Марвинци: село во Општина Валандово

Марвинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Марвинци
Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Воздушен поглед на селото

Марвинци во рамките на Македонија
Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Марвинци
Местоположба на Марвинци во Македонија
Марвинци на карта
Координати 41°17′00″N 22°29′53″E / 41.28333° СГШ; 22.49806° ИГД / 41.28333; 22.49806
Регион Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вардарски
Општина Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Валандово
Област Бојмија
Население 437 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04014
Надм. вис. 114 м
Марвинци на општинската карта
Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Марвинци во рамките на општината
Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Марвинци на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Гевгелија. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.

Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото.

Историја

Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Селото Марвинци во 1931 година

Подрачјето на Марвинци е населено уште од античкиот период, за што сведочат остатоците од населба на населбата и тврдината Исар, кое се наоѓа над селото.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Епицентарот на земјотресот бил во самото село.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948336—    
1953365+8.6%
1961379+3.8%
1971462+21.9%
1981564+22.1%
ГодинаНас.±%
1991526−6.7%
1994519−1.3%
2002504−2.9%
2021437−13.3%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 18 домаќинства со 64 жители христијани.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марвинци имало 160 жители, сите Македонци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марвинци имало 240 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 160 240 336 365 379 462 564 526 519 504 437

Општествени установи

Марвинци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Подрачното основно училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Марвинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 380 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
  • Исар — населба и некропола;
  • Сред Село — некропола од хеленистичко време;
  • Ќурќиевица — некропола од железно време; и
  • Црква — осамен наод од римско време.
    Цркви
    Споменици
  • Споменик на народниот борец Мито Симеонов, сместен пред основното училиште

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Марвинци Географија и местоположбаМарвинци ИсторијаМарвинци СтопанствоМарвинци НаселениеМарвинци Општествени установиМарвинци Самоуправа и политикаМарвинци Културни и природни знаменитостиМарвинци ГалеријаМарвинци ПоврзаноМарвинци НаводиМарвинци Надворешни врскиМарвинциБојмијаВаландовоОпштина Валандово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПоезијаИменки во македонскиот јазикГлаголски прирокКирил ПејчиновиќЏорџ Гордон БајронМарков манастирДрагана МирковиќДелењеЛазар ЛиченоскиЕлектрицитетИзборна единица 1ВирусОхридБиотички факториМакедонски народен театарСмртност на доенчињаПМГ колективПовикот на дивинатаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваЈоаким КрчовскиПолиграфФК Манчестер СитиБалканска приказна (ТВ-серија)Чорбаџи ТеодосТелефонВитамин Б6Изборна единица 9ИнтернетНиколај ГогољОпштина РесенГоце ДелчевПустина (роман)ЉубовПарите се отепувачкаОпштина ПробиштипЦијанобактерииМакедонски парламентарни избори (2016)МоливСлавко ЈаневскиЖил ВернТашмаруништаБескрајна приказнаБајкаМочуриштеБубрежен каменКокино (наоѓалиште)Втора светска војнаАцо ШоповОпштина КратовоКуранЗлосторство и казнаМенингитисПанонски легендиЧернобилска несреќаДерматитЗаменки во македонскиот јазикБраќа МиладиновциНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2014)ЈапонијаАстероидна месечинаЕвропска УнијаМомче во пижами со риги (филм)Чинови на Армијата на МакедонијаФудбалМарко ЦепенковМакедонци-муслиманиСтојан АндовТашко ГеоргиевскиДаме ГруевПеш по светотАнтон ПановОмов законЦрн дробПрочкаИзборна единица 6Живко МукаетовБаклава🡆 More