Монтреал

Монтреал (француски: Montréal) — најнаселен град во канадската провинција Квебек, и вториот најнаселен град во Канада.

Првично наречен Вил-Мари, или „Градот на Марија", Монтреал е именуван по врвот Ројал кој се наоѓа во центарот на градот. Градот се простира на островот Монтреал кој е именуван по истиот врв и на неколку многу помали периферни острови, од кои најголем е Ил Бизар. Монтреал има специфична континенална клима со четири сезони, топли и жешки лета и студени, но, снежни зими.

Монтреал
Монтреал
Монтреал
Монтреал
Официјално знаме на
Официјално знаме на

Знаме
Официјален грб на
Грб
Mестоположба
Општи податоци
Прво доселување 1642
Основан 1832
Управа
Градоначалник Гералд Тремблеј
Географија
Површина 431.50 km²
Население
Население 1.704.694 (2016)

Според пописот во 2016 година, градот бил населен со 1.704.694 жители. Пошироката област на Монтреал е населена со 4.098.927 жители. Службен јазик на градот е францускиот јазик, јазик кој го зборуваат 49,8% од населението во градот. На англиски зборуваат 22,8% од населението а останатите 18,3% зборуваат други јазици. Во проширената област на Монтреал, 65,8% од населението зборува француски дома, во споредба со 15,3% кои зборуваат англиски. Монтреал е еден од градовите во Квебек и Канада каде има најголем процент на население кои говори два јазика; дури 59% од населението може да зборува англиски и француски. Монтреал е втор по големина главно француски град во светот, после Париз. Градот се наоѓа на 258 километри југозападно од градот Квебек.

Монтреал во минатото бил најглавниот центар за финансии и трговија во Канада, но, бил надминат од Торонто и во број на население и економска активност во 1970-тите години. Монтреал е сѐ уште важен центар за трговија, како и за воздушната, транспортната, финансиската, фармацевтската и технолошката индустрија. Исто е и центар за дизајн, образование, уметност, култура, туризам, храна, мода, игри, и филм. Монтреал има втор најголем број на конзулати во Северна Америка и е седиште на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство. Во 2006 година, Монтреал бил прогласен за град на дизајн на УНЕСКО. Во 2017 година, Монтреал бил рангиран за 12-тиот најубав град за живеење во светот од страна на единицата за информации на списанието Економист како и за најдобриот универзитетски град во светот според британската организација Квак-карели Симондс. Монтреал е домаќин на повеќе меѓународни конференции и настани, вклучувајќи ги и Меѓународната и Универзална изложба во 1967 година и Летните олимписки игри во 1976. Тоа е единствениот канадски град во кој се имаат одржани Летни олимписки игри. Во 2016 година, Монтреал бил рангиран за светски Бета град. Градот е домаќин на повеќе фестивали и светски настани кои се одржуваат секоја година, вклучувајќи ги и канадскатата Формула 1 Гран При, меѓународниот џез фестивал на Монтреал и фестивалот за комедија „Да се насмееме“.

Зелени површини

Во градот се наоѓаат неколку стотина паркови и останати зелени површини. Најважна и најпозната зелена површина во Монтрéал е паркот Монт-Роyал. Овој парк во 1876година го дизајнирал американскиот пејзажен архитект Фредерик Ло Олмстед кој го дизајнирал и Централ паркот ВО Њујорк. ПаркОТ Монт Ројал има површинА од окоЛУ 2 км2. Останати поважни зелени површини во Монтреал се:

Монтреал
Источна страна на Монт Роyал
Монтреал
Езеро во паркот Лафонтен
  • Поажни паркови:
    • Паркот Монт-Роyал (1,90 км2)
    • Паркот Јеан-Драпеау (2,09 км2)
    • Паркот Ренé-Лéвесqуе (0,14 км2)
    • Околен комплекс Саинт-Мицхел (1,92 км2)
  • Поважни урбани паркови:
    • Паркот дес Рапидес (0,30 км2)
    • Паркот Јаррy (0,36 км2)
    • Променаде Беллериве (0,22 км2)
    • Паркот Лафонтаине (0,36 км2)
    • Паркот Ангригнон (0,97 км2)
    • Паркот Маисоннеуве (0,63 км2)
  • Паркови на природата:
    • Цап Саинт-Јацqуес (2,88 км2)
    • Îле-де-ла-Виситатион (0,34 км2)
    • Поент о Прери (2,61 км2)
    • Ostrov Бизард (2,01 км2)
    • Боис-де-Лиессе (1,59 км2)
    • Ансе-à-л’Орме (0,88 км2)

Партнерски градови


Наводи

Tags:

КанадаКвебекФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Тимчо МуцунскиСаво КлимовскиОпштини во МакедонијаНикола ТодоровОслободителна Народна АрмијаВардарСам домаВасил ИљоскиСобрание на Република МакедонијаСДСМПрва влада на Никола ГруевскиСонцеЗаушкиКочо РацинНеважечко гласачко ливчеЛокални избори во Македонија (2017)Блаже КонескиЉубомир ГајдовВодаДемократи (политичка партија)Катица ЈаневаПолскаГригор ПрличевГрцијаНиколиќХајди (роман)Дарко КаевскиРеченицаАндреј ПетровВоен конфликт во Македонија, 2001Никола КаревАмди БајрамДУИКинески прстенМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаОпштина БрвеницаУд (македонски)ЖолчкаОпштина ТетовоМакедонски парламентарни избори, 2011Марија АнтоанетаОпштина ГостиварПетар ГошевХемороидПиринска МакедонијаСардинијаМакедонски претседателски избори (2019)Божествена комедијаГ’зим ОстрениПреспански договорКубаМакедонски претседателски избори, 1999КанцониеротХристо ТатарчевПравоаголникСрбијаОпштина СтрумицаИнтеграТуберкулозаДаниел ДефоПопулизамБолести и аномалии на очитеПартија за демократски просперитетЕвропаПанкреасДајреОтоманско ЦарствоБиполарно растројствоМомче во пижами со риги (филм)ХристијанствоПутурусУнгаријаСтрујно колоРимВиолинаЉупчо Јордановски🡆 More