Сирула: село во Општина Охрид

Сирула — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Сирула
Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Традиционална куќа во селото Сирула

Сирула во рамките на Македонија
Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Сирула
Местоположба на Сирула во Македонија
Сирула на карта
Координати 41°14′4″N 20°50′40″E / 41.23444° СГШ; 20.84444° ИГД / 41.23444; 20.84444
Регион Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Охрид
Област Охридско
Население 2 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19044
Надм. вис. 939 м
Слава Свети Никола Талалеј
Сирула на општинската карта
Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Сирула во рамките на општината
Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Сирула на Ризницата

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, во северниот дел на територијата на Општина Охрид. Селото е планинско, на надморска височина од 1.060 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 18 километри.

Сирула е планинско село во околината на градот Охрид, на самата граница со соседната областа Дебрца. Околни села се: Куратица, Расино, Вапила и Ливоишта. Мештаните со вода за пиење се снабдуваат од извори.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливаѓе, Св. Петка, Мартиној Ливаѓе, Езерец, Митра-Арен, Блажо-Нивче, Широка Арен, Топли Дол, Сирулска Река, Благуње, Велкоска Чешма, Манко Село, Длаги Рид, Турски Рид, Кутел или Кале и други.

Селото е од збиен тип и не се дели на маала.

Историја

Сирула претставува старо село. Во историските извори се сретнува во 1582 година, кога имало 41 домаќинство и било дервенџиско село. Се наоѓало на патот Охрид-Демир Хисар. За безбедноста на патот постоела стража на месноста Висока Чука, како и на Страине.

Меѓутоа, ова старо село се наоѓало на повисока положба, кај изворот Зенгоа Чешма. Промената се случила во 1820 година. На старото село се наоѓа месноста Кутел или Кале. Положбата на денешното село всушност биле нивите на некогашните мештани на старото село.

Во околината на селото некогаш постоеле два манастира. Едниот на граница со атарот на Вапила, во месноста Манастириште. Тој бил познат манастир и имал над 6.000 грла кози и повеќе монаси. Вториот манастир бил на месноста Света Петка, кој подоцна бил пренесен во селото Велгошти.

Во XIX век, Сирула било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

За време на Илинденското востание сите куќи во селото биле запалени.

Стопанство

Атарот зафаќа површина од 23,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.301 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 610 хектари, а на пасиштата 156 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

До крајот на Втората светска војна, мештаните главно се занимавале со земјоделство и сточарство. Одгледувале кози, овци, волови и коњи и на планината имало 10 бачила.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948562—    
1953625+11.2%
1961631+1.0%
1971363−42.5%
1981121−66.7%
ГодинаНас.±%
199136−70.2%
199425−30.6%
200210−60.0%
20212−80.0%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 40 домаќинства и 125 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сирула живееле 440 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сирула имало 440 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сируља е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Од селото се иселил голем број од населението, така што тоа преминало од средна во мала населба, населена со македонско население и е доведено во фаза на раселување. Така, во 1961 година Сирула имала 631 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 25 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Сирула живееле 10 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 440 440 562 625 631 363 121 36 25 10 2

Родови

Сирула е чисто православно македонско село. Сега во селото има само 3 родови, сите староседелски.

Родови во селото се: Јанчевци (5 к.), Марковци (5 к.), Ивановци (5 к.), сите родови се староседелски кои живееле во Старо Село кое постоело во атарот на селото. Во родот Јанчевци се знае следното родословие: Цељко (жив на 87 г. во 1980 година) Ристо-Јован-Јанче, кој се преместил во Сирула околу 1820 година.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Староседелци: Таневци или Нечковци, Сабрчковци и Бандевци (18 к.); Младеновци (9 к.); Јанчевци (8 к.); Гргушовци или Јоновци (2 к.); Бачковци и Ставревци (8 к.) и Крстановци и Петревци (10 к.).
  • Доселеници: Стојановци (10 к.), доселени се на почетокот од XIX век од селото Речица; Бочкаровци (5 к.), доселени се средината на XIX век од селото Велмеј во Дебрца и Марковци (15 к.), доселени се во 1878 година од селото Речица.

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште, кое првпат било отворено во 1945 година.

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која покрај селото Сирула, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа и Косел. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

Сирула: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1338 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница на селото Ливоишта.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 150 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Личности

Иселеништво

Постари иселеници од Сирула има во Ливоишта (Трпчевци, Крстаноски и Гиноски), Горно Лакочереј (Нечковци), Долно Лакочереј (Сирулци) и во Мислешево (Крстаноски). Потоа постари иселеници има во Охрид (Василевци, Наневци и Гроздановци). После Втората светска војна, има иселеници во Охрид (100 семејства), Велгошти и во Лескоец (15 семејства).

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Сирула Географија и местоположбаСирула ИсторијаСирула СтопанствоСирула НаселениеСирула Општествени установиСирула Самоуправа и политикаСирула Културни и природни знаменитостиСирула ЛичностиСирула ИселеништвоСирула НаводиСирула ПоврзаноСирула Надворешни врскиСирулаОпштина ОхридОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Јустинијан IСтрофаСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаПовикот на дивинатаКрушевоНапонГлицеролВрхбоснаПискупштинаСтрумички карневалРастенијаПринцезата на зрно грашокОвчи сипанициОпштини во МакедонијаМекотелиБели мугриМјузиклЛазар Ристовски (глумец)ИсторијаКрвен притисокРелигијаПотенцијална енергијаКактусиМарио ЛеминаГликемијаЧинови на Армијата на МакедонијаГлаголицаРадождаНадреден знакФудбалска репрезентација на КолумбијаБојан (роман)Мозочно крвавењеЛавПроста реченицаОбединето КралствоДебело цревоКамилаГоце ДелчевФилмАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаПаркинсонова болестЅвезда од КутлешОпштина СтругаЕлена ЗагорскајаХепатитМозокGmailСписок на повикувачки броеви на земјитеГрб на МакедонијаИзборна единица 7ТелефонМакедонски парламентарни избори, 2008МакедонскиЛист (ботаника)ВирусРомантизамПротестантиХидроксидСмоларски ВодопадОливера НиколоваНиколај ГогољМакедонска радио-телевизијаПетар ПанМахидевранАлжирЈордан Хаџи Константинов-ЏинотХомо (филм од 2020)Филип РикерАлександар Сергеевич ПушкинКопа АмерикаЗбунети годиниСписок на македонски народни и староградски песниДелогождиМерилендСостојба на материјатаМакедонски парламентарни избори (2011)Тетово🡆 More