Лавце: село во Општина Тетово

Лавце — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Лавце
Лавце во рамките на Македонија
Лавце: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Лавце
Местоположба на Лавце во Македонија
Лавце на карта
Координати 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД / 42.02556; 20.95583
Општина Тетово
Население 313 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 28039
Надм. вис. 598 м
Лавце на општинската карта
Лавце: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Лавце во рамките на општината
Лавце: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Лавце на Ризницата

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во источните падини на Шар Планина, оддалечено 3,5 километри северозападно од Тетово.

Историја

За настанокот на името на селото Лавце е забележана следната легенда поврзана со овчарот Невен Пејо:

    Еднаш одамна, многу одамна на Шар Планина бил познат овчарот Невен Пејо. Тој имал многубројно стадо, но постојано бил прогонуван од албанските арамии. Затоа барал посигурно место за засолниште, при што ја избрал месноста близу Тетовското Кале. Стадото го затворил, а многу бројните кучиња-шарпланинци ги прогонувале неканетите гости. Дење и ноќе не можело да се пријде до стадото. Соседите кои бегале од албанските арамии почнале да се засолнуваат на истото место и полека настанало селото со многу стада и овчарски трла. Големиот број кучиња, чиј лавеж одѕвонувал низ планината им пречел на арамиите кои не можеле да грабаат. По силното лаење, селото кое настанало е наречено Лавце.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948127—    
1953125−1.6%
196156−55.2%
197161+8.9%
1981253+314.8%
ГодинаНас.±%
19914−98.4%
1994269+6625.0%
2002298+10.8%
2021313+5.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лавце живееле 85 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лавце имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 8 куќи со 65 жители, сите Македонци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 298 жители, од кои 296 Албанци и 2 Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 313 жители, од кои 311 Албанци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 72 127 125 56 61 253 4 269 298 313

Родови

Лавце некогаш било чисто македонско село.

Според податоците од 1946 години родови во селото биле:

  • Чаушевци (8 к.) староседелци. Имаат иселеници во Тетово (десет семејства);
  • Здравковци (2 к.) доселени биле од соседното сега албанско село Шипковица. Имаат иселеници во Скопје (две семејства);
  • Апчеи или Новевци (1 к.) доселени биле од сега албанското село Желино во подножјето на Сува Планина. Во Лавце од зулум се доселил Нове, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 40 г. во 1940-тите) Апостол или Апче-Цветан-Нове, основачот на родот. Имаат иселеници во Романија (три семејства), Тетово (две семејства) и во Белград (едно семејство);
  • Никовци (8 к.) доселени биле од сега албанското село Бродец. Во Бродец биле тројца браќа Нико, Илија и Спасо. Во Лавце се доселиле Нико со неговите синови, го знаат следното родословие: Симо (жив на 65 г. во 1940-тите) Ристо-Ќиро-Стојко-Добре-Нико, кој се доселил. Имаат иселеници во Белград (шест семејства), Америка (три семејства), Романија (пет семејства), Бугарија (пет семејства), Скопје (едно семејство), Тетово (едно семејство) и во Сетоле (домазет);
  • Војневци (5 к.) доселени биле од соседното сега албанско село Шипковица, го знаат следното родословие: Спиро (жив на 60 г. во 1940-тите) Блаже-Војне-Анѓеле, основачот на родот. Имаат иселеници во Тетово (четири семејства).

Општествени установи

Цркви

  • Црква „Св. Атанасиј“ - Лавце — манастирска црква
  • Црква „Св. маченик Ѓорѓи Победоносец“ - според легендата потекнува од средината на XIX век. Имено тука дошла некоја жена од Русија. Ѝ се сонило да направи црква. Таа сама ги редела камењата и направила објект што личел на црква. Одвај се влегувало, но поставила крст и му дала име на светецот. На тоа исто место, зачувувајќи ги старите ѕидови, лавчани изградиле нова црква, а до неа пред во 80те години и ајат каде што се собираат на селската слава „Св. Атанасие“.
  • Црква „Св. Спас“ - Лавце
  • Во склоп на црквата „Св маченик Ѓорѓи Победоносец“ функционира црковен конак со соби за преспивање и голема просторија во која се одржуваат прославите на селските празници „Св Атанасиј“ и „Св. Ѓорѓи“.

Самоуправа и политика

Изборно местo

Во селото постои избирачкото место бр. 1998 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Во село Лавце постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

  • Одбележување на празникот Св. Атанасиј (31 јануари) посветен на манастирската црква „Св. Атанасиј“ на Тетовското кале - Балтепе.
  • Одбележување на празникот Св. Ѓорѓи (9 декември) посветен на црквата „Св. Ѓорѓи“ (селска слава).

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Лавце Географија и местоположбаЛавце ИсторијаЛавце СтопанствоЛавце НаселениеЛавце Општествени установиЛавце Самоуправа и политикаЛавце Културни и природни знаменитостиЛавце Редовни настаниЛавце ЛичностиЛавце Култура и спортЛавце ИселеништвоЛавце НаводиЛавце Надворешни врскиЛавцеОпштина ТетовоТетово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ТапанОсновен приходРасказРибиОпштина ПехчевоОпштина КичевоПринцезата на зрно грашокКорупцијаМаричка биткаСловенијаОпштина ПрилепОпштина КочаниЕнтерококиРобинзон КрусоСтруен ударМухамедСписок на градови во МакедонијаЛидија ДимковскаТенко цревоАли АхметиЧовечко телоАнте ПоповскиАјдучка треваОпштина ПласницаОпштина СтуденичаниАбортусАвантурите на ПинокиоЈапонијаОпштина ДојранБубрегОсна симетријаКичевоДемир ХисарМРП вакцинаЈугославијаБегалка‘Рбетен столбБескрајна приказнаФилип РикерНепалОпштина ОхридМарио ЛеминаАлкалоид (претпријатие)Македонски парламентарни избори, 2008Исак ЊутнСостави на репрезентациите на Копа Америка 2019ПингвинНова алтернативаСпомен-куќа на Мајка ТерезаПожарГлицеролМакедонски парламентарни избори, 2006Талат ЏафериМорфологија на македонскиот јазикЛимфен јазолСписок на архаични зборови во македонскиот јазикГалија (брод)МекотелиИзборна единица 7МузикаЗлосторство и казнаЖивотна срединаКонстантин МиладиновПМГ колективАлбанијаПериоден систем на елементитеАпозиција во македонскиот јазикКристофер КолумбоХромозом’Ржаново (Струшко)Општина КратовоВекторЃорѓи СугаревПравославиеГерманијаХомерЦрни и жолтиКошарка🡆 More