Претседател На Соединетите Американски Држави

Претседателот на Соединетите Американски Држави (англ.

President of the United States of America) е шеф на државата и на владата на САД. Претседателот е на чело на извршната власт на сојузната влада, чија улога е да ги спроведува државните закони како што ги пропишува Уставот на САД и Конгресот на САД. Претседателот е командант на вооружените сили на САД. Покрај тоа, има и дуги ексклузивни права доделени според Уставот, вклучувајќи и да потпишува или забранува закони изгласани од Конгресот, да формира кабинет од советници, да помилува осуденици, и, со совет и согласност на Сенатот на САД, да склучува меѓународни договори, да назначува сојузни службеници, амбасадори, сојузни судии и судии на Врховниот суд на САД.

Претседател На Соединетите Американски Држави
Печатот на Претседателот на САД.
Претседател На Соединетите Американски Држави
Тековниот претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден
Соединети Американски Држави
Претседател На Соединетите Американски Држави

Оваа статија е дел од темата:
Политика на САД



Како и со сите високои државни службеници, Уставот ги ограничува овластувањата на Претседателот преку сложен механизам на проверки наменети за заштита на системот од какви било злоупотреби или преземање на апсолутна власт.

Претседателот се избира индиректно, преку Изборен Колеџ на четиригодишен мандат кој може да се повтори само уште еднаш. Секоја сојузна држава делегира пропорционален број на изборни гласови во изборниот колеџ. Преку мнозински систем, гласачите во сите држави гласаат за претседателски кандидат, и победникот ги добива сите изборни гласови во колеџот од таа сојузна држава. За да се избере претседател е потребно просто мнозинство во изборниот колеџ, доколку гласањето е изедначено, Претставничкиот дом на САД го избира претседателот.

Прв претседател на САД бил Џорџ Вашингтон. До денес, вкупно 43 лица во вкупно 55 мандати ја вршеле оваа функција.

Тековен претседател на САД е Џозеф Бајден (од 2021).

Белата куќа во Вашингтон е седиште и резиденција на Претседателот на САД. Платата на претседателот на САД е 400.000 УСД.

Од крајот на 20. век, кога САД се единствена велесила, Претседателот на САД често се нарекува „најмоќна личност на светот“ и секако е една од највлијателните и најпознатите личности во светот.

Поврзано

Наводи

Tags:

Конгресот на САДСАД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МијациЦрни и жолтиУд (македонски)МарокоЃокица ЛукаревскиАтентат врз Киро ГлигоровАнтарктикПрва влада на Зоран ЗаевСпоменка (книга)Локални избори во Македонија (2009)Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаБекир ХалимиСложена реченицаМиланоАли АхметиДесница (политика)Велко НеделковскиДиво месо (драма)Јужна ЕвропаКанцониеротАнтибиотикВагинален исцедокМакедонска граматикаСвети Климент ОхридскиБелото ЦиганчеИндијаСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЗвукСвети Наум (манастир)Гарванот (поема)Општини во МакедонијаУкраинаРахим БекириШизофренијаМакедонска азбукаОпштина ЧаирВакцина против тетанусМонокотиледониОхридски рамковен договорИзборна единица 8Пржински договорЖолчкаЃорге ИвановЗагрозен видЗурла (македонска)Демократски сојузБорислав КрмовИзборна единица 9Специјална антитерористичка единица „Тигар“Џек ЛондонКирилицаЛавОпштина ИлинденРационализамЧовечко телоМакедонски претседателски избори, 2004Саво КлимовскиФилип ПетровскиДесет Божји заповедиОпштина Крива ПаланкаРепублика МакедонијаГлавна страницаИзвршна властМајка ТерезаКубаТуберкулозаДискус хернијаСтрујно колоАнална фисураРомео и ЈулијаИмер СелманиПат околу светот за 80 денаГоран МинчевГеографија на МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партија🡆 More