Индиски Национален Календар

Индиски национален календар, понекогаш наречен шаливахански сачки календар — календар во употреба во Индија заедно со викранмскиот календар и широко застапениот грегоријански календар.

Често се среќава во државниот службен весник, во вестите, Сеиндиското радио и службените дописи на Владата на Индија. Создаден е со одлука на посебна комисија, која разгледувала голем број индиски календари и имала за цел да утврди еден календар за обединета и независна индија. Календарот стапил на сила во 22 март 1957 г. по грегоријански.

Индиски Национален Календар
Печат на првиот непалски крал Притви Нарајан Шах на кој е испишана 1685 г. според сачката ера (1763 г. по грегоријански).

Сачкиот календар се користи и во други краишта поради индиското влијание низ историјата. Такви места се островите Јава и Бали, каде е во употреба меѓу индонезиските хиндуисти. Сачката нова година на Бали се слави како празникот Њепи („Ден на тишината“). Непалскиот календар води потекло од сачкиот. Сачкиот календар се користел и во неколку подрачја на денешните Филипини, за што сведочи Лагунскиот бакрорезен натпис — единствениот стар првоизворник за хиндуизмот во земјата.

Поимот може да се однесува и на хиндуистичкиот календар; шаливаханската ера неретко се користи и во други календари и има сончеви години.

Месеци

Календарските месеци ги следат знаците на тропскиот зодијак наместо вообичаениот ѕвезден зодијак во хиндуистичкиот календар.

Бр. Име
(санскрит)
Бр. на
денови
Почеток
(грегоријански)
Знак
1 чаитра 30/31 22/21 март овен
2 вајшака 31 21 април бик
3 џјешта 31 22 мај близнаци
4 ашада 31 22 јуни рак
5 шравана 31 23 јули лав
6 баадра 31 23 август девица
7 ашвин 30 23 септември вага
8 картика 30 23 октомври скорпија
9 аграхајана 30 22 ноември стрелец
10 пауша 30 22 декември јарец
11 мага 30 21 јануари водолија
12 палгуна 30 20 февруари риби

Првиот месец во годината чаитра има 30 дена и почнува на 22 март, освен во престапна година, кога има 31 ден и почнува на 21 март (грегоријански). Сите месеци во првата половина на годината имаат по 31 ден земајќи го предвид побавното движење на Сонцето по еклиптиката во тој период.

Месеците имаат имиња изведени од постари хиндуистички месечево-сончеви календари; оттука постојат правописни разлики, и со тоа можност да се помеша припадноста на месецот во даден календар.

Првиот ден од седмицата е равивара (недела). Според официјалниот календар кој го води државната управа, седмицата трае од недела од сабота.

Денови во седмицата според сачкиот календар
Ден Сачки Грегоријански
0 равивара недела
1 сомвара понеделник
2 мангалавара вторник
3 будавара среда
4 брахаспативара четврток
5 шукравара петок
6 шанивара сабота

Годините се сметаат според сачката ера, која почнува од нулта година, што соодветствува на 78 г. од нашата ера. Престапните години се истите како грегоријанските.

Поврзано

Наводи

    Извори

Надворешни врски

Tags:

Индиски Национален Календар МесециИндиски Национален Календар ПоврзаноИндиски Национален Календар НаводиИндиски Национален Календар Надворешни врскиИндиски Национален КалендарВикрамски календарГрегоријански календарИндијаКалендар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Локални избори во Македонија (2009)Министерство за животна средина и просторно планирањеПриродаБлерим РекаФашизамЛазар МојсовЈосип Броз-ТитоКомуњарИзборна единица 4Македонски парламентарни избори (2020)Никола КљусевРимаВтора влада на Никола ГруевскиСтрептококен фарингитисМакедонски парламентарни избори (1986)Методија Андонов-ЧентоЛуцеркаКанцониеротНеважечко гласачко ливчеОпштина ГостиварМухамед ХалилиНеготиноДемократска партија на АлбанцитеСоцијалистичка Република МакедонијаОпштина Чучер-СандевоПравоаголникНезависен политичарКисел дождМакедонски месециДемократијаПанкреасВасил ТупурковскиСписок на градови во МакедонијаСуперхеројОпштина МогилаГостиварРевизор (комедија)Град СкопјеБременостПредмет (граматика)Ослободителна народна армијаМакедонски претседателски избори, 2004ТурцијаКипарВидови аглиВртоглавицаЦрн дробСрбијаПодметДел-реченицаБиљал КасамиГригор ПрличевБроеви во македонскиот јазикО писменехПроцентБисера Костадиновска-СтојчевскаЉубчо ГеоргиевскиНикола Димитров (дипломат)Општина Чешиново-ОблешевоПсоријазаПартија за движење на Турците во МакедонијаТито ПетковскиСвети КирилСписок на македонски народни поговоркиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоРамнокрак триаголникСписок на Влади на МакедонијаДебрештеДен на планетата ЗемјаИзборна единица 3Прсти на рацетеСлобода или смртПовикувачки броеви во МакедонијаМакедонска крвава свадбаСкратеници во македонскиот јазикДемократска партија на Турците на Македонија🡆 More