Злести: село во Општина Дебрца

Злести — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.

Злести
Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото Злести

Злести во рамките на Македонија
Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Злести
Местоположба на Злести во Македонија
Злести на карта
Координати 41°16′57″N 20°49′49″E / 41.28250° СГШ; 20.83028° ИГД / 41.28250; 20.83028
Регион Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Дебрца
Област Дебрца
Население 168 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6344
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19018
Надм. вис. 780 м
Слава Ѓурѓовден
Злести на општинската карта
Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Злести во рамките на општината
Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Злести на Ризницата

Потекло на името

Помеѓу населението на селото постои предание дека селото порано се викало Лески, и дека се наоѓало во правец на селото Лешани, тоа место и денес се вика Лески. Од Лески името се преиначило во Злести.

Географија и местоположба

Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Дел од сретселото

Злести се граничи со следните села: на север со Белчишта, општинско средиште на Општина Дебрца, на запад со селото Ботун, на југозапад со Мешеишта, на југоисток со Куратица, на исток со Лешани, Долно Средоречие и Грко Поле на североисток, а на југ со Сирула.

Од градот Охрид оддалечено е 22 километри. Од регионалниот пат Охрид-Кичево оддалечено е 3 километри.

Од јужната и западната страна е опкружено со планини кои се богати претежно со дабова и иглолисна шума во помали количини, а во помал обем и букова шума.

Историја

За постанокот на денешното село се искажува следното предание. Во многу стари времиња во близина на селото Злести постоеле други две помали населби, едната населба се викала Лески, а другата Раштани. Некој човек со своите пет сина после пустошот на старото село Раштани морал да се исели од таму, и дошол во селото Злести. Нив ги викале Маленковци, Пашовци, Беговци, Кадијовци и Ќосевци, подоцна се разграниле на повеќе родови.

Во XIX век, Злести се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебрца, во Отоманското Царство.

Стопанство

Од северната и источната страна на селото се простира голема низина која е погодна за одгледување на житарици. Од другите земјоделски култури во помали количини се одгледува пченка, грав, компир, пиперки и други градинарски култури.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948701—    
1953721+2.9%
1961680−5.7%
1971552−18.8%
1981504−8.7%
ГодинаНас.±%
1991369−26.8%
1994333−9.8%
2002294−11.7%
2021168−42.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Злести имало 530 жители, сите Македонци христијани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Злести имало 520 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Злести е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 80 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 294 жители, од кои 291 Македонец и 3 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 168 жители, од кои 159 Македонци, 1 останат и 8 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 530 520 701 721 680 552 504 369 333 294 168

Родови

Злести е македонско село

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебрца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото припаѓало на некогашната Општина Белчишта.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Злести, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Долно Средоречие, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Злести се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1319 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Новоизградената манастирска црква „Рождество на Пресвета Богородица“ и остатоците на средновековната црква „Св. Богородица“
Злести: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“ со камбанаријата и селските гробишта околу нејзе
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Манастири
    Параклиси
  • Св. Никола — сместен под главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Редовни настани

Личности

  • Климе Вељаноски - Злеатовчето — македонски комита
  • Благоја Дескоски — музичар-виолинист
  • Стојан Лакоец — македонски револуционер
  • Кирил Стојанов — македонски партизан
  • Крсте Ѓоргијов Колоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Деско Ѓоршев Десковски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Сотир Јанев Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Голоб Маркоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ламбе Георгиев Петкоски — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Ванче Наумов Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.
  • Андон Силјаноски — македонски партизан
  • Васил Попоски — македонски партизан
  • Јоне Дескоски — македонски партизан
  • Јонче Нестороски — македонски партизан
  • Никола Дескоски — македонски партизан

Иселеништво

Иселени злестинци и злестинки можат да се најдат во. Охрид, Битола, Струга, Скопје, Штип, Велес, Австралија, итн.

Култура и спорт

Од спортот доста е развиен фудбалот, при што има фубалски клуб ФК Злести кој игра во Охридската општинска лига. ФК Злести има свој стадион „Горни-Лаг“ каде ги изигрува своите натпревари. Во изградба е новиот полигон за мал фудбал и други спортови (ракомет, кошарка, одбојка) во склоп на подрачното основно училиште.

Во Злести секое лето се одржува традиционален турнир во мал фудбал.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Злести Потекло на иметоЗлести Географија и местоположбаЗлести ИсторијаЗлести СтопанствоЗлести НаселениеЗлести Општествени установиЗлести Самоуправа и политикаЗлести Културни и природни знаменитостиЗлести Редовни настаниЗлести ЛичностиЗлести ИселеништвоЗлести Култура и спортЗлести ГалеријаЗлести ПоврзаноЗлести НаводиЗлести Надворешни врскиЗлестиДебрцаОпштина ДебрцаОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Премиер на МакедонијаТранслитерација на македонското писмоНационален парк МавровоСашо МијалковМакедонски пасошОслободителна Народна АрмијаЈаболковинаШахОксидационо-редукциона реакцијаБозелМакедонски парламентарни избори, 2011Крвен притисокЕпилепсијаГодинаЧовечки папиломен вирусИнфективна мононуклеозаДржавна изборна комисијаЛокални избори во Македонија (2013)Камен мост (Скопје)Даниел ДефоРисРусијаХајди (роман)Список на градови во ГерманијаАвтоимуна болестГостиварВаршавски договорРомео и ЈулијаВикипедијаЕндометриозаВелесАлжирСилвио ПиколоминиГ’зим ОстрениМасакр кај КарпалакГрузијаПертусисЧовечко телоМакедонски парламентарни избори, 2002Граѓанска опција за МакедонијаМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеНационалсоцијализамВојдан ЧернодринскиЈоаким КрчовскиБолести и аномалии на очитеВаландовоСписок на реки во МакедонијаПопис на населението во Македонија (2021)Охридски топчест сунѓерСоединети Американски ДржавиОпштини во МакедонијаВодаНикола КљусевЛозје (книга)КожлеМомчило Бајагиќ-БајагаКатица ЈаневаМакедонски месециСолунБисера Костадиновска-СтојчевскаДемографија на МакедонијаВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоОтоманска МакедонијаКирилицаБогородица26 априлОпштина КумановоВакцина против тетанусКожичка на пенисМакедонска азбукаРодина МакедонијаСулфур диоксидАлшарМакедонски претседателски избори (2004)Вилсонова болест🡆 More