 1.405 0 1.045 1.222 291

Родови

Вешала е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Доселеници: Бакалар или Бака (12 к.), Скендере (11 к.) и Клајар (8 к.) потекнуваат од тројца браќа кои овде дошле од некое место во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 62 г. во 1948 година) Амза-Фазли-Јусуф-Зенула, кој се доселил и го основал родот; Љурес (19 к.) доселени се од Љура во северна Албанија; Реџалар (20 к.) и Кадриалар (18 к.) доселени се од Љума во северна Албанија; Кице (6 к.) доселени се од селото Кице во Љума, северна Албанија; Буке (6 к.) доселени се од селото Буке во Љума, северна Албанија; Џине или Османлар (31 к.) доселени се од некое село Дукаќин во Албанија; Лосталар (14 к.) доселени се од северна Албанија.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2086 и 2087 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.183 гласачи.

Културни и природни знаменитости

  • Киша - археолошко наоѓалиште

Личности

  • Шпат Касапи (р. 1 мај 1985) - македонски пејач
  • Џеват Адеми (р. 8 декември 1962) - македонски политичар, генерален секретар и портпарол на НДП. Бил висок член на ОНА

Иселеништво

Забележан е трендот на иселување на месното население, воглавно во странство.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Вешала ИмеВешала Географија и местоположбаВешала ИсторијаВешала СтопанствоВешала НаселениеВешала Општествени установиВешала Самоуправа и политикаВешала Културни и природни знаменитостиВешала ЛичностиВешала ИселеништвоВешала ПоврзаноВешала НаводиВешала Надворешни врскиВешалаОпштина ТетовоТетовоШар Планина

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ИзраелХипотироидизамПочваОтоманско ЦарствоМакедонијаШизофренијаЕлектронска цевкаЧленконогиМечкин КаменРибиАлкалоид (претпријатие)Самоилово ЦарствоЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеЕлектрична енергијаКочо РацинСрцева слабостЕнергијаШеќерна приказнаНиколај ГогољИзборна единица 5Дувачки инструментСрбијаЕкологијаРимаРак на белите дробовиНепалВрхбоснаЈудаизамРечник на стари македонски зборовиАјкулаРамностран триаголникОпштина ЛозовоШтрковиРисто СтефановскиАнте ПоповскиОпштина БитолаРомантизамМахидевранСолунЕгејска МакедонијаПетре М. АндреевскиЛазар ЛиченоскиБледски договор (1947)МузикаНова годинаЕндометриозаБолести и аномалии на очитеНаполеон БонапартМаричка биткаДора БакојаниЧасовен појасРаички манастирСтобиСмоларски ВодопадКанадаРак на грло на маткаАдаптација (биологија)ГодинаСкржавецот (Плавт)ФлејтаСкопски земјотрес (1963)Големата вода (роман)ИталијаСписок на политички партии во МакедонијаБалкански ПолуостровФизикаВардарЛожаниОпитРастенијаЈапонијаМатка (кањон)Обновливи извори на енергијаМаксим ДимитриевскиМозочно крвавењеСловенијаМагнетна резонанција🡆 More