Калјампуди Рао

Калjампуди Радакришна Рао (канадски: ಕಲ್ಯಂಪುಡಿ ರಾಧಾಕೃಷ್ಣ ರಾವ್, телушки: కల్యంపూడి రాధాకృష్ణ రావు; 10 септември 1920 – 22 август 2023) — индиски математичар и статистичар.

Работи 40 години во Индија , во Индискиот институт за статистика, каде што по пензионирањето на 60 годишна возраст заминува во САД и продолжува да работи уште 25 години на Универзитет во Питсбург и Државниот универзитет во Пенсилванија.

Живот и дејност

К.Р. Рао е роден во , Карнатака на 10 септември , 1920 година . Магистирал математика на Универзитетот Андра , Андра Прадеш, а статистика на Универзитетот Калкута во 1943. Тој бил еден од првите луѓе во светот кои магистрирале во областа на статистиката.

Академска кариера

К.Р. Рао магистрирал математика во прва класа и прв ранг на Универзитетот Андра (1941) и магистрирал статистика на Универзитетот Калкута (1943) во прва класа, прв ранг со рекордни оцени кои до денес никој не успеал да ги достигне, а стекнал и златен медал. Тој бил повикан да работи на проект во Музејот на антропологија и археологија на Универзитет во Кембриџ, Велика Британија. Врз основа на работата на проектот , тој докторирал во 1948 година на Универзитетот Кембриџ со Р.А. Фишер, таткото на модерна статистика, како негов советник. Во 1965 година се стекнал со звање доктор на науки врз основа на рецензија на неговото истражување за придонесите за статистиката. Почесни докторски дипломи: До денес, тој добил 36 Почесни докторски дипломи од универзитети во 19 земји ширум светот.

Дела

К.Р. Рао е автор на 14 книги и околу 400 научни трудови. Негови значајни дела се:

  • Linear Statistical Inference and its Applications
  • Statistics and Truth

Награди и признанија

  • Златен Гајов медал (2011)-Кралско статистичко општество
  • Награда за наука Индија (2010)-највисоката награда во областа на науката која се доделува од страна на Индиската влада
  • Меѓународни Mахаланобис награда (2003)- Меѓународен статистички институт
  • Медал „Шриниваса Рамануџан“ (2003)-Индиска национална академија на науки
  • Претседателот Џорџ Буш на 12 јуни 2002 година го почестил со Националниот медал за наука, највисоката награда во САД во научната област како "пророк на новата ера" со цитат, "за неговите пионерски придонеси за основите на статистичкита теорија и мултиваријантната статистичка методологија и нивните апликации, збогатување на физички, биолошки, математички, економски и инженерските науки. "
  • Падма Вибушан (2001)-Влада на Индија
  • Mахаланобис златен медал на векот (1993)-Индиски конгрес на науки
  • Вилс спомен награда (1989)- Американски завод за статистичка асоцијација
  • Мегнад Сахад медал (1969)- Индиска нациоанална академија на науки
  • Сребрен Гај медал (1965)- Кралското статистичко општество
  • С.С. Батнагар награда (1963)-Совет за научно и индустриско истражување
  • Боше златен медал-Боше Институт
  • Златен медал -Универзитетот во Калкута
  • К.Р. Рао е награден за почесен доктор на науки на Универзитетот во Калкута во 2003. Исто така е и добитник на почесни докторати во голем број универзитети и институти од целиот свет.

Наводи

Tags:

Калјампуди Рао Живот и дејностКалјампуди Рао Академска кариераКалјампуди Рао ДелаКалјампуди Рао Награди и признанијаКалјампуди Рао10 септември1920202322 августКанадски јазикМатематичарПитсбургСАДСтатистичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Прва светска војнаРевизор (комедија)Попис на населението во Македонија (2021)Хрватски месециБолести на белите дробовиХронична опструктивна белодробна болестВевчаниСамка Ибраимовски‘Рбетен столбОпштина ТетовоМакедонска азбукаУставен суд на МакедонијаДемографија на МакедонијаБубрежна инфекцијаМакедонски АлбанциHTMLДаниела ТемелковскаСвети Кирил и МетодијСписок на повикувачки броеви на земјитеОхридСвета ПеткаИзет МеџитиАвстралијаЛиберална партија на МакедонијаЗаздравување на ранаОпштина СтуденичаниХристијанствоСобрание на МакедонијаАкутен панкреатитИзбори во МакедонијаЕтничка групаНикола ПопоскиНационален парк ПелистерСписок на архаични зборови во македонскиот јазикЧарлс IIIМакедонска православна црква - Охридска архиепископија27 априлЖивотниШеријатСончев СистемМиле ЗечевиќБременостСписок на македонски зборови од турско потеклоЛасерОпштина ПласницаКрпен животОпштина Чучер-СандевоОпштина ЧашкаБранко ЦрвенковскиФилип II МакедонскиМаксим ДимитриевскиСедум (филм)Крвна групаЗнаме на МакедонијаГрцијаРодина МакедонијаПертусисМакедонски парламентарни избори, 2002Сашо ОрдановскиМакедонски парламентарни избори (1998)ПросветителствоЕгејска МакедонијаДимитар АпасиевЛазар КолишевскиЛевица (политичка партија)Македонски претседателски избори, 2014Локални избори во Македонија (2009)МакпетролРоманијаЕстрогенВлада на МакедонијаКалеш АнѓаРеферендум во Македонија (2018)Список на змии во МакедонијаОхридско ЕзероКатица ЈаневаМендух ТачиГеографија на МакедонијаГраѓанска опција за Македонија🡆 More