Кримската конференција, позната и како Конференција во Јалта и под кодното име Аргонаут, се одржала од 4 до 11 февруари 1945 година, и бил втор мултилатерален состанок на лидерите од сојузничките сили од Втората светска војна: Соединетите држави, Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз.
На неа се разговарало за повоената реорганизација на Германија и Европа. Четирите држави беа претставени од претседателотФренклин Рузвелт, премиерот Винстон Черчил и генералниот секретар Јосиф Сталин, соодветно. Конференцијата се одржала во близина на Јалта на Крим во Советскиот Сојуз, во палатите Ливадија, Јусупов и Воронцов.
Датум | 4–11 февруари 1945 година |
---|---|
Одржувалиште | Ливадија |
Место | Јалта, |
Учесници | СССР: Јосиф Сталин ОК: Винстон Черчил САД: Франклин Рузвелт |
Јалта била втората од трите големи воени конференции меѓу сојузничките сили. На неа и претходела Конференцијата во Техеран во ноември 1943 година, а по неа во јули 1945 година се одржала Потсдамската конференција.
За време на конференцијата во Јалта, Сојузничките сили веќе ја ослободиле цела Франција и Белгија и се воделе борби на западната граница од Германија. На исток, советските сили биле 65 км од Берлин, откако веќе ги истиснале Германците од Полска, Романија и Бугарија. Поразот на Германија веќе не бил доведуван во прашање. Прашањето било како да се обликува повоена Европа.
Секој од тројцата водачи си имал своја агенда за повоена Германија и за ослободената Европа. Рузвелт сакал Советите да го поддржат во Пацифичката војна против Јапонија, односно за планираната инвазија на Јапонија (Операција августовска бура), како и да учествуваат во Обединетите нации. Черчил се залагал за слободни избори и демократски влади во Средна и Источна Европа, особено во Полска. Сталин барал советска сфера на политичко влијание во Источна и Средна Европа како суштински аспект од стратегијата за национална безбедност на Советите, а неговата позиција на конференцијата ја сметал за силна до мера да може да диктира услови. Според членот од американската делегација и иден државен секретар на САД, Џејмс Ф. Бирнс, „не беше прашање што ќе им дозволиме на Русите да прават, туку што можеме да ги натераме Русите да направат“.
Полска била првата точка на советската агенда. Сталин изјавил: „За советската влада, прашањето за Полска беше прашање на чест“ и безбедност, бидејќи Полска историски служела како коридор за силите кои се обидувале да ја нападнат Русија. Сталин заклучил дека „Полска мора да биде силна“ и дека „Советскиот Сојуз е заинтересиран за создавање на моќна, слободна и независна Полска“. Според тоа, Сталин навел дека за барањата на полската влада во егзил не може да се преговара, а Советите ќе ја задржат територијата на источна Полска што ја анектирале во 1939 година, а на Полска ќе ѝ се надомести со проширување на нејзините западни граници на сметка на Германија. Сталин ветил слободни избори во Полска и покрај тоа што таму веќе имало привремена влада под закрила на Советскиот Сојуз, која неодамна била поставена на полските територии окупирани од Црвената армија .
Рузвелт сакал Советите да се приклучат на сојузниците во Пацифичката војна против Јапонија, затоа што тој се надевал дека војната ќе заврши побрзо и со помали американските жртви.
Еден од предусловите за Советите да ѝ објават војна на Јапонија бил Америка да ја признае монголската независност од Кина (Монголската Народна Република била советска сателитска држава од 1924 година до Втората светска војна). Советите, исто така, барале признавање на советските интереси во Кинеската источна железница и Порт Артур.
Советите барале да им се врати Јужен Сахалин, кој Јапонија го одзел од Русија во Руско-јапонската војна од 1905 година, и предавање на Курилските острови од Јапонија. Двете барања биле одобрени од Труман.
За возврат, Сталин ветил дека Советскиот Сојуз ќе се приклучи во Пацифичката војна три месеци по поразот на Германија. Подоцна, во Потсдам, Сталин му ветил на Труман дека ќе го почитува националното единство на Кореја, која делумно ќе биде окупирана од советските трупи.
Исто така, Советите се согласиле да се приклучат на Обединетите нации поради тоа што дознале дека постојаните членки на Советот за безбедност ќе има право на вето, што гарантирало дека секоја земја може да ги блокира несаканите одлуки.
Тројцата лидери го ратификувале договорот на Европската советодавна комисија за одредување на границите на повоените окупациски зони во Германија, по една зона за секој од трите главни сојузници. Тие, исто така, се согласиле да ѝ дадат окупациона зона и на Франција за сметка на зоните од САД и ОК, но Де Гол не прифатил француската зона да биде дефинирана со граници утврдени во негово отсуство. Така, тој им наредил на француските сили да го окупираат Штутгарт, како дополнение на зоната која претходно било договорено да ѝ припадне на Франција. Тој се повлекол оттаму откако Американците му се заканиле дека ќе ја прекинат економската поддршка.
Исто така, Големата тројка се согласила дека сите влади ќе бидат вратени во окупираните земји, со исклучок на Романија и Бугарија и Полска и дека сите нивни цивили ќе бидат вратени во татковината. .
Декларацијата за ослободена Европа била создадена од Винстон Черчил, Френклин Рузвелт и Јосиф Сталин за време на Конференцијата во Јалта. Во неа им се ветувало на луѓето во Европа дека ќе „создадат демократски институции по сопствен избор“. Во декларацијата се ветувало „што е можно побрзо воспоставување на влади преку слободни избори, кои ќе одговорат на волјата на народот“. Тоа е слично на одредбите од Атлантската повелба за „правото на сите луѓе да избираат форма на влада под која ќе живеат“.
Клучните точки на состанокот биле:
Биполарниот свет создаден во Јалта со поделбата на Европа на источен и западен блок опстојувал повеќе од 40 години - од говорот на Черчил во Фултон на 5 март 1946 година до распадот на СССР во декември 1991 година. Системот од Јалта почнал да пропаѓа уште во 1980-тите со почетокот на перестројката во СССР во март 1985 година. Земјите од Средна и Источна Европа во 1989 година почнале да го отфрлаат комунистичкиот систем. На 3 октомври 1990 година Германија била обединета.
44°28′04″N 34°08′36″E / 44.46778° СГШ; 34.14333° ИГД44°28′04″N 34°08′36″E / 44.46778° СГШ; 34.14333° ИГД
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Кримска конференција, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.