Велгошти: село во Општина Охрид

Велгошти — најголемо село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град.

Велгошти
Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Панорамски поглед на селото

Велгошти во рамките на Македонија
Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Велгошти
Местоположба на Велгошти во Македонија
Велгошти на карта
Координати 41°7′57″N 20°50′12″E / 41.13250° СГШ; 20.83667° ИГД / 41.13250; 20.83667
Регион Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Југозападен
Општина Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Охрид
Област Охридско
Население 3.141 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19006
Надм. вис. 727 м
Слава Петковден Летен
Мреж. место Велгошти
Велгошти на општинската карта
Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Велгошти во рамките на општината
Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Велгошти на Ризницата

Потекло на името

Првото споменување на името е во Слепченскиот кодик во XVI век.

Најверојатно етимологијата на името „Велгошти“ е прасловенска и доаѓа од *velьjь = голем, и *gostъ = гостин или големи, значајни гости. Слични имиња на села и реки има во Русија (Велегощи, Вельгош), Чешка (Велихошт, Velihošt), Албанија (Велагошти, Velagošti) и Грција (Велигости, Βελιγοστή).

Легенда

Меѓу првите жители на селото бил и сточарот Веле, кој одгледувал кози и овци. Покрај неговата колиба поминувал патот од Охрид за Ресен и кај него редовно навраќале трговци и други намерници. Меѓу себе, но и со други, велеле дека дека „Веле гоштева“, со што со тек на време дошло до денешната форма на селото „Велгошти“.

Географија и местоположба

Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид, во североисточна насока, и од патот Охрид-Ресен, па затоа припаѓа на рурбалната зона на градот. Атарот на селото се издига до сртот на Петринска Планина, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен. Селото е рамничарско-ридско, на надморска височина од 727 метри.

Велгошти претставува најголемо село во Охридско. Се наоѓа во непосредна близина на градот Охрид. До крајот на Втората светска војна, сите куќи биле збиени и без некој особен ред во подножјето на стрмниот карпест отсек. Меѓутоа, во поново време, селото добило нови жители, чии куќи се изградени на рамнината покрај патот Охрид-Ресен. Поради тоа може да се каже дека е рамничарско село со современи куќи.

Денес, селото припаѓа на приградската зона на градот Охрид. Поради ширењето на селото, истото ја загубило својата земјоделска функција. Најголемиот дел од жителите работат во индустријата.

Во селото постојат пет маала: Давидовци (најстаро), Баракоа, Горно, Средно и Долно.

Се наоѓа на подножјето на планината Петрино и е познато по природната околина. Поголемиот дел од населеното место е расположено на падините и во подножјето на ридовите: „На пљуска“, „Горни лозја“, „Црвени Камчиња“, „Олмец“, „Костeње“, „Турски Гробишта“ и „Чардак“. На запад, југозапад и на североисток селото е отворено кон Охридската Котлина.

Поради тоа што селото е сместено на Коселскиот Расед, во селото може да се сретнат поствулкански појави, како што се мофетите.

Историја

Постарите мештани кажуваат дека селото не се наоѓало на денешната положуба, туку во месностите Самој Куќи и В. Илинец. На овие места и денес се наоѓаат остатоци.

Првите податоци за селото се објавени во книгата на Б. Нушиќ од 1894 година, кога во селото имало 200 куќи, од кои 20 турски. Тогаш, се споменуваат и старата црква „Св. Пантелејмон“ (позната и како „Св. Климент“) и два манастири. Над селото се наоѓал манастирот „Св. Илија“, додека на пониска положба се наоѓал манастирот „Св. Петка“, ѕидан од камен.

Во XIX век, Велгошти било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

За потребите на турското население, во селото постоела џамија, која денес е срушена. Од 1903 до 1912 година, сите Турци се иселиле во самиот град Охрид.

Во текот на Илинденското востание, селото било запалено. По пожарот, куќите биле обновени, но со послаб материјал. При земјотресот во 1911 година, куќите во селото повторно биле оштетени. Состојбата во селото била влошена и со отпочнувањето на Балканските војни и на Првата светска војна.

Во манастирот „Св. Петка“ во селото на 6 јули 1901 година била создадена првата востаничка чета во Охридско.

Стопанство

Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Пештера во близина на селото

Атарот зафаќа простор од 17,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 790,1 хектар, на шумите отпаѓаат 584,3 хектари, а на обработливото земјиште 359,3 хектари.

Селото, во основа, има мешовита функција.

До крајот на турската власт, мештаните живееле од тоа што сечеле дрвја на планината и нив ги продавале во градот Охрид. Исто така, чувале голем број на стока, особено овци и кози.

По Втората светска војна, занимањата на селаните се промениле. Една половина од селото работи во градот Охрид, а другата половина отишла на печалба во странство.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.284—    
19531.401+9.1%
19611.553+10.8%
19711.677+8.0%
19812.131+27.1%
ГодинаНас.±%
19912.382+11.8%
19942.241−5.9%
20023.060+36.5%
20213.141+2.6%

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 190 домаќинства и 540 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велгошти живееле 1.220 жители, од кои 1.190 Македонци христијани и 30 Македонци-муслимани. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велгошти имало 1.140 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велгоште е претставено како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 183 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.

Селото е големо, со значителен пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 1.558 жители, од кои 1.533 биле Македонци и 14 Албанци, а во 1994 година бројот се зголемил на 2.241 жител, од кои 2.210 биле Македонци, 8 Власи, 6 Срби и 3 Роми.

Според пописот од 2002 година, во селото Велгошти живееле 3.060 жители, од кои 3.002 Македонци, 10 Власи, 8 Срби и 40 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 3.141 жител, од кои 2.673 Македонци, 6 Албанци, 2 Турци, 6 Роми, 8 Власи, 6 Срби, 46 останати и 394 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.220 1.140 1.284 1.401 1.553 1.677 2.131 2.382 2.241 3.060 3.141

Родови

Селото Велгошти е македонско православно, со исклучок на еден муслиманско-торбешки род. Поради својата близина до Охрид селото константно добива нови жители и полека почнува да наликува на охридска населба. Во Велгошти населението може да се подели на староседелци, постари доселеници и понови доселеници.

Родови во селото Велгошти се:

  • Староседелци се: Буџаковци, Чинговци (од овој род е Живко Чинго), Настевци, Кочевци, Калачовци, Панџаковци, Шапкаревци, Крлевци, Ристевци, Љатковци, Милевци и други. Сите родови заедно имаат околу 300 куќи.
  • Родови доселени во текот на османлиското владеење се: Шибаковци, Шиковци и Шукаровци, заедно имаат 15 куќи и потекнуваат од заеднички предок кој дошол од селото Велмеј; Белевци (5 к.) доселени се од селото Велестово и Речковци (5 к.) доселени се од селото Речица.
  • Родови доселени после Втората светска војна, доселени се од разни села во разни региони, досениците се од следните региони:Дебарски Дримкол (60 к.), Струшка Малесија (60 к.), Дебрца (30 к.), Кичевско (15 к.) и Битолско (7 к.).

Торбешки род е: Торбеши (3 к.), доселени се од некое село во Струшко.

Општествени установи

Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Основното училиште „Живко Чинго“ во селото

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велгошти, се наоѓале и селата Велестово, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Велгошти, во која влегувале селата Велгошти, Лескоец, Рамне и Скребатно.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1298, 1298/1 и 1305 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.005 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Главната селска црква „Св. Климент“ со селските гробишта
Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Велгошкиот манастир „Св. Петка“
    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
  • Црква „Св. Климент“ — главната селска и парохиска црква, изградена во 1882 година;
  • Црква „Св. Димитриј“ — еднокорабна црква изградена во 1982 година на стари темели;
  • Црква „Св. Недела“ — камен-темелник осветен и поставен во 1981 година, а осветена е во 1987 година;
  • Црква „Св. Илија“ — манастирска црква, изградена во 1937 година. Фртескоживописот и иконостасот се изработени во 1946 година, од страна на зографот Рафе Коловски од Лазарополе. Возобновена е во 1970 година;
  • Црква „Св. Преполовение“ — камен-темелник осветен и поставен на 25 мај 1974. Осветена е во 1975, а реосветена 20 години подоцна;
  • Црква „Св. Богородица“ — пештерна црква од XV век. Во 1991 година била опожарена, но се градела во периодот од 1991 - 1994 година и на 21 мај 1994 била осветена;
  • Стара Црква „Св. Никола“ — манастирска црква. Градена во почетокот на XX век;
  • Нова Црква „Св. Никола“ — манастирска црква. Камен-темелникот е осветен и поставен на 22 мај 1995 година, а осветена е на 20 мај 2007 година;
  • Црква „Св. Петка“ — манастирска црква. Се наоѓа на ридот Олмец. Изградена е со амин на туркиот султан во 1890 година; и
  • Црква „Св. Петар и Павле“ — најновата црква. Зографисана е во 2010 година.
    Манастири
    Споменици
  • Споменик на паднатите за слобода — споменик во чест на жртвите од Втората светска војна. Откриен бил на 2 август 1973 година.
  • Спомен-плоча во чест на 80 години од создавањето на Првата востаничка чета во Охридско. Била откриена на 22 јули 1981 година;
  • Споменик на стреланите велоштани — споменик посветен на стреланите велоштани во 1913 година од страна на српскиот окупатор; и
  • Биста на Живко Чинго — биста пред платото каде се одржува Вечерта на Живко Чинго.

Редовни настани

    Слави

Личности

Велгошти: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Биста на Живко Чинго во селото
    Родени во Велгошти
  • Иван Шапкаров (1868-1903) — македонски револуционер
  • Христо Трпев (1872-1903) — македонски револуционер
  • Христо Лапајков (1873-?) — македонски револуционер
  • Ламбо Мургов (1878-1946) — македонски револуционер
  • Христо Ангелов (1880-?) — македонски револуционер
  • Лазар Стефанов (1881-1903) — македонски револуционер
  • Антон Шибаков (1883-?) — македонски револуционер
  • Пејчин Анастасов (1886-1940) — македонски револуционер
  • Ѓорѓи Ковачев (1892-1945) — воено лице, командант на Четвртата Преславска дивизија на Бугарската армија
  • Аце Мургов (?-1903) — македонски револуционер
  • Секула Бунташоски (1909-1941) — партизан, учесник во НОБ
  • Трајан Буџакоски (1922-1944) — партизан, учесник во НОБ
  • Драган Вретоски (1923-1945) — партизан, учесник во НОБ
  • Секуле Арнаудоски (1924-1945) — партизан, учесник во НОБ
  • Бранко Вретоски (1925-1945) — партизан, учесник во НОБ
  • Јонче Шапкарев (1926-2008) — македонски биолог и универзитетски професор
  • Илија Шапкарев (р. 1931) — македонски математичар
  • Живко Чинго (1936-1987) — македонски писател
  • Ристо Шапкар (р. 1931) — македонски политиколог, стопанственик и фотограф
  • Никола Крлески (1937-2012) — македонски правник, поранешен уставен судија
  • Никола Речкоски (р. 1937) — македонски математичар
  • Весела Мукоска Чинго (р. 1945) — македонски правник
  • Мирјана Секуловска (р. 1960) — македонски политичар, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
  • Марјан Ристески (р. 1971) — зограф
    Починати во Велгошти
  • Димитар Иванов — македонски револуционер и учител

Култура и спорт

  • ФК Илинден 903 — фудбалски клуб од селото, кој денес не работи. Со натпреварот одигран на 24 јуни 1979 година помеѓу овој клуб и клубот „Младост“ од селото Вапила со резултат од 134:0, клубот е запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Иселеништво

Постари иселеници од селото се наоѓаат во охридското село Долно Лакочереј (Трајковци, 8 к.; Пидановци, 13 к. и Прдуловци, 20 к.).

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Велгошти Потекло на иметоВелгошти Географија и местоположбаВелгошти ИсторијаВелгошти СтопанствоВелгошти НаселениеВелгошти Општествени установиВелгошти Самоуправа и политикаВелгошти Културни и природни знаменитостиВелгошти Редовни настаниВелгошти ЛичностиВелгошти Култура и спортВелгошти ИселеништвоВелгошти ГалеријаВелгошти НаводиВелгошти ПоврзаноВелгошти Надворешни врскиВелгоштиОпштина ОхридОхрид

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

КуранСписок на хемиски елементиШведскаПрост бројЗевсСписок на главни градови во ЕвропаТуберкулозаЛокални избори во Македонија (2017)СтрумицаСтојанче АнгеловПрва помошОпштина ПрилепКорабТашко ГеоргиевскиСписок на главни градови во светотРомбАјкулаЃорѓи СугаревНова годинаПопис на населението во Македонија (2021)РибиСтрептококен фарингитисЛидија ДимковскаСкратеници во македонскиот јазикСоединети Американски ДржавиМакедонски парламентарни избори, 2011СкопјеМакедонска крвава свадбаПретседател на МакедонијаТешкотоГликемијаХепатит ЦСмртност на доенчињаStaphylococcus aureusНезависносложени реченици во македонскиот јазикКоличникСписок на културно наследство на МакедонијаРимска кујнаКичевоРак на желудникПартија за целосна еманципација на РомитеБратиславаТетовоПчелиСтојан АндовПоумКамен мост (Скопје)Римска уметностКанадаМухамедПавле АрсоскиОптичка мамкаМенструален циклусСелциНАТОСписок на држави и територии во ЕвропаНаум НаумовскиЦрвен крст на МакедонијаЖивко ЧингоБаза (хемија)Општина СарајТешкото (песна)ЧовекЧленконогиМултипла склерозаЗатемнување на СонцетоСоцијалистичка Република МакедонијаМакедонски претседателски избори (2024)ГлаголицаМакедонски јазикЈосип Броз-ТитоЛабуништаЗбаждиЕгипетЃурѓовденМакедонски парламентарни избори, 2014Владимир Илич Ленин🡆 More