Коски На Лицето

Скелетот на лицето е составено од три непарни и шест парни коски.

Коски на лицето
Коски На Лицето
Коските на лицето.
Коски На Лицето
Коските на лицето.
  сина: ралник (1)
  жолта: горна вилица (2)
  виолетова: долна вилица (1)
  розова: носни коски (2)
  црвена: непчени коски (2)
  светлосина: солзни коски (2)
  темнозелена: јаболчни коски (2)
  светлозелена: долни носни школки (2)
Податоци
Латинскиossa faciei, ossa facialia

Коски на лицето

Непарни коски се: ралник, долна вилица и подјазична коска. Парни коски се: горна вилица, непцева коска, долна непцева школка, носна коска, јаболкова коска и солзна коска.

Горна вилица(maxilla)

Горната вилица претставува парна, најголема лицева коска. На неа се разликуваат тело и четири израстоци. Тело (corpus maxillae) - наликува на тристара пирамида со база кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата, предната страна претставува основа на образот, задната страна е свртена латерално и учествува во ограничувањето на слепоочната јама. На средината од носната страна се наоѓа отвор на виличниот синус (sinus maxillaris). Челен израсток (processus frontalis) – учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболков израсток (processus zygomaticus) – се спојува со јаболковата коска. Непцев израсток (processus palatinus ) – споен со истиот од спротивната страна, учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговие предни две третини. Забниот израсток (processus alveolaris ) е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни албеоли каде што се сместени корените од горните заби.

Непцева коска (os palatinum)

Непцевата коска е парна коска сместена зад максилата на која се опишуваат два дела : вертикален и водорамен. Вертикална плочка (lamina perpendicularis) е сместена меѓу телото од максилата и крилестиот израсток од сфеноидната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина Водорамна плочка (lamina horizontalis ) – се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во составот на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.

Долна носна школка(concha nasalis inferior)

Претставува тенка коскена плочка налик на школка. Нејзиниот горен раб споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска ограничуваат долен носен ходник.

Носна коска (os nasale)

Носната коска е правоаголна коскена плочка што го гради коренот од носот. Горе е споена со челната коска, бочно со челниот израсток од максилата. Внатрешната страна од коската учествува во градбата на горниот ѕид од носната празнина.

Јаболкова коскa (os zygomaticum)

Таа ја испакнува кожата на лицето во таканаречена јаболчница. На коската се разликуваат две страни: латерална или лицева и орбитална. Лицевата е подкожна, а орбиталната влегува со составот на латералниот ѕид од орбитата. На коската се разликуваат два израстока: челен израсток нагоре и слепоочен насочен надолу.

Солзна коска (os lacrimale)

Солзната коска е мала тенка коска сместена во предниот дел од внатрешниот дел од орбитата.

Ралник (vomer)

Ралникот е тенка непарна коскена плочка налик на ромб и учестува во градбата на коскената носна преграда.

Долна вилицa (mandibula)

Мандибулата е непарна коска на која се разликуваат тело и две гранки. Тело( corpus mandibulae) - наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток (processus alveolaris ) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база. Вилични гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока: преден(‘’короноиден израсток’’) служи за поврзување на темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.

Подјазична коска (os hyoideum)

Непарна коска сместена по мандибулата во подјазичната мускулатура. Наликува на потковица со конкавитет свртена наназад. На неа се разликуваат тело, големи и мали рогови. Подјазичната коска не се зглобува со ниедна коска туку е поврзана со врски и мускули за черепот и градниот кош.

Галерија

Tags:

Коски На Лицето Коски на лицетоКоски На Лицето ГалеријаКоски На Лицето

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АвангардаНационални паркови во МакедонијаХемороидШармери од осмоХристијан МицкоскиФранцијаГласачки системМакедонски АлбанциРадовишЈугославијаМонакоМакедонски парламентарни избори, 2008Римска култураТриаголникМијациХимна на ВМРОТоме АрсовскиИзбори во Република МакедонијаЧовечки папиломен вирусГлаголМојот звукДропкаТурпијаПремиер на МакедонијаВелигденСоветски СојузРодина МакедонијаМакедонски претседателски избори, 2014Список на македонски народни и староградски песниСлавко ЈаневскиПирамида (геометрија)Свети Наум Охридски ЧудотворецСтево ПендаровскиЛатвијаНикола Димитров (дипломат)АДХДБугарска пропаганда во МакедонијаКрешник БектешиКатица ЈаневаОпштина ТетовоЈулијански календарНезависен политичарАзијаАндреј ПетровВлада на Димитар КовачевскиИзборна единица 2Општина АеродромГуглМагнетна резонанцијаМакедонски парламентарни избори, 1994МамутчевоМакедонска обновителна реформска опција - Работничка партијаИзраелЈордан МијалковЗевсРак на желудникБедија БеговскаПоткастОливер СпасовскиМозокДоситеј ОбрадовиќТумор на мозокМесечинаВласиПрва влада на Зоран Заев20000 милји под моретоОпштина ВрапчиштеМакедонски парламентарни избори (2002)Лила СтојановскаТелефонПоделба на гласовите во македонскиот јазикЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонија во Втората светска војнаМомче во пижами со риги (филм)Крпен животВлада на Љубчо Георгиевски🡆 More