Вапила: село во Општина Охрид

Вапила — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Вапила
Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Сретселото во Вапила

Вапила во рамките на Македонија
Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Вапила
Местоположба на Вапила во Македонија
Вапила на карта
Координати 41°11′34″N 20°49′51″E / 41.19278° СГШ; 20.83083° ИГД / 41.19278; 20.83083
Регион Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југозападен
Општина Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Охрид
Област Охридско
Население 72 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19005
Надм. вис. 960 м
Вапила на општинската карта
Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Вапила во рамките на општината
Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Вапила на Ризницата

Географија и местоположба

Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на селото Вапила

Ова село се наоѓа во Охридско, во северниот дел на територијата на Општина Охрид, од десната страна на Коселска Река. Селото е ридско, на надморска височина од 960 метри. Од самиот град Охрид е оддалечено 12 километри.

Куќите на ова мало село се распослани во долината на малата река Вапилица, десна притока на Коселска Река. Околни села се: Расино, Ливоишта и Косел. Мештаните со вода за пиење се снабдуваат од бунари.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ќерамидница, Вапилица, Муто-Орев, Скаранец, Ливаѓе, Кошариште, Бенов-Лаз, Чавдарица, Широка-Арем, Манастириште, Рукоец, Мамачов Рид и Тројани.

Селото е од разбиен тип. Поделено е на следниве маала: Горно, Долно, Ливадско, Смоленичко и Крувче.

Поради тоа што селото е сместено на Коселскиот Расед, во селото може да се сретнат поствулкански појави, како што се мофетите.

Историја

Познато е преданието дека старото село Вапила за време на турското владеење било уништено, меѓутоа не се знае кој ја уништил старата населба.

Меѓутоа од тоа старо село се останати старини. Еден поголем дел источно од селото се нарекува Манастириште. Мештаните кажуваат дека имало остатоци од стар храм, односно од манастирот „Св. Спас“. По пропаѓањето на овој манастир, бил изграден истоимен манастир во селото Горно Лакочереј.

Други старини се во самото село на месностите Гробишта и Црква. Тие се наоѓаат во непосредна близина едно со друго. Биле пронајдени остатоци од стари христијански гробови и од црква.

Денешната населба настанала во првата половина на XIX век (околу 1830 година), која ја основале три словенско-христијански домаќинства. Од нив потекнуваат денешните селски родови.

Во XIX век, Вапила било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

Родовите кои се населиле дошле на три турски чифлици, каде работеле до 1912 година. Сопствениците на чифлиците живееле во Охрид. Во селото се наоѓала и нивна кула.

До 1945 година сите селски куќи се наоѓале една до друга, бидејќи селото било само во тесната долина. Меѓутоа, поради поплавите на реката Вапилица, селото добило разбиен тип.

Стопанство

Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Улица низ селото

Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 308,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат 312,7 хектари, а шумите 84,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство, бидејќи селото поседува и ниви и планински терен. Најмногу се одгледувале кози и говеда, а во помала мера овци и коњи. Меѓутоа, сточарството денес е целосно напуштено. Исто така, и земјоделството не е развиено како порано, па многу ниви околу селото може да се забележат дека се напуштени.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948268—    
1953303+13.1%
1961314+3.6%
1971285−9.2%
1981249−12.6%
ГодинаНас.±%
1991161−35.3%
1994124−23.0%
2002112−9.7%
202172−35.7%

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 40 домаќинства и 132 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вапила живееле 64 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вапила имало 64 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вопила е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.

Во 1961 година, селото броело 314 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 124 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Вапила живееле 112 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци, 1 Србин и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 64 64 268 303 314 285 249 161 124 112 72

Родови

Вапила е македонско православно село.

Родови се:

  • Доселеници: Николовци или Шандаковци (22 к.), доселени се од некое село во околината на Пешкопеја, го знаат следното родословие: Неде (82 години во 1979 година) Ристо-Никола-Цветан, основачот на родот кој се доселил во 1830 година; Климовци (23 к.), доселени се кога и Шандаковци од селото Велестово и Милевци или Шмаговци (5 к.), доселени се кога и претходните два рода од селото Враништа.

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:

  • Доселеници: Шандаковци (18 к.), доселени се околу 1820 година од Долен Дебар (околината на Пешкопеја) во Албанија. Кога дошол во селото основачот на родот затекнал само една куќа од Блажевци; Климовци (6 к.), доселени се околу 1830 година, од некое место во Матија во Албанија; Грацковци (4 к.), доселени се околу 1850 година од градот Охрид. Затоа се викаат Грацковци; Трајковци или Жожоловци (3 к.), доселени се во 1857 година од селото Куратица. Таму припаѓале на родот Жожоловци; Шмаговци или Милевци (4 к.), доселени се околу 1860 година од селото Свиништа. Таму припаѓале на истоимениот род; Рочовци (5 к.), доселени се во 1888 година од селото Свиништа. Таму имале истоимени роднини; Илијовци (1 к.), доселени се во 1865 година од селото Скребатно; Лазаровци (1 к.), доселени се во 1912 година од селото Злести во Дебрца. Некое време биле и во Ливоишта и Мерковци (1 к.), доселени се во 1942 година од селото Сирула.

Општествени установи

Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на старата училишна зграда во Вапила
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Косел.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Косел.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото Вапила, се наоѓале и селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Плаќе, Расино, Речица, Свиништа, Сирула и Косел. Во периодот 1950-1952, исто така, постоела општината Косел, во која влегувале селата Вапила, Косел, Ливоишта, Расино и Сирула.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1337 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Расино.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 82 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Вапила: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед на главната селска црква „Св. Недела“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Редовни настани

    Слави
  • Првата недела пред Велигден — постара слава
  • Стара недела (20 јули) — понова слава
    Народни собири

Личности

    Родени во Вапила

Култура и спорт

  • ФК Борец — фудбалски клуб од Вапила, првак на Општинската фудбалска лига - Охрид во сезоната 2008/2009

Иселеништво

Се знае за следните иселени родови од селото: Кросновци (20 к.) и Вапилци (10 к.), живеат во Косел; Дировци (20 к.) и Стевовци (5 к.), живеат во Горно Лакочереј; Танковци (10 к.) и Анѓелоски (7 к.) во Ливоишта; Димовци (1 к.) во Подмоље. Во минатото родот Ќечовци се иселил во струшкото село ’Ржаново.

По Втората светска војна, од селото се иселил голем број од населението.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Вапила Географија и местоположбаВапила ИсторијаВапила СтопанствоВапила НаселениеВапила Општествени установиВапила Самоуправа и политикаВапила Културни и природни знаменитостиВапила Редовни настаниВапила ЛичностиВапила Култура и спортВапила ИселеништвоВапила НаводиВапила ПоврзаноВапила Надворешни врскиВапилаОпштина ОхридОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Хајди (роман)Демократи (политичка партија)Рајко ЖинзифовДемократска обнова на МакедонијаМакпетролЃурѓовденВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаРак на желудникПростатаНародна Република МакедонијаГемиџииТумор на мозокВанчо МихајловПертусисСојузници во Првата светска војнаДемографија на МакедонијаКрпен животМакедонски БродХалк банкаВагинален исцедокМртво МореОпштина ПласницаСписок на македонски зборови од турско потеклоЗагадување на воздухотФК Реал СосиедадОксидационо-редукциона реакцијаФранцијаУстав на МакедонијаГрегоријански календарДаут ХарадинајБлогКалиум перманганатВлада на Љубчо ГеоргиевскиРамазанТодор АлександровЛокални избори во Македонија (1996)Витамин Б6О писменехГаличникМасакрот кај ВејцеПарадоксот на ДиогенБојан ЈовановскиМочуриштеПанко БрашнаровАнтонијо МилошоскиИсторија на Македонија (1991 - денес)Велики четвртокАли АхметиБитолаПовикот на дивинатаЛешокТромбоцитопенијаФатмир БесимиКоле НеделковскиГоран СтефановскиБрадикардијаДржавни празници во МакедонијаМакедонски претседателски избори (1994)Константин МиладиновХристијанствоВоен конфликт во Македонија, 2001Артан ГрубиСобрание на МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017)ВодноУпад во Собранието на Македонија (2017)ПтициВоен конфликт во Македонија (2001)Македонски претседателски избори (1999)Јордан КамчевГлавна страницаЉубчо ГеоргиевскиМакедонски парламентарни избори (1994)Сашко КедевПолскаПавле АрсоскиРевматоиден артритис🡆 More